Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добив награда? хмм![]()
Има цела тема на форумов за спамирањето по меилови кои го прават со наградни игри. На секој втор му стигнало вакво нешто. Ако ти е досадно барем распрашувај ја таа Зотиќ, истролај ја по меил![]()
Не е лажга, спам е... и манипулација. Платено ти е сместувањето со тоа што ти е пресметано во цената за превозот. Обично така функционираат овие „награди“.
Плус моментот „приватни апартмани“ е многу сомнителен. Може да биде и „couchsurfing“со тоа што фактички е бесплатно.
Ја не би идел во секој случај, барем не додека не најдат сместување кое можам да го ѕирнам на нет... нешто хотелче, мотелче и сл.
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 14:22 ---
Ахаха... ја би идел на оваа варијанта. Пиши и дека си ептен заинтересиран и ти и цел чопор луѓе, само не знаеш кај е агенцијата, па ако може да те земат од дома. Така ќе видиш колку се всушност заинтересирани да ти ја дадат „наградата“.![]()
Ви текнува на шемите на туристичките агенции кога пред неколку години во поштенските сандачиња сите добивавме известување дека сме добитници на неодоливи одмори и сместувања? Потоа, кога ги контактиравме во врска со наградата, добивавме одговор дека се што треба да направиме за да ја искористиме наградата е самите да си ги платиме трошоците за патување, кои се разбира мораше да и ги платиме на истата туристичка агенција. Годините минуваат, трендовите се менуваат, поштата стана електронска, но финтите остануваат исти.
![]()
Минатата недела многу интернет корисници во Македонија добија пораки од агенцијата Јупитер дека освоиле наградно патување во Прага. Дел од нив беа револтирани што добиле таква промотивна порака, и сметаат дека нивните лични податоци се неовластено искористени за директен маркетинг.
За да ги разјасниме работите се консултиравме со Дирекцијата за заштита на личните податоци, побаравме одговор од Агенцијата Јупитер, како и мислење од дел од луѓето што ја добија електронската пошта од Јупитер за наградното патување.
Македонските интернет корисници: „Јупитер ни праќа спам, од каде им се нашите податоци?“
Спорното во овој случај е што многу луѓе не сакаат на нивниот личен и-мејл да им стигнуваат рекламни пораки за кои не се согласиле да ги добиваат. Многумина велат дека никогаш не се регистрирале или сложиле да добиваат реклами од агенцијата Јупитер и се револтирани што нивните лични податоци неовластено се користат за директен маркетинг.
Јупитер: „Корисниците ни ги имаат оставено податоците“
Сепак од агенцијата велат дека е-маил адресите ги добиле од некоја од нивните Facebook апликации на кои корисниците своеволно се логирале и им дале пристап до нивните податоци:
- „Сите наши корисници и фанови кои по пат на постирање или лајкување на нашите страни, при влегување во некоја од апликациите кои беа поставени на статик .FBML за конкретни производи во текот на целото лето, своеволно кликнале ALLOW (дозволи) во формуларот даден од Facebook, кој овозможува пристап до нивните лични податоци и е-маил адреса од нивниот FB профил. Без таквото барање од FB апликацијата, како што сите знаеме, би биле многу брзо отстранети од FB заради нелигитимност на апликацијата, па дури и блокада за спам. Вкупниот број на нашите фанови, од сите фан-страни изнесува околу 250.000. На овие страни имаше и сеуште...
/линк до целата статија на Кајгана/
-