Плацебо ефект

  • Креатор на темата Креатор на темата Out of Order
  • Време на започнување Време на започнување

Дали верувате во плацебо ефектот ?

  • Да

    Гласови: 52 91,2%
  • Не

    Гласови: 5 8,8%

  • Вкупно гласачи
    57
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Tемава ја лупнав во здравје оти највеќе ме асоцира на тоа, ако не и е тука местото слободне нека ја преместат :)
Многумина не знаат што е плацебо ефект па да објасниме малку.

Плацебо ефект (латински: Placebo = јас ќе задоволам) е медицински феномен каде резултатите на медицинскиот третман се предизвикани од идеите на пациентот за тоа колку е ефективно лекувањето. Терминот особено се употребува кога пациентот драматично реагира на физиолошки неактивно лекување. Неактивните лекови кои се користат за индуцирање на плацебо ефектот се нарекуваат плацебо лекови; инертни „шеќерни“ пилули и лажни хируршки интервенции се типични примери.

Или на пример ве боли глава и сеа некој наместо аспирин ви дава апче кое што е направено од шеќер, и вие го пиете тоа апче мислејќи дека е аспирин а тоа е шеќер, но вие тоа не го знаете.И со самата помисла дека сте се напиле апче за глава ќе се подобри состојбата.Многу луѓе се имаат излечено на оваков начин.
Дали верувате во ова ? Искрено јас верувам :)
 
Ова е и научно докажано, ме мрзи сега да барам линкови, но имам гледано испитувања, и тоа како е вистина. Во суштина човековиот мозок е чудо, не само во медицината, туку општо и во животот. Човековата психа има огромно влијание врз нашите секојдневни навики.
 
Да да знам дека е докажано но само сакав да направам една анкета да видам дали верувате во ова, иначе факт е дека не користиме цел мозок.А има многу капацитет нашиот мозок само не го користиме до даска :)
 
БАШ примерот со апчето го кажував на многу луѓе и пред да знам дека се вика Пацебо ефент, така да итекако верувам:)
 
Плацебо ефект ти е кога те боли глава и идеш на доктор и докторот ти става игла во нога и се пребацува болката односно си мислиш дека веќе не те боли глава :D
 
Постои плацебо, ама не е она што вие мислите дека е.

При испитување на некој лек се земаат луѓе со болест.
Се делат на две групи.
На едната група им се дава испитуваниот лек.
На другата група им се дава плацебо (лек кој што нема никакво биолошко дејство).
Значи повторувам нема никакво биолошко дејство, ниту пак мозокот или било какво размислување дејствува на физичкиот недостаток. Освен ако заболувањето не е психолошко и нема физичка природа.

Ова се прави со цел да се избегне субјективната процена на пациентот дали се намалила или не се намалила јачината на симптомите.

Значи плацебото не прави ти со мислите да си ја излечиш болеста која е присутна на физичко ниво, туку прави поинаку да ги доживуваш симптомите.
 
Да да знам дека е докажано но само сакав да направам една анкета да видам дали верувате во ова, иначе факт е дека не користиме цел мозок.А има многу капацитет нашиот мозок само не го користиме до даска :)
Кога ќе прочитам вакво нешто, ми се врти. Цел мозок го користиме, само не го користиме цел во исто време.
Кога седиш - користиш еден дел од мозоко, кога одиш - друг.
Кога зборуваш - користиш одреден центар во мозокот, кога пееш - друг центар.
Има одреден дел од мозокот кој е одговорен за спиење, за дишење, за болка, мирис....

Не можеш да користиш истовремено два спротивни центри, или сите од еднаш зошто е физички невозможно. Не можеш да седиш и да трчаш, не можеш да спиеш и да гледаш телевизија, не можеш да мислиш на 7 ствари во исто време.....
Користиме 100% од мозокот, само не во исто време.

Еве ти гугл срч за како настанал митот дека користиме 10% од мозокот.

A ако си го гледал Limitless и од таму си ја добил идејата, можеш да забалежиш дека овој филм спаѓа во категорија на сајнс фикшн.

On topic:
Дефинитивно верувам во плацебо ефектот.
Еве едно фино видео со објаснувања
http://www.youtube.com/watch?v=yfRVCaA5o18&feature=player_embedded#!

Проблемот е што доколку пациентот дури и да почне да се сомнева дека добива плацебо апче - престанува да функционира...
 
мислиш дека ние ја управуваме подсвеста или таа нас ?
инаку како што има placebo effect има и nocebo effect, кој работи спротивно од placebo
 
"Цел мозок" јасно дека не се користи од проста причина што евулуативно сме тука кај што сме другиот простор наредни 5000 години :D
 
"Цел мозок" јасно дека не се користи од проста причина што евулуативно сме тука кај што сме другиот простор наредни 5000 години :D
Што е "евулуативно"? :cautious:
ime, точно е тоа, ама за клинички студии. Плацебо ефект како феномен постои, истражуван е и потврден како таков што го објасни Magde. И, да, постојат и студии кои потврдуваат дека мозокот и човековиот ум имаат огромен удел во резултатите на лекувањето, значи има нешто и во mind over matter. :)
 
Имаше еден филм според феноменов се викаше Контрола (Control) многу е интересен изгледајте го :)
 
Мислам дека нема што тука да се верува. Не е ова религија, верувам дали Бог постои или не. Плацебото е тука, се зависи само во колкава мера ќе се излажете самите себеси дека се лечите, а уствари примате лек којшто не лечи ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom