ЕП во ракомет 2012 - група Д (Вршац)

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrooper
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Листа на Стрелци негде да не има?гледав само почетните минути кога беа 7-7 ,Домагој , Ласковиц и Штрлек даваја голови
 
Тешка победа на Хрватите, оваа ќе биде неизвесна група иако Норвешка и Хрватска победија.
 
Штрлек 8/8 :cuc:
Е тоа е голема репрезентација и големи играчи, цела утакмица скоро губеа, и последните 3-4 минути ги отворија. Алиловиќ зверотиња, какви топки им фати само и колку зицери.
 
Сигурдсон ги истури хрватите ама од 45та минута натаму ниеден гол не даде и тепа Хрватска.

Мило ми е за хрватите, само така па да играме финале едни против други :)
 
Тешка утакмица денес,многу тешка.Се гледа дека Голуже е антиталент.Ваква неуиграност и во одбрана и во напад ретко се гледа.Јест да Исланд не е кој било,но оваква неуиграност не носи медал.Тепаа на мускули што се вика........целосно на индивидуална квалитета.Е сега чим тепаш еден Исланд поради индивидуалците тоа кажува нешто.Оваа екипа има страшен потенцијал ако му се даде на прав тренер.Голужа тоа не е.Исландскиот тренер му одржа лекција како треба да изгледа една екипа,како да се поставував 6-0 и 5-1 одбрана и како изгледа екипа што има уиграни варијанти во нападот.Тоа што Хрватска го играше беше силување и мачење,само игра 1 на 1 ако потегнат играчите (е сега тука Хрватска ги има најдобрите играчи на светот што знаат да стигнат до 6 метри).Штрлек и Алиловиќ се правите херои на оваа утакмица.Едниот 8 од 8 реализација и тоа без ниту еден пенал,а другиот сам ја извади Хрватска.Прв пат такво нешто да и се случува на Хрватска,голманот да ја вади и тоа тој да биде Алиловиќ.16 одбрани и 44% фатени топки !!!!
 
Едно големо браво за Хрватска.Цело време губеа и на крај со пресврт дојдоа до победа.Клучен момент на натпреварот пеналот над Ивано Балиќ на истекот од последната минута,со тоа Хрватска се одлепи на +2 и тоа беше крај за надежите на Исланд.
 
Во кој моменти ги спаси зверот Мирко само, чисти зицери кога имаа играч помалце, кога така брани голман сигурно дека ќе победиш, баш кога требаше да се одлепат Мануел беше тука да ги врати во игра.Не знам како ќе биде понатаму, стартот секогаш е тежок за сите но очигледно Голужа е најслаба карика во тимот.
 
Изгледа на првенствово нема слаби екипи,сите играат сите се борат така и ќе биде до самиот крај..Искрено се изненадив коа видов дека Словенија изгубила еден разлика..
 
Кога ги гледам Хрвативе како се вадат во последни две минути исто како Германија да игра... Исланд прикажа феноменална брза игра, брзи и лесни голови на контри посебно во прво кога Хрватите на бековска и центарска позиција беа спори и очајни... Штрлек и Балиќ ги спасуваа од повисока негатива.. За понатаму сеуште мислам дека Хрватите ќе загубат еден дуел или со Норвешаните или со Словенците мислам дека ја немаат онаа свежина од пред 3-4 години...
 
Кога ги гледам Хрвативе како се вадат во последни две минути исто како Германија да игра... Исланд прикажа феноменална брза игра, брзи и лесни голови на контри посебно во прво кога Хрватите на бековска и центарска позиција беа спори и очајни... Штрлек и Балиќ ги спасуваа од повисока негатива.. За понатаму сеуште мислам дека Хрватите ќе загубат еден дуел или со Норвешаните или со Словенците мислам дека ја немаат онаа свежина од пред 3-4 години...
Напротив,сега имаат свежина.Никогаш оваа ширина не ја имале.Порано се знаеше Метличиќ,Балиќ,Лацковиќ Џомба и Вори.....едно солидно крило што игра и во одбрана добро (Калеб) и дефанзивецот Доминиковиќ. Тоа беше се од нив,другите беа камења.Овој пат отпаѓаат од список врвни играчи уште пред ЕП,други одлични што во било кој клуб можат да играат се приковани на клупа.Јаки се играчки,само трупот на клупа според мене заебува многу.
Штрлек,Нинчевиќ
Вори,Муса
Гојун,Лацковиќ,Бичаниќ
Вуковиќ,Балиќ,Дувњак
Копљар,Бунтиќ
Хорват,Чупиќ.................сите се мање-више играчи со подеднаков квалитет.Па уште на голманска позиција од старт има 6 души што конкурираа за 2 места.Како замени ги има Зрниќ,Батиновиќ,Мариќ,Шего...........
Не викам дека не можат да изгубат утакмица,али ако некогаш имаале ширина и простор за ротација и одмор на играчите тоа е сега.
 
Сношти Зоран Николовски на Сител 3 какви гафови изнакажа.:D Најјако му беше кога наместо Вршац кажа Штрбац, па после му текна дека уствари Вршац е градов и неколку пати со ред го кажа Вршац, ме изнасмеа братов, ич не го бива.
 
Очекувам тешка победа на Хрватска над Словенците. Би сакал да изгубат токму поради таа повеќе од среќна победа над Исланд...
 
Во салата повеќе Словенци отколку Хрвати.. дали изгубена му е надежта на Хрватите дека на овој шампионат и нема нешто да напраат.. ама не штимаат добро работите, барем од таа гледна точка.
Контра селекторот се..

Иначе интересен натпревар до сега, во второ ќе видиме како ќе бидне.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom