Почина Киро Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Македонија под негово водство беше единствената која помина без војна за време на распадот. За тоа богами треба да му се заблагодариме. Ние една транзиција не можеме да ја поминеме 20 години, па уште војна да имаше коњски коли ќе возевме сега.
За се останато што го обвинувате, кој и да беше немаше избор.

Не е ни важно веќе. Нека почива во мир човекот, направи доста и преживеа многу за сето време.
 
Нека почива во мир првиот претседател на независна Македонија.
За неговите потези од кој некој се позитивни а некој не сепак би коментирал на темата отворена на подфорумот ИСТОРИЈА и мислам дека таму е најдобро да се расчистат некој работи. На оваа тема сепак би требало да има помалку иронија, црн хумор и навреда. Претпоставувам дека барем до толку не научиле од дома.
 
Сигурно и во 1991 година поголем дел од Македонскиот народ бил спремен за војна и би се жртвувал само за да ја зачува Македонија.Не збори на памет само..

 
Лесно е во 2012 да збориш за 1991. Првиот што загина во војната беше Македонец од Кавадарци, да знае како беше морничаво во тие мигови немаше ова денес да го бамкаат. Но тогаш беа во пелени или не ни беа родени па зборуваат. Ако немавме политичар од тој ранг ние денес ќе зборевме за многу изгубени животи, но еве да има што да се јаде, бубрези од вол.
momento koga nasiot vojnik od demonstrantite( ustasi) javno e poguben
kolku za informacija na pomladive clenovi vo tekot na krvavite sudiri vo Jugoslavija javno i preku razglas bile maceni lugje tolku detalno sto duri im se soopstuvalo sto im pravat. i na kraj istite kako lesevi bile trampani za drugi lesevi.Mirot e skapocen cenetego .
 
Леееееле!
Киро!
Нееееееееееееееееееее!! *echoes*
 
Убаво е да се оддаде почит на загинат поготово на ваква личност. Ама да се велича дека е голем човек ? Па идентитетот ни го смени, неможам да се гордеам со ваква личност... Како и да е почивај во мир!
 
Нека му е лесна земјата. Почивај во мир.
 
Времето ќе покаже што политичар бил можеби некој му се лутат што ја потпишал времената спогодба или што и даде на ЈНА да земе се од Македонија.
Но тој бил политичар размислувавл што може да се случи ако се направи спротивното многу е лесно да се запали народот со национализам среќа што и Глигоров не беше како Милошевич,Изербегович или Туџман ќе имаше крв и овде.
Иако човекот си бил голем Југословен како и овој народ кој кога беше Југославија немаше поголеми југословени од нив но мора да се признае дека беше еден од најдобрите политичари во Македонија.
 
Нека почива во мир и вечна му слава.

Што се однесва до коментарите за неговите заслуги, поради политички мотиви тешко некој можат објективно да го отценуваат. Надвор беше многу ценет и спред огласите сега после смртта може да се види колку е ценет.
 
Нека му е лесна земјата !

Киро е еден од ретките на нашава политичка сцена кој може да се нарече вистински политичар,другите скоро сите се само профитери.

Дека правел грешки,правел ама без задни намери,го правел тоа што мислел дека е најдобро за неговата држава а не тоа од кое највеќе материјално би профитирал.
99% од сегашниве политичари да беа на негово место за 3-4 години ќе станеа најбогатите луѓе во Македонија,па и пошироко.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom