Плацебо ефект

  • Креатор на темата Креатор на темата Out of Order
  • Време на започнување Време на започнување

Дали верувате во плацебо ефектот ?

  • Да

    Гласови: 52 91,2%
  • Не

    Гласови: 5 8,8%

  • Вкупно гласачи
    57
Нема потреба од анкета дали веруваме или не, ова е научно потврдено веќе.
Прекрасна работа ако ме прашате мене, фасцинантен е човечкиот ум :)
 
Да.И сигурно на поголем дел од нас ни се случило барем еднаш таква ситуација.Психата е многу јако оружје.
 
Кога ќе прочитам вакво нешто, ми се врти. Цел мозок го користиме, само не го користиме цел во исто време.
Кога седиш - користиш еден дел од мозоко, кога одиш - друг.
Кога зборуваш - користиш одреден центар во мозокот, кога пееш - друг центар.
Има одреден дел од мозокот кој е одговорен за спиење, за дишење, за болка, мирис....

Не можеш да користиш истовремено два спротивни центри, или сите од еднаш зошто е физички невозможно. Не можеш да седиш и да трчаш, не можеш да спиеш и да гледаш телевизија, не можеш да мислиш на 7 ствари во исто време.....
Користиме 100% од мозокот, само не во исто време.

Еве ти гугл срч за како настанал митот дека користиме 10% од мозокот.

A ако си го гледал Limitless и од таму си ја добил идејата, можеш да забалежиш дека овој филм спаѓа во категорија на сајнс фикшн.

On topic:
Дефинитивно верувам во плацебо ефектот.
Еве едно фино видео со објаснувања
http://www.youtube.com/watch?v=yfRVCaA5o18&feature=player_embedded#!

Проблемот е што доколку пациентот дури и да почне да се сомнева дека добива плацебо апче - престанува да функционира...

Limitless нема никаква гледна точка со плацебо ефект, во вој филм не му се даваат шеќерни апчиња тој зема вистинки апчиња кои што му помагаат да размислува подобро да се сеќава на некои ситници скриени во ќелиите на мозокот.
 
Ме интересираат неколку работи. Дали е можно човек да:

Развие/почуствува пласебо за одредена супстанца која ја конзумира, а кон сите други да не почуствува? Пример, ти даваат пласебо за разни тегоби, и на 10/10 не осеќаш никакво подобрување, после ти даваат 11-то, и од него осеќаш бенефит?

Друго, дали е можно заради голема количина на скептицизам нешто да не ти работи иако доколку би имал неутрален став кон истата супстанца би работела? пример, имам еден многу негативен комшија, на кој "ништо" не му помага, дури и официјални медикаменти, па дури и стероиди. What kind of BS is that?

@Daedalus, @AlternativeF.
 
Ако си си наредил шатдаун на телото во главата, ништо нема да ти делува. Има еден куп луѓе што се болни од рак па се до дијабетес, ќе си стават мисла дека ќе умрат и за 6 месеца готови се, што сакаш давај им.
 
Тоа да, но тоа мислам дека е поинаков случај. Таму е повеќе страв и паника, ваму е одбивност? незнам ме мрзи да навлагам у психологија - но мислам дека не е иста околност.
 
Тоа да, но тоа мислам дека е поинаков случај. Таму е повеќе страв и паника, ваму е одбивност? незнам ме мрзи да навлагам у психологија - но мислам дека не е иста околност.
Истото е.
 
Ме интересираат неколку работи. Дали е можно човек да:

Развие/почуствува пласебо за одредена супстанца која ја конзумира, а кон сите други да не почуствува? Пример, ти даваат пласебо за разни тегоби, и на 10/10 не осеќаш никакво подобрување, после ти даваат 11-то, и од него осеќаш бенефит?

Друго, дали е можно заради голема количина на скептицизам нешто да не ти работи иако доколку би имал неутрален став кон истата супстанца би работела? пример, имам еден многу негативен комшија, на кој "ништо" не му помага, дури и официјални медикаменти, па дури и стероиди. What kind of BS is that?

@Daedalus, @AlternativeF.
Повеќе студии имаат докажано дека позитивен или негативен став кај пациентите има многу влијание врз исходот на терапијата. Плацебо ефектот може да биде многу моќен и во едната и во другата насока.
Баш во декемврискиот број на National Geographic имаше многу интересна статија за ова и се' е супер објаснето, еве линк.
 
Од она што имав прилика да слушам и од двајцата родители кои работеа во здравство, какви пациенти имале, практично плацебото е и тоа како реалност. И обична вода во шприц што се вели ќе делува кај некого. Точно е и тоа дека постојат и такви пациенти кои самите се убедени дека еден лек е ефикасен, а друг не е или се случува ниеден лек "да не делува" се додека докторот не поразговара со пациентот.
 
Последно уредено:
Јас лично верувам дека постои плацебо ефект и истиот навистина постои. Едноставно писхата е страшна работа. Човек кога е болен и не паничи, туку верува во тоа дека ќе му помине и дека ќе биде подобар од терапијата, истиот ќе биде и подобар и побрзо излекуван, но нажалост има и такви кои не веруваат во терапијата и во тоа дека ќе им помине, па и процесот на боледување им трае подолго. Сепак, дури и во оние тешки ситуации кога човек боледува од рак или останати тешки болести, добрата мисла и вербата во тоа дека ќе биде подобар допридонесуваат многу бар за минимално подобрување на состојбата. Е сега има и еден негативен плацебо ефект, ако воопшто е плацебо ефект, а тоа е она кога здрави луѓе ќе слушнат дека некој од нешто се разболел и они почнуваат да ја чувствуваат таа болест, иако немаат никакви симптоми кои медицински може да се докаже дека постојат.
 
Ме интересираат неколку работи. Дали е можно човек да:

Развие/почуствува пласебо за одредена супстанца која ја конзумира, а кон сите други да не почуствува? Пример, ти даваат пласебо за разни тегоби, и на 10/10 не осеќаш никакво подобрување, после ти даваат 11-то, и од него осеќаш бенефит?

Друго, дали е можно заради голема количина на скептицизам нешто да не ти работи иако доколку би имал неутрален став кон истата супстанца би работела? пример, имам еден многу негативен комшија, на кој "ништо" не му помага, дури и официјални медикаменти, па дури и стероиди. What kind of BS is that?

@Daedalus, @AlternativeF.
Плацебото делува на болка и уште неколку психосоматски појави, али не помага таму кајшто се потребни реални фармаколошки ефекти и обратно, ако нешто треба да има реални фармаколошки ефекти, ноцебо и плацебо не треба да го намалуваат ефектот. Затоа кога се тестираат лекови, се тестираат наспроти плацебо и ако ефектот е сигнификантен, се пушта у промет откако е поставен фармакодинамичкиот модел у претходните тестирања.
 
Можно ли е да има одреден лик селективно пласебо? од 10 продукта да нема плацебо, а од 11-от да има?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom