Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Те цитирам конкретно поради инсулинот, од огромна улога е кога ни треба високо ниво на инсулин и што тогаш треба да конзумираме.
Околу исхраната и суплементацијата на второ место конкретно околу спортов е една голема наука. Оној кој е упатен запознаен е и дека битно за раст и обликување на телото е да манипулираш со хормоните како би го извлекол максимумот.
мислев во негативна смисла со инсулнот реагираат 6 оброци на ден, т.е. insulin resistance -.-
 
А за тие што не се,нешто повеќе да кажеше.. ? :D

Кога почнуваме да вежбаме во телото доаѓа до промена на хормонските нивоа на 4 клучни хормони.
1.Хормон за раст-се појавува како противтежа на млечната киселина во мускулите
2.Кортизол или хормон на стрес-присутен како одговор за "повредата" на мускулното ткиво
3.Серотонин-се појавува како одговор на вежбањето
4.Тестостерон-има зголемено ниво поради интензивното вежбање но тоа трае кратко при што постепено опаѓа

Има уште неколку работи да се додадат ама ем немам време ем не е темата за тоа наменета. Да се вратиме на неа....;)
 
Да прашам дека сите различно ми кажуваат .Бадемите семките сончогледот најдобро е да се јадат пред или после трениг?
 
Да прашам дека сите различно ми кажуваат .Бадемите семките сончогледот најдобро е да се јадат пред или после трениг?

Со оброкот по тренинг, ако пред тоа имаш шејк веднаш по тренингот.
Во споротивно, ако не кориситиш додатоци, со вториот оброк по тренинг.
И бадемите се океј, семките и сончогледот избегавај ги.
 
Ќе се сложам со фактот дека секој може да вежба што сака (кога е во теретана) како сака и колку сака. Истотака може и да јаде, кога сака. Само, дали секој може да постигне она што го постигнуваат оние кои се дициплинирани и спремни да се откажат од многу работи?
Како рекреативец, доволно е да бидете активни и да внесувате оптимален број на калории во текот на денот, составен од вистинската комбинација на хранливи материи.
Но, за да се постигне поголем успех, тогаш е потребно да се работи систематски, и да се знае кога и што ќе се јаде и вежба. Редовна исхрана, која во текот на целиот ден ќе не обесбеди со сите потребни хранливи материи (а тоа не се постигнува со два оброка во денот) одбран тренинг програм кој ќе ни помогне да ги остраниме недостатоците кои ги имаме на себе, правилна суплементација која ќе го надополни тоа кое преку обична исхрана е невозможно да се внесе во потребни количини, соодветен одмор, се нештата кои водат до успех.
 
http://mojtrener.mk/sojnite-proizvodi-se-shtetni-za-vasheto-zdravje/zdrava-ishrana/344

Е глеј малер, а баш планирав да ми биде дел од исхраната кога ќе почнам да вежбам. Некој нешто да додаде ?
Тоа е тоа сојата го супримира лачењето на тестостерон, а има слични супстанци на естроген. Други проблем е и ГМО модифициранта соја која масовно веќе се произведува во светот а која се смета за потеинцијално штетна. Сепак сојата има и позитивини страни како регулација на холестерол и висока количина на протеини така да во умерени количини не е штетна.
 
до кое време навечер би требало да се јаде?
 
до кое време навечер би требало да се јаде?

Последниот оброк пожелно е да биде минимум еден час пред спиење, составен од спороапсорбирачки протеини и здрави масти.
 
Последниот оброк пожелно е да биде минимум еден час пред спиење, составен од спороапсорбирачки протеини и здрави масти.

Јас сеа ќе јадам селско месо(мелено(кртина),јунешко,свинско) и пире...лошо/добро ?
 
Јас сеа ќе јадам селско месо(мелено(кртина),јунешко,свинско) и пире...лошо/добро ?

И не баш најдобар избор, но уште сте млади за да се ограничувате на стрикно ригоризен режим кој го следат само оние кои професионално се занимаваат со овој спорт.
Гледај само да внесеш доволно протеини, јх и (здрави) масти со оброкот, и нека ти е пријатен.
 
И не баш најдобар избор, но уште сте млади за да се ограничувате на стрикно ригоризен режим кој го следат само оние кои професионално се занимаваат со овој спорт.
Гледај само да внесеш доволно протеини, јх и (здрави) масти со оброкот, и нека ти е пријатен.

Па искрено,немам појма од рачунање на хранливи состојки(мислам дека уште тоа ми остана,друго све знам :D) али со оглед што има 3 врсти месо,+ пире,мислам дека е доволно....

И фала :cuc:
 
Која е разликата помеѓу земање на протеини и земање на гејнери ? Каков ефект даваат едните, а каков другите? Имали ли некој време да ми одговори? Фала Ви однапред!
 
Која е разликата помеѓу земање на протеини и земање на гејнери ? Каков ефект даваат едните, а каков другите? Имали ли некој време да ми одговори? Фала Ви однапред!

Гејнерот грубо кажано служи да ја пробие калориската бариера за организмот да почнува да качува килажа, притоа често во обзир доаѓа и нафрлување на некое кило масти. Ова е и те како битно затоа што полесно се качува мускулна маса паралелно со масно ткиво, ако некој сака цело време да е чист, без масти а истовремено иi да гради мускул процесот оди доста споро. Утврдено е за да се качи 2.5 цм на обем на бицепс потребно е телото да качи 10кг иако раката ќе порасне само за 1 кг не е можно само еден дел од телото да расте.


Протеинот пак има улога да гради само мускул но без калориска подршка сам ништо неможе да направи, исто така протеинот се зема за да се задоволат дневните потреби за протеини за да не дојде до опаѓање на мускулатурата (кај држење диета, солидно развиена мускулатура и сл) игра незаменлива улога во орбокот после тренинг, но пофторувам без средена исхрана нема никаков ефект т.е. за почетници кои не се навлезени во шема на редовност, дисциплина и исхрана гејнерот е многу подобар избор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom