Сајт на годината 2011 (Кајгана прогласен за најиновативен сајт, Кајгана форум за најдобар форум!)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
www.motika.com.mk го изгласаа оти работи на свој начин а и доста стар сајт е ако не се лажам врсници се со кајгана ако не и постар.На времето имаше дури и форум (најглупавиот што сум го сретнал) па полека се ориентираја кон хуморот, па за на крај да биде само забавен сајт.Едно време сакаа да му конкурираат на “пријатели.ком.мк“ па воведоа и профили правење и ставање слики и имаше 99 % женски профили отворени од мажи.Во секој случај забавен портал со интересни статии, и со поголема заработка заради тимот кој го има. Исто така сајтот, со најголем манијак-администратор,но сето тоа е оправдано кај мотика.Најголема маана им е несреденота на сајтот за веб коментар, објавувањето слики во статии “Мак.Несекојдневни ситуации“ ама буквално СЕ е објавено што ја губи поентата од ХУМОР, и немањето можност да се симни видео од нивниот сајт а ги аплаудираат на некој си веб плеер, оти мислам дека се рекордери во банирање јузери од јутуб.

Фемина, беше и остана неразбран сајт,нормално затоа што е за жени.Уште понеразбирливо ми е кога ќе видам некоја објавила тема на фејсбук во стил на “Ова е ова...that's the truth!" и кликаш од радозналост, читаш се смееш и сфаќаш оти МАШКО пишува некој дебилни постови како по обичај активни во одделот љубов и секс или пак моеш едноставно да прочиташ женски постови од стилот на:

Дали сакате да ви влези в уши?

Да..
Не..
Не..
Да..
хмм..
Да..
Не..
Не...



Црно-Бело

Е за овој сајт сум се чудел уште од кога го отворија “Што фактички им е планот на луѓето? Поминаа скоро 2-3 години откако постои, и сеуште истото го мислам, што всушност им е планот? Статии од типот на, долг досаден неиновативен без смисла за хумор текст, и под него објавена една слика од 9gag или било кој сајт за хумор? Статии “На која и стои болје, на рихана хулахопките или на бијонси опинците“?
А особено делот кој по некоја грешка го носи името “ХУМОР“, вицовите од комично-сатирично-саркастична содржина, автоматски добиваат глупаво-сериозно-неинтересна-рамнодушна содржина од кои изгледот на лицето пред да го прочитате ви бил:

cat_as_helmet_head.jpg


А после читањето на вицот:

Face+-+Disappointed.jpg


КАЈГАНА
Еден од најстарите сајтови во македонија, а воедно и со тоа популарен.Го помнам времето кога се пројави интернетот низ македонските простори, кога се четуваше строго само на мирц, интернет експлорерот беше главен пребарувач а главна забава ни беа 5-6 сајтови користејќи го Yahoo! како главен пребарувач...и оп од кајгана се појави од нигде никаде,со статии со вести забава...форум.
Сајтот, односно порталот кајгана и не го посетувам многу, но кога го посетувам знаам да најдам статии напишани навистина со “интернет сленг“ и разбирлив говор, нормално има и тапа глупи статии а има и забава и информации.
Идејата со #mkfail е екстра, иако ретко се обновува, па мојата идеја е да се поработи малце повеќе на тоа, знаејќи каков сеирџиски народ сме во македонија, би имало секој ден по некоја слика за тука.Исто така, додајте веб-аплаудер, од типот (впиши име, емаил, прикачи слика).

Форумот како форум, и форумџиството во македонија се развивало на неколку начини ,кој е член на форумот од 2005 па навака знае за што зборувам. Идеа нови луѓе, заминуваа имаше едни па други па забава..па се растураше па нови пак ќе се појават,тролови на куп, копилјаци,спамери,квалитетин луѓе, али сеуште се држи.Еден период беше во разнишана фаза ама се врати во нормала, а уште повеќе откако нема политики.
 
^
Прво нешто шо го напраив со интернетот од влада (уште немав интернет тогаш), кајгана отворив. :D
 
^
Прво нешто шо го напраив со интернетот од влада (уште немав интернет тогаш), кајгана отворив. :D

И јас на кајгана дремев тогаш. Не се сеќавам дали тогаш се зачленив или покасно ама знам дека дремев на кајгана :))
 
Надополнето - 20.12.2011
Гласањето заврши, ова се победниците:

  • Најдобар веб сајт - Femina.mk
  • Најпопуларен сајт (од публика)Motika.com
  • Најдобар забавен сајтCrnobelo.com
  • Најиновативен сајтKajgana.com
  • Најдобар информативен сајтTime.mk
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајтT-mobile.mk
  • Најдобар сајт за е-трговијаKupikartizase.com
  • Најдобар блогMarketing365.blog.mk
  • Најдобар форумforum.kajgana.com
Кајгана ја добри наградата за најдобар форум и награда за најиновативен сајт за 2011 година на изборот на сајт на годината. Наградите им ги посветуваме на нашите форумџии и читатели, затоа што тие се најзаслужни. Им честитаме и на другите добитници :)

Честички и позрави за мојот омилен сајт и форум :)

За најдобар сајт Femina.... :pos: на работа правевме муабет за општинскиот сајт, и одеднаш една колешка плавуша, се убацува со муабет, абе боите на нашиот сајт се многу лоши, тужни ми се, другите општини имаат многу поубави сајтови со многу поживи бои. И јас го отворам на проџектор Фемина и викам, драги колеги и колешки, сајтот на годината Феминааа, и плавушава веднаш се разведри и почна да вика колку убави бои има сајтов и сите ние :facepalm:

Најпопуларен сајт Мотика... ех таа публика, да знаеше дека постојат Fishki.net и College Humor, веднаш ќе смени мислење, уствари нема, бидејќи ќе се радуваат на парцијалниот превод што го прави Мотика.
Енивејз, убаво се снашле. Фишки и Колеџ Хјумор никад нема да тужат .мк сајт за крадење содржини.

Црно-бело, најдобар забавен сајт, заслужено.

Кајгана, најиновативен... секогаш ги придвижувале работите во .мк сајбер просторот. Заслужена награда.

Тајм.мк, информативен сајт... дај ти се молам... агрегатор на вести да добие награда за информативен сајт.... I don't want to live on this planet any more.

Т-Мобајл, корпоративен сајт, исто заслужено.

Купи карти за се.... никогаш не сум користел услуги на сајт за е-трговија, така да нема да коментирам тука.

Маркетинг365.блог.мк хух... мислам дека наградава е дадена само затоа што блоговите што се подобри не се на мк платформа.

За најдобар форум, јеп, сосема заслужено. Голем број на активни корисници, одличен модераторски тим. Квалитетни содржини.
 
Најзаслужени награди дефинитивно се за Time.MK и Маркетинг 365.
Time.MK е агрегатор, ама сепак е најкорисен македонски сајт за пребарување на информации. Инаку моментално го држи првото место за најчитан македонски сајт.
Маркетинг 365 нуди доста корисни информации од областа на маркетингот, а исто така во време кога blog.mk е пропаднат максимално, блогот е вистинско освежување.
 
  • Најдобар веб сајт - Femina.mk
Никогаш не сум го отворил претходно, но знам дека пријателките и колешкиве многу често го читаат...па не ме чуди што жените од МКД си се организираче и си го дале гласот токму за “нивниот сајт“ . Со жени, беља да си немаш...Да бирав јас можда on.net би го избрал.
  • Најпопуларен сајт (од публика)Motika.com
Ско судам по тоа од каде најчесто се споделува содржина на FB се согласувам...стварно слушам муабети од типот “еј го виде клипчето на Мотика“ - Се слагам
  • Најдобар забавен сајтCrnobelo.com
- Не се согласувам со изборот.
  • Најиновативен сајтKajgana.com
-Незнам баш што им текнало “Најиновативен Сајт“ , можеа “најзабавен“ да не изберат со чиста душа...али то е то...Да гласав јас за најиновативен би го избрал Mnoogo.
  • Најдобар информативен сајтTime.mk
-колку што јас разбирам, Тајм е агрегатор на вести...али да јас најчесто посетувам ТАЈМ.мк кога сакам да се информирам за новости :)
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајтT-mobile.mk
- Сега засега една од најсветлите страни на компанијата им е сајтот...така да, се согласувам со изборот!
  • Најдобар сајт за е-трговијаKupikartizase.com
- Не сум го користел, не коментирам.
  • Најдобар блогMarketing365.blog.mk
- Целосно се согласувам со изборот. Освем што е најпосетуван блог на blog.mk платформата (ова според alexa ако ја сметаме за релевантна) беше и единствен блог кој направи кампања, со видеа и сл. Го живна отепаниот блогерски свет.
  • Најдобар форумforum.kajgana.com
- Се потврди тоа што ние одамна го знаевме, немаме конкуренција во овој дел. Па да си ја честитаме победата !!
 
Кој го гледаше видеото од изборот, слушна што кажав на прогласувањето, за оние кои не слушнаа да напишам и тука: наградата за најдобар форум им ја посветуваме на членовите затоа што тие се најзаслужни за успехот на овој форум како онлајн заедница. Се разбира, огромна благодарност и до сите модератори за тоа што го прават секојдневно.

За наградата за наијиновативен сајт да појаснам неколку работи: не дека сме измислиле топла вода и дека сајтот е нешто невидено иновативен, но како што рече жирито, најиновативен се мисли на оној кој направил највеќе иновации во изминатата година. За потсетување, во изминатата година додека другите спиеја и не ги чепнаа своите сајтови, направивме неколку важни и храбри чекори:

- лансиравме нова верзија која и визуелно и концептуално се разликува од претходната, а правиме напори и за што повеќе локално продуцирани и оригинални содржини - интервјуа, покривање на настани, репортажи од концерти со галерии и видеа, дури се акредитиравме и за претстојното Европско првенство во ракомет и ќе бидеме присутни и таму, а публиката ќе добие ексклузивни материјали од сето тоа што ќе се случува на теренот, но и надвор од него. Кај нас ретко кој од медиумите го прави ова, а камоли интернет портал.
- го сменивме целосно моделот на продажба на огласен простор од банер/неделно во закуп по прикази
- лансиравме мобилна верзија која прилично се разликува од останатите мк и е развиена инхаус, самостојно

Првите два чекори беа премногу ризични затоа што постоеше шанса да не ги прифатат и публиката и огласувачите. Испадна дека направивме вистински потег и сето ова ни дава мотивација да продолжиме вредно и понатаму. Се разбира, во склад со реалните капацитети, затоа што сите знаеме како треба, но нели - желбите се едно, а можностите сосема друго.
 
Честитки за кајгана.ком!:cuc: Отсекогаш ми бил најзабавен и сајтот и форумот, кој го пратев уште од 2005 (мачење со дајл ап во тоа време :D) ама вредеше. Тргни од бројот на корисници, теми, мислења и тоа од начитан и паметен народ од кој има многу што да се научи. Ми помогнале (индиректно) во разноразни НО квалитетни теми, како и квалитетни и оригинални мислења, несебично споделување совети од страна на членовите, те едуцира на некој начин, те информира секојдневно за се што е ново и занимливо, затоа и го поштувам сајтов односно форумов. Иако не пишам често ама си дремуцкам тука во слободно време.
Секако и фемина не е за потценување, (сепак женско сум:icon_lol:) ми се допаѓа, но во поглед на форумот тука ми е некако "пошарено" поинтересно итн итн...
Да надополнам, и идивиди исто така не е лош, другите наведени и не ми се нешто посебно...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom