Грција ги затвора граничните премини

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
крајно време е нашите големци да бараат алтернатива,ама не им се работи или не се способни за тоа или пак наидуваат на опструкции од другите страни ?! директно и индиректно досега многу работи зависеа од грција,каде македончињата трошеле,трошат и ќе трошат доста пари од своите буџети по одмори и шопинзи - треба малце да им се предочат на грчињата сите факти и за тоа дека ние не им сме виновни за она што им се случува
 
Ништо да затвараме фирмиве и да отвараме семкарници. Катастрофа ова стварно не ми требаше, а немам ни грам веќе у магацин. :(

Имам испратено камион со пиперки до Атина, сега ајвар ќе станат додека ја отворат царината. И после и за робата ќе не товарат да им ја платиме.
А за назад имам роба која клиентите во Скопје ја чекаат веќе недела дена, мислам стварно нема смисла ова.
 
Мамицата нивна веќе претераа! По три дена стојат на терминали и камионите кој идат од Турција, абе ова вака веќе неможе. Кој нас ќе ни ги плати трошоците?
Мислам во ред е нека си протестираат али ова ги надмина сите граници, секоја недела по три дена стоиме во колона од 50км. Неподнослива ситуација е ова со Грција.
Нив таа работа не ги интересира.
Мора да навикнуваме,заштото се повеке и повеке штраjкове ке гледаме во Гр.
 
Пак нај многу коментари и теми за Грција има, ех македонче македонче, гледај си го сопствениот двор, а не да се занимаваш со другите, затоа што ти си последна група на свирало..
 
Пак нај многу коментари и теми за Грција има, ех македонче македонче, гледај си го сопствениот двор, а не да се занимаваш со другите, затоа што ти си последна група на свирало..
Некој зависи од грција ... не е се така едноставно :tapp:
 
Пак нај многу коментари и теми за Грција има, ех македонче македонче, гледај си го сопствениот двор, а не да се занимаваш со другите, затоа што ти си последна група на свирало..
Не замарај бе свирко!
 
Баш сакам да знам дали Македонија може да покрене постапка против Гејлада при ММФ за опструкција и попречување на слободната трговија?

Бидејки овие работи се случуваат премногу често, треба Македонија да бара оштета за својата економија (се разбира и другите земји погодени од нивното демократско општество) со главен аргумент дека ако гејлада неможе да си ги реши внатрешните проблеми, не треба другите економии да страдат.

Се разбира ваква постапка да се потегне (ако воопшто може) баш во моментот кога мислат дека се извлекле од кризата.
 
Дека не се мирисаме со Грците е повеќе од очигледно, ама мене ме восхитува солидарноста и соединувањето на народот. Кај нас едни ќе бојкотираа, едни ќе речеа дека соросоиди го прават тоа, а пак трети ќе речеа владата го прави тоа и пак шака народ ќе исправа криви дрини.

Ах бе македонче... разединето до трето колено.
кај нив имаат синдаикати за кои ние само може да сонуваме. кај нив кога ке се рече работниците да штрајкуваат никој не вика ама знаеш мене од партија вака така туку сите до еден искачаат на штрајкови и прават невиден хаос у сообраќај низ улици и слично... кај нас пола и више се партиски вработени по државниве фирми ( тие неколку шо останаа ) другите се по приватни фирми вранотени кај шо газдата не го боли за политика... да беа сите и кај нас под државни фирми океј не сите поголемиот дел ете - и да им ја намалеа платата за едно 30% да видиш како ке искочеа сите до еден на штрајк.. шо мислиш зашо се толку сеа соединети грците? од шо им е убаво?
--- надополнето: Sep 28, 2011 1:47 AM ---
Ништо да затвараме фирмиве и да отвараме семкарници. Катастрофа ова стварно не ми требаше, а немам ни грам веќе у магацин. :(
додека ти се заебааш и си играш курташак тука на форумов некој губи огромни пари благодарение на штрајковите... леандра објасни му на ПП што работиш и како се губат пари со затварање граници па може ке свати.

мене не ми е јасна една работа. - како може тоа да затвараат граници? штрај си е штрајк се знае оди пред влада министерство собрание.. што такво бараш на граница? и ете ако сакаат да затвараат граници.. затвори ги 2 3 4 саата а не цел ден
--- надополнето: Sep 28, 2011 1:48 AM ---
Се разбира ваква постапка да се потегне (ако воопшто може) баш во моментот кога мислат дека се извлекле од кризата.
ако може нека се покрене што е можно поскоро! да знаат дека не треба да се заебаваат со гранични премини и да праат што сакаат и шо ке им текне.
 
додека ти се заебааш и си играш курташак тука на форумов некој губи огромни пари благодарение на штрајковите... леандра објасни му на ПП што работиш и како се губат пари со затварање граници па може ке свати.

Јас незнам ТИ со што се занимаваш пријателе и искрено во моментов и не ме интересира, но очигледно дека не си ја сфатил сеуште поентата на иронијата. Јас имам градежна фирма која се занимава со хидро и термоизолација и моментално чекам од Грција да ми стигне робата, а немам веќе ни грам изолација у магацин, а објектите ми стојат и плаќам пенали за овој штрајк. Така да молим те следниот пат твоите малограѓански изјави и изреки, со примеси на полови органи, упати ги кога ќе бидеш апсолутно сигурен во тоа што го тврдиш.
 
Баш сакам да знам дали Македонија може да покрене постапка против Гејлада при ММФ за опструкција и попречување на слободната трговија?

Бидејки овие работи се случуваат премногу често, треба Македонија да бара оштета за својата економија (се разбира и другите земји погодени од нивното демократско општество) со главен аргумент дека ако гејлада неможе да си ги реши внатрешните проблеми, не треба другите економии да страдат.

Се разбира ваква постапка да се потегне (ако воопшто може) баш во моментот кога мислат дека се извлекле од кризата.

Мислам дека може да се жалвате. Пред извесно време имавме истиот проблем со Грција и добивме 30милиони евра компензација но мислам дека беше од ЕУ не од ММФ
 
Јас незнам ТИ со што се занимаваш пријателе и искрено во моментов и не ме интересира, но очигледно дека не си ја сфатил сеуште поентата на иронијата. Јас имам градежна фирма која се занимава со хидро и термоизолација и моментално чекам од Грција да ми стигне робата, а немам веќе ни грам изолација у магацин, а објектите ми стојат и плаќам пенали за овој штрајк. Така да молим те следниот пат твоите малограѓански изјави и изреки, со примеси на полови органи, упати ги кога ќе бидеш апсолутно сигурен во тоа што го тврдиш.
од прво мислев дека се заебаваш со тоа „ГРАМ“ не ни знаев дека станувазбор за изолација.. друг пат кажу -сепак ја погрешно сум те сватил.
се извинувам.
 
Пак нај многу коментари и теми за Грција има, ех македонче македонче, гледај си го сопствениот двор, а не да се занимаваш со другите, затоа што ти си последна група на свирало..

Гркоманче мало, пак се појави со овие гадни постови..?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom