Гласање за изгледот на новата фасада на Владата на РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
АНКЕТА: Идејни решенија за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија

Почитувани граѓани,

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за изнаоѓање на идејно архитектонско решение за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија кој вклучува обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата.

На огласот, согласно Законот конкурираа пет понудувачи, кои понудија решенија.

Од причини што се работи за проект и решенија кои беа надвор од Програмата за работа на Владата, која беше усвоена од Собранието на Република Македонија, ние сметаме дека овие решенија или потребата од истите, треба да биде дадена на финална оценка и потврда од страна на граѓаните. Таа оценка ќе биде од значајна корист и за стручната комисија при натамошните постапки.

Ве молиме да се произнесете на следново прашање во врска со проектот.

Кое од понудените идејни решенија најмногу Ви се допаѓа и е соодветно да се реализира во периодот од 18 месеци?

5 предлози,видео за секој предлог...

>> ГЛАСАЊЕ<<
 
3 и 4 веднаш ги отфрлив. Едното затоа што едноставно не одговара да биде зграда на вада туку повеќе му прилега на некој објект како МКЦ на привер, второто затоа што ме подсеќа на градби од 80 те години од минатиот век а најногу на Библиотеката во Приштина.
1 е премногу натрупано и премногу различно од досегашното решение , плус мислам дека е многу скапо решение и невозможно да се реализира во дадениот рок.
Ми останаа решение 2 и 5, на крај се одлучив за 5 најмногу затоа што не сум љубител на целосно стаклени објекти и мислам дека брзо ќе излезат од мода. Предлогот 5 нуди некое компромисно решение според мое мислење со подолг „рок на траење„
 
А само кога ќе помисли чоек дека се е средено во државава и аналогно на тоа, во животот негов, ете ти проблем.

Мора да се „отспие“ оваа одлука. Не е зезанција.
 
Ако се изберат 1 или 5, а се така ми се чини ќе треба доброволци за бомбаши самоубијци. Мене искрено 2 варијанта ми е најпривлечна. Гледам сега според гласовите води број 1. Неверојатно!
 
Гласав за 1.. од едноставна причина, 3 и 4 ми се премогу прости и не личат за влада,едниот делува како трговски центар,вториот како некој деловен објект.. 2-ката ми е ОК,ама на таквиот стил бргу му поминува времето, за 20 години ќе биде исто грдо како што е денешнава фасада.. a 5-ката..па може и она.. најавтентично е на денешнава..ама што знам.. не сум љубител на стаклени фасади,поише сум по класика :P
 
Иако мојот глас нема да ја смени веќе донесената одлука а тоа е се разбира решение бр 1. си гласав за решение бр 2, најнормално ми изгледа по мој вкус.
 
2-ката ми е ОК,ама на таквиот стил бргу му поминува времето, за 20 години ќе биде исто грдо како што е денешнава фасада..
Нема ако се одржува. ;)

Eeх Цитро, вака да почнеше од почеток проектот, да беа разгласани конкурси за секој летниковец, секој столб и секоја торта па потоа да ги презентираа проектите, и кур да имаше на фасадите немаше да се буни никој. ;)
намбр 1:Премногу натрупано и воопшто не се познава дека тоа е сегашната Влада.Ама овој е во игра кај нив бидејќо сакаат да бидат како другите Влади во светот кој имаат вакви згради, ако тие згради се изградени пред 100 а не пред 2 години.;)
намбр 2:Овој највеќе ми се свиѓа.Најмногу личи на сегашната состојба а фонтаните ми се одлични.
намбр 3:Немам коментар. :facepalm:
намбр 4: Немам коментар. :facepalm:
намбр 5: Овој има најголеми шанси за победа кај нив.Мене ми е многу wtf.Цела фасада во стакло и врз него само да ставиш гипсани рамки!?

btw Сите рендери се катастрофа.
 
Филипчо,конкурси имаше,само немаше вака гласање по интернет..а архитектите си доставуваа свои проекти , и од нив се избираше.. само за музејот имаше негде над 6-7 предлози од најразлични архитекти.
 
Наместо да го реновираат собранието кое личи на концертна сала од 19 век, они за владата се фатиле... :tapp:
 
Филипчо,конкурси имаше,само немаше вака гласање по интернет..а архитектите си доставуваа свои проекти , и од нив се избираше.. само за музејот имаше негде над 6-7 предлози од најразлични архитекти.
А имаше некаде јавна презентација на тие проекти?

Наместо да го реновираат собранието кое личи на концертна сала од 19 век, они за владата се фатиле... :tapp:
И него го реновираат и погоди шо ќе му стават.........куполи.
 
Нема ако се одржува. ;)

Eeх Цитро, вака да почнеше од почеток проектот, да беа разгласани конкурси за секој летниковец, секој столб и секоја торта па потоа да ги презентираа проектите, и кур да имаше на фасадите немаше да се буни никој. ;)

Сигурен си?

Иако мојот глас нема да ја смени веќе донесената одлука а тоа е се разбира решение бр 1. си гласав за решение бр 2, најнормално ми изгледа по мој вкус.
 
Ме боли долниов како ќе изгледа фасадата на владата,ко да е тоа битно у живот, Божее Петраа..
 
Ме боли долниов како ќе изгледа фасадата на владата,ко да е тоа битно у живот, Божее Петраа..

па зашто ондак пишуеш на ваква тема?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom