Почина Киро Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лесна му земја,вечна му слава.
 
Почит за првиот претседател, човек кој мораме да признаеме дека имаше огромно влијаните во организацијата на независна Македонија, и човек кој успеа да не раздели од СФРЈ без војна.. веројатно ќе бидат запаметени и неговите изјави дека ние македонците сме чисти словени и тн. меѓутоа човекот останува икона во поновата историја на Македонија... почивај во мир!
 
Голем политичар, дефинитивно. Па дури и во изјавата за Словените имаше политичка маестралност. Сепак за некои работи треба да помине време пред да се оценат. Почивај во мир, Претседателе.
 
нели тоа со косоварите беше дело на Борис ??

Кога се работи за Борис - немал избор. Кога се работи за Киро - предавник е.

Срамота е што на ваква тема се расправате, менталитет балкански неискоренет, дебатирајте си по други теми, оваа тема е повеќе tribute.
 
Се појавија изродите, следбеници на онаа фамозна партија на македонско "национално единство", да му замерат на човекот кој има постигнато како никој во државава.

Киро беше член на НОВ, АВНОЈ, АСНОМ, беше од оние кои донесоа одлука да се спроведе референдумот за независност на Македонија, успеа да ја отцепи Македонија од поранешна Југославија без војна. Го одби предлогот на Австрија, Македонија да се преименува во Централна Балканска Република.
Ама океј, луѓето се фатиле за таа референца, без која денес ќе бевме Косово број 2 на Балканот, а големите горди антички потомци на Александар ќе се криеја по планините и ќе организираа паравојски, КФМ, ФФМ, РФМ ќе живееа само со желба да настапуваат на некое ебано меѓународно првенство, ќе живеевме среќно со нашите добронамерни соседи.

„Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“. - Киро Глигоров.

RIP Претседателе.
 
Утре е ден на жалост, си заслужува човекот.
 
Отиде и првиот словен што ги насели овие простори на денешна Македонија. Воедно го држеше и рекордот за најбрзо препливување на Дунав. Ах Киро без тие киксови ќе беше уште поголема легенда од тоа што си сега.

Нека почива во мир.
 
ПРед да рикне горе-споменатиот ,коа ке се спомнеше Киро,се најлошо се збореше.Сеа откако рикна го направија Светец!Класично лицемерие.Инаку шо се мене тиче исто ко да умрел било кој постар чоек.Никаков респект према него и пошто за мртвите нели се најдобро сеа нема да почнам да кажувам што се мислам за него...
 
Жалосно е како смртта на овој човек ве подели до толку да се натпреварувате кој кого повеќе ќе навреди. Кулирајте малку ебаве беља, секој си има право на став.
 
Почивај во мир.

Ќе го памтам како многу плашливо човече.....со кичма која ја виткаше за секакви потреби....како за онаа "дека сме словени од VII век".

Од друга страна пак.....ова човече знаеше многу тајни....ама и кога ги кажуваше...(како онаа со куферчињата на Фрчко) сите го правеа луд,стар и сенилен дедо.
 
ПРед да рикне горе-споменатиот ,коа ке се спомнеше Киро,се најлошо се збореше.Сеа откако рикна го направија Светец!Класично лицемерие.Инаку шо се мене тиче исто ко да умрел било кој постар чоек.Никаков респект према него и пошто за мртвите нели се најдобро сеа нема да почнам да кажувам што се мислам за него...

Пред се, како и секој друг човек а потоа и како политичар и Киро Глигоров имаше киксови, мислам дека тоа сите можат да го разберат. Иако беше плашлив и малку несигурен во себе сепак успеа да ја оддели Македонија од Југославија без војна и без илјадници војници и цивили да ги загубат своите животи. Можеби околностите биле такви што морал да носи одлуки кои истовремено би биле добри и лоши за Македонија, но човекот преземал одговорност и го сторил тоа што сметал дека во тоа време е најдобро за интересите. Тоа што ја прифати привремената референца и измените на знамето и уставот ни се враќа сега како бумеранг да, но сигурно не и било лесно на првата влада негова да се справува со неколку големи проблеми во исто време, војна со довчерашните "браќа", ембарго од Грција, влез во ОН итн. Не треба да се критикува некој човек за неговите постапки ако предходно на свој грб ја немаме почувствувано тежината како е да се носат одлуки кои ќе влијаат врз животите на 2 милиони луѓе. Можеби тие одлуки на биле најдобри, можеби некој друг на негово место тогаш ќе донел подобри одлуки, но тоа е тоа, човекот се нашол во тоа време и во тоа место и морал нешто да одлучи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom