Почина Киро Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Треба да земаме часеви за нова историја, за многуина овде непозната. Ако не беше Киро во тоа време на војни и затворање на граници Македонија лесно ќе беше во војната од 1991. Ама ајде простено ви е, вие сте новите историчари на Македонија, сета ја разбирате!
 
Баш ме интересира денешниве кафански патриоти како би се справиле да се на местото на Глигоров во 1991.Тогаш не делеше еден испукан куршум од војна.
 
Вечна му слава...
Единствено ние се отцепивме од СФРЈ без воени зафати ...
 
Свака му част. Да починеш на скоро 95, и тоа во сон... е благослов.

Не го паметам многу од времето, пошто бев мал тогаш, ама од снимки и интервјуа потоа, гледам дека бил умерена личност и пацифист.
Посебно го ценам по случката (ако било така) со милионот долари кои ги одбил за да се согласи да го смени името за постојано.
Замерката ми е што потклекна под притисокот за смена на знамето и Уставот, меѓутоа сметам дека го правел најдоброто што можел во тој момент, со најдобри намери кон државата, нејзиниот суверенитет и добробитта на граѓаните.

Слава му.
 
Лесна ти земја Киро .

Лаички е да се кажит дека тој беше потполно одговорен за промената на името и знамете и дека не бевме приморани да го направиме тоа за признание на меѓународната сцена.
 
Убава живеачка, убави години проживеал! Нека почива во мир и вечна му слава! Сепак е прв македонски претседател на независна Македонија!
 
Лесна му земја, прав беше.
Почивај во мир Кирца.
 
А да се олабави од дневно-политички препукувања на темава и да се остави место на тие што сакаат да изразат сочувство за починатиот, може ли?

Лесно е во 2012 да збориш за 1991. Првиот што загина во војната беше Македонец од Кавадарци, да знае како беше морничаво во тие мигови немаше ова денес да го бамкаат. Но тогаш беа во пелени или не ни беа родени па зборуваат. Ако немавме политичар од тој ранг ние денес ќе зборевме за многу изгубени животи, но еве да има што да се јаде, бубрези од вол.

Да не ги цитирам сите други (многу се), еве одговоров за тебе нека важи и за нив:
- Сите што мислите дека имате релевантни податоци и факти за било кој дел од животот и дејноста на Киро Глигоров повелете на темата што за него ја отворив на подфорумот историја.

Киро Глигоров (1917-2012)
 
I zname dade i so Branko se privatiziraa i da togasna Jygoslavija go stavi da bide pretsedatel na nasava zemja,fakticki vodese politika ista kako vo Jugoslavija koga sakase da smeni nesto odma skinaa Sbite ,a moze i bese nivni spion
Поголеми глупости неможеше да треснеш.

Нека почива во мир, ми беше жал што за 20 години независност не го испоштуваа доволно, а требаше.
 
Живеете во ера на интернет технологија користите малку google животот и делата на еден човек не се оценуваат од изјавата на YouTube,малку барем достоинство и почит према мртвите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom