- Член од
- 25 јануари 2012
- Мислења
- 130
- Поени од реакции
- 68
- Возраст
- 40
Гледам се повеќе по форумиве се пишува на македонско-англиски.Нешто што ме иритира ептен многу.Па уште кога ќе видам македонски јазик со американски црнечки сленгови.![]()

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Гледам се повеќе по форумиве се пишува на македонско-англиски.Нешто што ме иритира ептен многу.Па уште кога ќе видам македонски јазик со американски црнечки сленгови.![]()
Crazy in Love. што те чуди? Кога во секој “кејс“ менуваат по некој „ворд“, тоа е толку “ступидно“ што не вреди човек да се „заморува“.
Старословенската азбука е направена по модел на грчкото писмо и вршела ептен работа за старословенски. Македонскиот јазик од 1945 е бајаги раазличен од старословенскиот. Јатои, матои (кои постоеле во старословенската азбука) се отфрлени. Па што? Зошто секоја буква нема име? А зошто да нема и надимак? Ова се' ти се произволни бладања -- гласовите што јатовите ги изразуваале се заменети со нови букви. Башка, во македонскиот постои фонема „ј“ која се бележи со засебен графемски знак. Во стандардниот македонски сите фонеми имаат соодветен графемски знак. Едноставно и лингвистички елегантно изведено.Извини ако не сум ја загледал репликата на другата тема (не ми текнуе која била).
Еве тогаш, да кажам нешто колку за вовед.
Азбуката. Иако имаме ептен софистицирана азбука: исфрлањето на старомакедонската азбука користена во црковните дела. Денес пишуваме на српска караџица усвоена 1945 а за темен вокал користиме нешто слично на апостроф. Недозволиво! Каде се буквите јат и есу (Ѣ ѣ, Ѧ ѧ)? Зошто секоја буква нема име?
Кога би имал основни познавања од дијахронија, би ти било јасно дека коренот на „благодарам“ е старословенски. Нит бугарски нит бутур. За другово не ми е јасно што бладаш и што не ти е по кејф. Не само „сполај ти“ е македонски, ами и „фала“ е. Не е српски. Коренот на „фала“ е исто така старословенски. Ама кој колку знае.Какво е тоа “Благодарам“? Бугарско? Каде е нашето македонско “Сполај ти“?
Каде се феминативите во македонскиот јазик? Госпоѓо судија?! Абе ај!
Какво е тоа Добре дојде (Добредојде)? Кој Добре? Камен од Ќустендил е добре.
Кое сакатење? Поетскиот израз (кој претпоставувам бил еден од целите на текстот) не е ограничен со стандардот. Стандардот не е конечниот дострел на јазичниот израз и естетика. Напротив. Еден поет или писател треба да го владее стандардот но и да биде способен да го надмине. Богатството (не само лексичко ами и структурно) на македонскиот јазик далеку ги надминува рамките на стандардот. „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на пример одлично илустира дел од тоа јазично богатство и мајсторски израз. Замисли колку би бил здодевен тој роман кога би се ограничил само на стандардна лексика и израз. Затоа, „ледена“ си е арен збор во поезија и во разговорен јазик. Или и овде нешо Конески ти „масакрирал“?Какво е тоа официјално сакатење на насловот на песната на Тоше “Ледена“? Студена? Лудило човече... Водата може да е студена, ама да не е ледена.
Сатани и сатанизација барај во религија и теолошки расправи. Фактот што тебе ти бега е следниот: стандардизацијата на јазикот подразбира селекција и кодификација на фонологијата, морфологијата и синтаксата (на гласовниот систем, зборообразувањето и реченичната структура). Било која кодификација подразбира некој нужен избор, односно селекција на сите овие нивоа. Не може никако ниеден стандард да ги опфати сите дијалектски форми ниту пак да ги задоволи приватните вкусови. Едноставно е невозможно.Сатанизирање на “даска“ и замена со “штица“ (иако потекнуваат од тотално ист старословенски збор.)
Сатанизирање на “сукња“ и замена со “здолниште“, иако сукното како вид ткаенина е збор присутен кај сите словенски јазици.
Сатанизирање на суфиксот -иња за женски род (Црнкиња / Црнка, Белкиња / Белка (од јајцето на Кајгана)).
Сатанизирање на штиклите и замена со потпетици.
Сатанизирање на “шешир“ и замена со шапка. Какви ли шапки носат каубоите?
Сатанизирање на “ланец“ и замена со синџир.
Сатанизирање на “плин“ и замена со природен гас (плин кај нас си има сосема конкретно значење, иако во други јазици значи “гас“).
Обата збора егзистираат. Актер е малку поформален, а глумец е поразговорен. Но, обата збора се во употреба. Не знам шо пенавиш бадијала.Замена на глумец со актер...
Вакви листи моеш да билдаш до сабајле. Немаат никаква лингвистичка поткрепа.Листата нема крај. Толку ми текнува сега.
Тука џабе ламентираш. Во македонскиот никогаш (ниту кај најгласните јазични полицајци, каков што беше покојниот Илија Милчин) не постоеле такви екстремни тенденции за јазичен пуризам, како што е тоа случај со хрватскиот. Во хрватскиот (многу пред осамостојувањето на Хрватска) постоела вековна традиција на лингвистички пуризам: инсистирање на ковање сопствени автохтони зборови за се'. Ваков пуризам постоел и во германскиот и унгарскиот. Ама тоа е башка муеабет.Ако некој има намера на македонскиот да му го направи тоа што му се случи на хрватскиот, се зафркнал јако!
Да беше само тоа изменето, арно ќе беше. Битно било изменето. По директива на Це-Ка. За да биде што поразлично од бугарското.сите гласоби што јатовите ги изразуваат се заменети со нови букви.
Ама ти ептен се занервира и продужуеш да си бладаш. Оти така бе машко?Слушај бре свети Петре. Немам намера да дискутирам со тебе додека ми се обраќаш со тоа дека бладам.
Да беше само тоа изменето, арно ќе беше. Битно било изменето. По директива на Це-Ка. За да биде што поразлично од бугарското.
Српската варијација на кирилицата, создадена од Вук Караџиќ се нарекува караџица. Ама толку си знаел...
Благодарам:
бугарски: благодарја
српски: хвала
хрватски: hvala
словенечки: hvala
словачки: d'akijem
чешки: děkuji
полски: dziękuję
белоруску: дзјакуј
руски: спасибо
украински: спасибо
За “Ледена“ изгледа не ти е јасно дека официјалниот наслов на песната е некаква си “Студена“. Кобајаги ледена не бил македонски збор!
У врска со сатанизацијата: о да, ако не сите, барем повеќето дијалектски форми можат да се опфатат. Зошто да нема повеќе различни зборови за едно исто нешто??? Така само се збогатува јазикот, како што англискиот има. Овие нашите наместо тоа, избришале се што е блиско до бугарско или српско од страв дека нема да се разликува јазикот од нивните (види ги само норвешкиот, данскиот и шведскиот).
Се бара соодветен превод и или толкување на зборов, поради непознавањето и „неажурираниот“ ментален речник.Чисто да напишам уште еден англицизам кој го прочитав прееска...
“Многу добар контент има страната...“
Контент, затоа што содржина е премногу обичен збор...
КОНТЕНТ бе, КОНТЕНТ, кој зборува вака????
Си видела од кога не е сменет македонскиот речник? Истиот е тој од Блаже Конески!!! Толку децении, исти зборови, исти правила! Срање!
Гледам дека знаете доста граматикадали е возможно некој да ми пише кои се непреодни глаголии ???? со многууу примерииии ????
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:44 ---
Луѓе ! Јас сум безнадежна. Утре имам испрашување, ве молам некој ако знае да ми напише кои се непреодни глаголиииии ! И тоа со многу многу примериииии![]()
Треба да се воведе казна за вакво очајно малтретирање на ушите на околните слушатели.
Остај ги, глупи новинари, многу знаат тие. Туку, како ти се гледа идејата да се укине интернетот? Скроз да го нема. Верувам дека македонскиот јазик ќе се препороди и ќе живне. Заеби Хрватска, што велиш за воведување јазична полиција како во Франција во 70те? А некој употреби странцуски збор, одма пенал. А ако немаме наша дума, веднага брате да се искове една по табиет на полицијата.Хрватите, познати по нивната јазична чистота, имале ваков предлог, негде во виорот на војните од 90-те.
Но, нашите новинари оваа вест, многу јасно, ја пренесоа со потсмев.
http://off.net.mk/bookbox/chist-jazik-polni-zatvori
Ако македонскиот јазик е веќе мртов, тогаш интенетот го потпиша неговиот извод од матичната книга на умрените...
И ти сакаш да ни кажеш,дека нема абсолутно никаква врзка? Па молам ти се, тоа и мали деца нема да ти поверуват.Навистина? А дотогаш беше здрав како дрен? Без стандардизиран правопис? Без граматика? Без легитимитет и официјален статус?
Гледам нешто спомињаш комунизам, Белград, итн. Каква врска има комунизмот со одредувањето на стандардот, граматичкиот опис и азбуката? Те молам елаборирај.
Ајде да зборуваме за глотополитика -- строго од лингвистичка гледна точка. Сега и тука, информирано, со факти, без бабини прикаски. Штом толку лефтерно ја установи дијагнозата за болеста на македонскиот јазик, претпоставувам дека со еднаква леснотија ќе ни го соопштиш и лекот. Кое чаре требало да се бара 1945? Каква граматика ти, како поасален лингвист од Конески, предлагаш? Колку дијалекти се потребни за квалитетен стандард? Кои дијалекти требало според тебе да се земат како база за стандардот и зошто? Која азбука требало да се усвои и зошто? Дали ти имаш претстава кое е значењето на на јазичен стандард, граматички опис, правопис и воопшто, дали ти е јасно што е потребно за целосен јазичен легитимитет?
Конески го осакатил јазикот? Дури и да сакаш да го осакатиш македонскиот (или било кој друг јазик) не можеш. Едноставно таков потфат е невозможен. Можеш само да збогатиш некој јазик, а не да осиромашиш или осакатиш. Кога ти би му бил на Блажета Конески до колена (не по височина, ами по познавање на сопствениот јазик и лингвистиката, воопшто) би бил вреден соговорник на темава.