Зошто градоначалниците не го слушаат гласот на народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Picture 142.jpg
--- надополнето: 1 април 2013 во 23:57 ---
Еј ? КОЦЕ ова е ДУПКА СО ВОДА, а богами и со некоја жаба,
Ако тргнеш од Автокоманда,накај Ќерамидница,знаеш каде е тоа,
До Бродец нема да сретнеш ваква и волкава,а јас секој дена мора тука да поминувам
 
Го заболе Коце курот дали некој ќе искриви цел точак тука или не.

Што се праите ко да не знаете како функционира мозокот на Коце или било кој политичар?
 
Прво имаш грешка во насловот, пишува Градоначалници, а треба да стои ГраБоначалници. Сега за тоа дли го слушаат гласот на народот, секако дека го слушаат, во многу случаи можат да профитират тие или нивни блиски токму од идеи кои народот им ги дава. Тоа што велат имаме програма за работа е лага. Вистинските проекти преку кои се ставаат пари во џеб, тие доаѓаат од народот. Пример ако народот сака нов пазар, тие преку своите служби за собирање информации тоа го дознаваат, па кројат план како таа желба на народот да ја „свртат“ во своја полза. Ако народот сака црква, нема проблем уште подобро, даваш локација за црква и ставаш „камен темелник“ никој грабоначалник не гради црква со свои пари, тоа граѓаните градат со донации, а за локацијата отуѓуваш парцела на свој близок, па од општински пари делиш процент за парцелата. Доколку народот се жали на слаб притисок на водата, пред крајот на мандатот даваш тендер на свој близок, повторно пари од граѓаните ставаш во својот и џебовите на соработниците и почнуваш со работа. Доколку граѓаните не се слушаат, грабоначалниците нема да имаат толку идеи. Имало проблеми во градот, кој како гледа на тоа, за граѓаните проблем, за грабоначаникот шанса за заработка. Верувајте дека гласот се слуша и сериозно се размислува за се што ќе се слушне.
 
Убаво кажано.
Втор пример од една општина.. Општината има неколку службени возила,нови и секој месец пријавува дека тие возила имаат дефект( а нема врска) и врз таа основа од буџетот се двојат пари за поправки по неколку иљади евра..Градоначалникот е поврзан со свој човек (механичар) кој му издава фактура за наводна поправка и сл. парите си ги делат а возилата си немаат проблем и така секој месец. Друго,наместо да асфалтираат патишта они само ги крпат,ќе закрпат некоја дупка,а повлекле пари за асфалт како за ново асфалтирање..чиста пара,најубаво се краде у крпење..има милион финти како се краде.
 
Мене не ми е јасно зошто воопшто партииве прават кампањи? Кој бил придобиен во оваа држава со некоја реална идеја што ја слушнал во предизборието? Сите однапред си знаат за кого и дали гласаат, така да тие пари што ги фрлаат може за многу попродуктивни работи да се потрошат, како на пример полнење на нивните сопствени џебови, за да не мора од нас директно да ги крадат.

И не знам колку сте приметиле, ама еден интелектуалец нема меѓу политичариве, буквално на просечна приучена малограѓанштина и простаклук е оставено да раководат за сите нас, многу тажно.
А не дека не е јасно зошто нема интелектуалци, прво и онака се многу ретки во државава, а второ под достоинство им е да се занимаат со таква гнасна професија.
 
Нов експресен пат со четири коловозни ленти, по две со ширина од по 3,75 метри и од по 2,5 метри треба да ги спои Штип и Струмица најдоцна до 2020 година, проект што треба да се надоврзе на најавениот автопат од Скопје до Штип.

Овој автопат и те како е потребен. Ова мене ме радува, ова сакам да го читам, ова сакам да го гледам. Само не у овој формат до 2020, а најавениот автопат Скопје-Штип до 2040, ќе цркнам до тогаш нема да го видам.
 
Ех колку ме погодува оваа тема да знаете... Повеќето од насловот ги знам лично... Има исклучоци, не велам не... Бившиот градоначалник на Велес нпр. ретко не-гадно-алчен туку нормален човек (без да ги коментирам менаџерските способности и слично); градоначалникот на Илинден од друга страна чудесен лик ама способен како менаџер... Коце од трета страна со јак филм во кој дури и самиот верува арно ама со комплетен недостаток на цивилизациски вредности, елементарен вкус и граѓански манири. И така натаму, редот е голем и секој елемент е посебен и свој и комплетно некомпатибилен со народот кој би требало да го претставуваат.
Од една страна тие за себеси мислат дека се најкомпетентни и сите визии што ги имале како деца за кули од карти и замоци од песок решиле да си ги направат... Што ќе им е Асоцијација на архитекти и други непотребни стручни лица.....
А советот тек да почнете да го анализирате... Тое е Монти Пајтон во мало... Замислено како гласот на народот а реализирано како маалски собир на комшии и партиски војничиња кои залутале во сала и по принцип на организирани овци гласаат „за“ и „против“.
Тажно ама и глупо. Земи си еден архитект, градежен инженер, сообракаен инженер, стручњак за екологија, правник и уште неколку стручни лица да нема забуни и аматеризми. Сепак треба поубаво да се осмисли целата приказна... Не се доволни секторите, тие си ја бркаата работата со трети лица но советниците кои се алтер его на секој градоначалник мора да се посоодветни.
 
Gradonacalnikot na op.Centar Andrej Zernovski gi povikuva graganite na zabava vo parkot vo Kapistec od 18.30 do 21.30 h.pod ime Vo ritmot na Centar.
Ova e prvo maalsko druzenje i se nadevam deka ke pomine bas vo ritmot na Centar..
Posakuvam dobro vreme bez vrnezi i grmotevici:)
 
Не напиша кој ден?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom