H
Hip.Hop_MKD
Гостин
3D филмови за 3D главоболкиЈас пробав во Нептун пред некое време да гледам на 3Д Тв со очила. И ми пречеше на очи. Најверојатно не се квалитетни тие очила, ставени биле само да пробуваат муштериите. Не верувам дека го уништуваат видот, освен некои чкартни. Затоа ако сакаш да си купиш 3Д ТВ ќе си купиш и квалитетни очила од некои си 200 евра и си немаш гајле.
Живот | 11 јануари 2010
Љубителите на телевизијата кои гледаат 3D телевизија би требало да тркнат на очен преглед, инаку им се заканува ризик од 3D главоболки - предупредуваат американските стручњаци.
Иако за многумина 3D телевизијата е новитет и допрва почна да го буди уживањето од нејзиното гледање, за луѓе со очни проблеми подолгото изложување на 3D технологијата може да предизвика ужасни главоболки.
"Наоколу шетаат луѓе со многу мали проблеми на очите, како на пример ситна мускулна нерамнотежа која во нормални околности не им задава проблеми. Но, пред 3D филмови овие луѓе се соочени со сосема нови сензорни искуства и тоа станува ментален напор, кој предизвикува главоболка", изјави доктор Мајкл Розенберг, професор по офтамологија на NorthWestern University Feinberg School of Medicine во Чикаго.
"При нормално гледање секое око ги гледа работите под поинаков агол, а кога ова се процесира во мозокот добиваме перцепција за длабочина", објасни доктор Дебора Фридман, професорка по офтамологија и неврологија на University of Rochester Medical Center во Њујорк.
"Илузијата која овозможува гледање во три димензии во кината не е калибрирана на ист начин како нашите очи и мозокот. А доколку вашите очи се со мала грешка, мозокот мор ада се мачи со новата ситуација. Ова ќе предизвика главоболки кај некои луѓе", објаснува таа.
Дали 3D филмовите се штетни за очите и мозокот?
Гледањето 3D филмови е многу интересно, толку многу да во момент заборавате дека се наоѓате во кино. Меѓутоа, некои луѓе потоа ги боли главата. Научниците и лекарите предупредуваат дека тродимензионалната слика штетно влијае врз човечкиот мозок.

Последиците не се трајни, сметаат експертите, но сепак предупредуваат да не се користи премногу 3D сликата.

http://www.idividi.com.mk/Zdravje/Medicina/574070/
За ова ти зборев, сега немам искусено како е да гледаш 3Д па затоа прашувам.Да е така до сега сите слепи ќе беа![]()
