Сајт на годината 2011 (Кајгана прогласен за најиновативен сајт, Кајгана форум за најдобар форум!)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгана ја добри наградата за најдобар форум и награда за најиновативен сајт за 2011 година на изборот на сајт на годината.
Наградите им ги посветуваме на нашите форумџии и читатели, затоа што тие се најзаслужни. Им честитаме и на другите добитници :)

Остај ти заслужни, не заслужни... кажуј кафана, ова треба да се залие. ;)
 
Честитки! Сосема заслужено, мада некои избори баш и не ми штимаат...
 
уште ја да бев прогласен за најбољи форумџија и сонот ке ми беше комплетен. :)
 
Сега ќе морам да го посетам тој сајт Фемина, да видам зошто го избрале за најдобар, мажи смеат да го читаат нели?;)
 
И јас сум заслужен!!!111!!

forever-alone-happy-meme.jpg
 
Мене не ми е јасно како може Time.mk да добие за најинформативен сајт -_- Сајт кој работи во принцип на бот, само влече информации... не се труди да ги дознае информациите како другите сајтови кој оригинално си ја креираат својата содржина. Фактички ова ќе му дое, сите сајтови работаат за Time.mk...

А ова со Femina.mk ми е ептен сумљиво... женски портал полн со глупости од типот хороскоп, убавина, моди, бла бла бла... зар женските веќе почнаа да владеат со интернетот? Ја па мислев само на фејсбук дремат; се сликаат и лајкови ставаат, а они веќе да ти знаеле и PHP/CSS/JAVA... алал да им е.

Другото све е океј, посебно најзаслужени победници се во категориите 'Најдобар форум' и 'Најпопуларен сајт од страна на публиката' (иако јас скоро никогаш не ја посетувам Мотика, но гледам дека сите други ја посетуваат)
 
Не забележав ваква тема во врска со изборот за веб сајт на годинава па еве ..

Femina.mk, сајтот за се што е женско и еден од најголемите женски форуми во
Македонија, е прогласен за сајт на годината на вторите по ред награди „Веб сајт на годината 2011“. Натпреварот помина како што треба, многу подобро од лани, и се надеваме дека ќе станат традиционални ИТ награди кои ќе мотивираат и инспирираат иновација на македонскиот сајбер простор.

Сите сајтови беа пријавувани од корисниците, дел додадени од жирито, а гласовите беа распределени во сооднос 40 отсто од корисниците, а 60% од жирито.


Подолу се сите победници во осум категории:
  • Најдобар веб сајт - Femina.mk
  • Најпопуларен сајт (од публика)Motika.com
  • Најдобар забавен сајтCrnobelo.com
  • Најиновативен сајтKajgana.com
  • Најдобар информативен сајтTime.mk
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајтT-mobile.mk
  • Најдобар сајт за е-трговијаKupikartizase.com
  • Најдобар блогMarketing365.blog.mk
  • Најдобар форумforum.kajgana.com
Настанот „Веб сајт на годината 2011“ е организиран од Media Solutions, под покровителствaо на Претседателот на Република Македонија и Словачката амбасада во Македонија по втор пат ја организираат манифестацијата Сајт на годината во Македонија.
 
Абе беајте бе....од 5 отепани портали што ги имаме во нашиот македонски сајбер простор....уште па и најдобри се бираат.:pos:

И после уште ако слушнам..."абе местено е".....е дури тогаш треба потхитно со декрет да ви се укине пристап до интернет.
 
Абе беајте бе....од 5 отепани портали што ги имаме во нашиот македонски сајбер простор....уште па и најдобри се бираат.:pos:

И после уште ако слушнам..."абе местено е".....е дури тогаш треба потхитно со декрет да ви се укине пристап до интернет.

Ја ќе ти кажам.
Фемина, Црно Бело, Маркетинг365... :cautious:
 
ЦрноБело ако е најзабавен сајт во Македонија тогаш јас сум Чак Норис! Може да биде најидиотски, ама најзабавен нема шанси
 
Едно ке речам:
Жирито немаат појма од компјутери, интернет, и се како одат тие работи, или е местенка
 
Мотика најпопуларен?
Ауу да бе заборавив, цицки лепат секој ден за добро утро.
 
1. Femina од изборот за сајт за 2010 г. до изборот за сајт за 2011г. на нивниот сајт ништо не сменија, освен што додадоја + уште две три летни стории во јуни месец.

2. Ова за мотика стварно незнам од кај излезе најпопуларен.

3. crnobelo па и не е баш толку многу најзабавен

изборов тапа...
 
2. Ова за мотика стварно незнам од кај излезе најпопуларен.
За мотика се согласувам до некаде, популацијата од 13 години надолу редовно го посетува има интересни работи кои нив ги привлекуваат
3. crnobelo па и не е баш толку многу најзабавен

Ама овде Грујо има интервенирано за гласовите да испаднат така, нема сомневање. Би го гласал како најдосаден, вестите на тв. Морис се по интересни (локална телевизија освен приказни и песни и вести ништо немат- да нема забуна)
 
Покрај кајгана ,која за среќа е спомната ,незнам како сајтови од типот на он.нет и таратур не се спомнати...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom