"Бесплатен" одмор од туристичките агенции

Член од
16 јули 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Se delat apartmani za 6 lica...
Dali e izmama ili navistina ubav odmor???
Dali nekoj iskoristil vakva ponuda, ...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Se delat apartmani za 6 lica...
Dali e izmama ili navistina ubav odmor???
Dali nekoj iskoristil vakva ponuda, ...
А колку пари ќе треба да платат тие шесторица што ќе го добијат апартманот?
Како и да се свртиш, г'зот ќе ти биде пак позади. Веруј.

Ќе ти измислат некој друг трошок, не се секирај, кој ќе го покрие цело патување. Ова порано го имаше со спамерските „награди“ што ги ставаа во сите поштенски сандачиња.
Само сега му текнало на некој да го организира преку Facebook.
 
П

Пепси_

Гостин
Абе улаф е некој да ти плати одмор во грција оти сум му лајкал слика или шотизнам ццц:tapp:
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
А колку пари ќе треба да платат тие шесторица што ќе го добијат апартманот?
Како и да се свртиш, г'зот ќе ти биде пак позади. Веруј.

Ќе ти измислат некој друг трошок, не се секирај, кој ќе го покрие цело патување. Ова порано го имаше со спамерските „награди“ што ги ставаа во сите поштенски сандачиња.
Само сега му текнало на некој да го организира преку Facebook.
Acid ден денес стигаат "награди" у сандаче пред некој ден ми стигна "честитката" само редизајнирана, живи глупости.. да лажат народ:tapp:
 
V

Vollstandig

Гостин
Јас добив, и апартманот е бесплатен, само што решив да одам на крф, ми се јавија дам и ги кажат трошоците, и фактички повратна карта и други глупости, како патничко осигурање, па незнам што друго, кошташе 300 евра по човек. Патувањето за 2-ца, требаше 600 евра да дадам од старт.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Јас добив, и апартманот е бесплатен, само што решив да одам на крф, ми се јавија дам и ги кажат трошоците, и фактички повратна карта и други глупости, како патничко осигурање, па незнам што друго, кошташе 300 евра по човек. Патувањето за 2-ца, требаше 600 евра да дадам од старт.
и јас така...за на Крф...ми побараа и број :) од телефон......и од сметка :)
добија од мене едно...
"АБЕ...ШО ВЕ Е*АМ......."
 
T

Tetro

Гостин
Ова порано го имаше со спамерските „награди“ што ги ставаа во сите поштенски сандачиња.
Само сега му текнало на некој да го организира преку Facebook.
Почнаа да штедат на поштенски марки.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.607
Поени од реакции
14.447
Пред некое време ми стигна на фејсбук случајно порака:

.........

Здраво Христијан !
За Промоција на новиот апликациски софтвер на Јупитер, по случаен избор од Фејсбук Базата Ви ја доделуваме последната Летна Награда!
Апартман за 3 евра од ноќевање/за 6 ноќевања на островот Крф во Грција!!
Во повратна порака испратете ми го Вашиот телефонски број за да можам детално да Ви објаснам кога и како можете да ја искористите оваа понуда и бенефициите што следуваат со неа.
Имај убав ден!

.......
Оддел за наградни игри
Т.А. ЈУПИТЕР Македонија
контакт телефон:........

Да не е некој запознаен со ова ? Да не има некој и искористено ваква награда ?
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Другар доби ваква награда, но не се јави затоа што знаеше дека е лажна. Ти провери си :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Ви текнува на шемите на туристичките агенции кога пред неколку години во поштенските сандачиња сите добивавме известување дека сме добитници на неодоливи одмори и сместувања? Потоа, кога ги контактиравме во врска со наградата, добивавме одговор дека се што треба да направиме за да ја искористиме наградата е самите да си ги платиме трошоците за патување, кои се разбира мораше да и ги платиме на истата туристичка агенција. Годините минуваат, трендовите се менуваат, поштата стана електронска, но финтите остануваат исти.

Минатата недела многу интернет корисници во Македонија добија пораки од агенцијата Јупитер дека освоиле наградно патување во Прага. Дел од нив беа револтирани што добиле таква промотивна порака, и сметаат дека нивните лични податоци се неовластено искористени за директен маркетинг.

За да ги разјасниме работите се консултиравме со Дирекцијата за заштита на личните податоци, побаравме одговор од Агенцијата Јупитер, како и мислење од дел од луѓето што ја добија електронската пошта од Јупитер за наградното патување.

Македонските интернет корисници: „Јупитер ни праќа спам, од каде им се нашите податоци?“
Спорното во овој случај е што многу луѓе не сакаат на нивниот личен и-мејл да им стигнуваат рекламни пораки за кои не се согласиле да ги добиваат. Многумина велат дека никогаш не се регистрирале или сложиле да добиваат реклами од агенцијата Јупитер и се револтирани што нивните лични податоци неовластено се користат за директен маркетинг.

Јупитер: „Корисниците ни ги имаат оставено податоците“
Сепак од агенцијата велат дека е-маил адресите ги добиле од некоја од нивните Facebook апликации на кои корисниците своеволно се логирале и им дале пристап до нивните податоци:

- „Сите наши корисници и фанови кои по пат на постирање или лајкување на нашите страни, при влегување во некоја од апликациите кои беа поставени на статик .FBML за конкретни производи во текот на целото лето, своеволно кликнале ALLOW (дозволи) во формуларот даден од Facebook, кој овозможува пристап до нивните лични податоци и е-маил адреса од нивниот FB профил. Без таквото барање од FB апликацијата, како што сите знаеме, би биле многу брзо отстранети од FB заради нелигитимност на апликацијата, па дури и блокада за спам. Вкупниот број на нашите фанови, од сите фан-страни изнесува околу 250.000. На овие страни имаше и сеуште...

/линк до целата статија на Кајгана/

-
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.080
ја прочитав и потполно се согласувам, порано не сум добивал во сандаче ништо али ова сега да. Нонстоп некакви награди нема врска дали е од агенција или не али се почесто од македонски спамери. Чиста лага е и она со Пегасус агенцијата што за 30 евра добиваш лет до Истанбул. Сакав да аплицирам до декември наводно се е пополнето, чисто се сомневам. Башка од 30 евра па нагоре што не е стандардна цена туку зависи кога идеш, и само еден правец без аеродромско такси иако викаат дека е со вклучено.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
вчера ми стигнал баш ваков меил дека сум добил 2 ноќевања во прага со доручек и за дополнителни информации да сум им прател број на телефон -.-
а што е најтрагично не сум ни се преплатил ниту на нивната страна , ниту на нивната страна на фб ниту пак на билокаква апликација... ова ке да ме „шитнал“ некој пријател од фб :Р лаком гз за гага патување кое не ма никакви шанси да го добие којзнае што прифатил таму :P
им одговорив и ги запрашав од каде мој податоци па чекам одговор ...
сепак мислам дека треба да ги троламе фб малце во врска со законот заштита на лични податоци :)
па на крај може и некој $ да се извади од нив поради злоупотреба
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Јас добив емаил, а не сум никаде регистриран.

Но, не се само тие. Добивам и од други серизони фирми, како Топшоп (Дормео), новава компанија што стопанисува со аеродромот.

На Топшоп дури и кликнав на unsubscribe, и еве уште добивам пораки.

Порано се отарасив од некој спамери на кои им звонев ноќе во 4-5 сатот на мобилен, ама кај некој не помага го имаат исклучено телефонот.

Во главно македонскиве спамери користат емаил сервери на Онет, затоа што нема заштита за релај на емаиловите. Се јавував и во Онет му пракав email source за да видат, ама ништо не превзедоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom