је је, а они шо се ситат на нашата? тоа као демек, ок е ..
-.-"
А бе сакале неќеле тоа е јбг, ни мене не ми е мило ама мора да признаеме дека сме економски поврзани.
--- надополнето: Sep 27, 2011 8:37 AM ---
БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ГО БЛОКИРАА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ
Во обид уште повеќе да ја интензивира соработката со македонските компании, менаџментот на Солунското пристаниште, односно државната компанија која уште од 2001 година доби концесија од Владата да менаџира со пристаништето, до 2014 година најавува подобрување на инфраструктурата, нов магацински простор за лежарина на стоката и олеснување на условите за транспорт, но и набавка на нова опрема.
Сепак, според информациите од фирмите кои соработуваат со пристаништето, сите тие инвестиции зависеле од обемот на работата што ќе ја има пристаништето до идната година, а според тврдењата на компаниите, најавите и не се толку задоволителни. Токму затоа менаџментот се обидува да привлече што поголем број клиенти, меѓу кои и македонски компании, преку намалување на цените на услугите и најава за подобрување на истите. Но, константните штрајкови од страна на грчката администрација, било да се земјоделците, железничарите или цариниците, сe уште се кочница за поголема трговска соработка. Штетите што во период на протест ги претрпуваат македонските компании се повеќекратни. Застој на стоките и камионите на граница или во магацин, пенали поради доцнење на одредени испораки, терминални трошоци на граничните премини, оштетување на производите поради претранспортирање, губење на квалитет на осетливите производи, изгубена добивка, неостварен приход, загуби на ден, застој на процесот на производство како и зголемени трошоци поради преупатување на испораките преку алтернативни превозни правци. Ако се земе предвид и дека сите шест докови на пристаништето се поврзани со железнички пруги, а многу често работи само една, тогаш повеќе од јасно е дека македонските компании трпат вистински главоболки во соработката со пристаништето.
“Има проблеми и од ваша страна, особено во делот на брзината на возовите, но мора да признаам дека поголеми се проблемите од грчка страна. Факт е дека грчката железница мора да се реконструира и тоа е во процедура, а се очекува финализација идната година. Според европската регулатива, грчката железница е обврзана да го либерализира железничкиот сообраќај. Мислам дека и во вашата држава е слично, што значи дека можностите за соработка ќе бидат поголеми доколку се случи тоа. Кога имате приватен инвеститор блокадите од страна на вработените се сведени на минимум. Од заемен интерес е да се случи тоа“, изјави Михалидис.
НЕМА ЗАМЕНА ЗА СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ
За најголем дел од македонските превозници Солунското пристаниште е најдобра варијанта поради близината и пониските цени, но освен константните протести и чекањето по 24 часа на царина, дополнителни главоболки им задава неефикасноста на вработените на пристаништето. Искуствата на домашните компании кои континуирано работат со Солунското пристаниште покажуваат дека ниту едно обично истоварање или товарење на пристаништето не се одвива без подмитување на вработените. Такво искуство неодамна имал и нашиот соговорник, кој од оправднани причини сакаше да остане анонимен, но за да го долови моментот ни раскажа една таква случка на поткупување на работниците за навремено завршување одредена работа.
“Тарифата на кранистите им е педесетина евра и е крајно вознемирувачки кога го знаете ова и кога треба да платите за обичен товар за кој треба еден ден да се истовари, а вие мора да платите дополнително доколку не сакате за истоварање на истиот да чекате дополнителни два дена. Буквално немате избор - или ќе платите или ризикувате да доцните со испораката на стоката, затоа што тие вработени се подготвени и намерно да го доведат возилото во дефект само за да добијат екстра пари“, објаснува нашиот соговорник.
На Солунското пристаниште е дозволено и приватна фирма да врши истоварување и товарење на контејнерите, опција која иако е поскапа, во голем број случаи ја користат и нашите компании. Во моментов на пристаништето работат 450 луѓе заедно со администрацијата и работниците на доковите, што е двојно помалку од 2000 година, кога вработени биле вкупно 850 луѓе. Менаџментот коментира дека иако имало потреба, во овој момент речиси невозможни биле нови вработувања поради рестрикциите од Владата. Недостигот од работна сила го компензирале со кратење на смени, особено на патничкиот терминал, кој и не се смета за толку атрактивен и профитабилен. Ако пред неколку години од пристаништето секој ден испловувале по три бродови, сега истата бројка важи за една недела.
Кога ќе се соберат лошите искуства на македонските компании и кога на тоа ќе се додадат илјадниците тони стока која изминатиот период во стотици контејнери стоеше блокирана во пристаништето во Солун, оправдано е прашањето има ли алтернатива за Солунското пристаниште. Иако уште од минатата година за македонските компании на Солунското пристаниште има посебни попусти, сепак, познавачите коментираат дека тоа не е доволно за привлекување поголем број компании, посебно во услови кои забрзано се развиваат пристаништата во Бар, Драч и Бургас, со што конкуренцијата се зголемува. Овие пристаништата се блиску, но патната инфраструктура е во лоша состојба, што ги прави поскапи и понедостапни за македонските компании. Менаџментот на Солунското пристаниште е свесен за рапидниот развој на пристаништата во соседните земји на Балканот, но засега не чувствуваат остра конкуренција.
“Ако зборувате за пристаништата во Драч и во Бургас, сметам дека се развиваат, но немаат направено посериозни чекори во делот на контејнерскиот превоз. Можеби во иднина ќе треба да ги прошират пристаништата, да направат нови објекти каде што ќе се чуваат контејнерите и којзнае, можеби ќе можеме и ние како пристаниште да соработуваме со нив. Не мора секогаш да се гледаме како конкуренција, мора да има и соработка, како на пример во делот на карго-превозот. Може одреден товар и ние да пратиме на тие пристаништа во услови на пребукираност на наша страна, затоа што на крај, главна цел на пристаништето е комерцијата, стоката да стигне до крајните корисници“, изјави Михалидис.
И МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ
Услови за зацврстување на трговските позиции на Македонија во Грција веќе се појавија со најавената приватизација на Солунското пристаниште, но засега ниту државата, ниту приватните компании не изразија особен интерес за концесионерство или купување на дел од пристаништето. Во моментов Грција поседува 75% од пристаништето во Солун. Поради економската криза, која силно ја зафати Грција, државата реши да продаде уште 23% од својот дел на приватни инвеститори до крајот на годинава. Според претпоставките на менаџментот, поверојатно е наредната година да се случи продажбата, по што државата ќе остане со 51% удел во пристаништето, а приватните инвеститори со 49%. Во моментов приватни инвеститори се помали акционери, бидејќи пристаништето котира на берза и секој може да си купи акции, но претпоставките се дека останатиот дел, кој најверојатно ќе биде карго-терминалот, поради неговата атрактивност ќе се продаде на некој посериозен и поголем инвеститор. Во моментов 5% се во сопственост на инвестициски фонд од Велика Британија, а 20% во рацете на помали акционери.
Инаку, пристаништето е со длабочина од 12 метри, но менаџментот најавува дека со инвестицискиот циклус длабочината ќе достигне и до 16 метри. Планирана е и експанзија на шестиот док, чија површина ќе се зголеми за 500 метри и ќе биде долг вкупно 1.000 метри. Во моментов пристаништето располага со 620.000 метри квадратни простор, механичка опрема за товарење и истоварување стока и посебен дел за контејнери. Нуди услуги за товарни бродови, крајбрежен превоз и крстосувања, закотвување на бродовите, како и паркинг за автомобили и поврзување со патна и железничка мрежа. Пристаништето е опремено со самодвижечки кранови, дигалки и трактори. Менаџментот планира реализација на инвестициите уште од следниот месец, најпрвин со експанзија на шестиот приод за товарни бродови, во делот на инфраструктура и во делот на зголемување на капацитетите за чување на стоката.
Парите веќе се обезбедени од страна на грчката Влада и Европската инвестициска банка. Станува збор за 250 милиони евра, кои ќе почнат да се трошат уште од идниот месец. Се очекува реконструкцијата на шестиот приод да биде завршена до 2014 година, а придобивките од тоа ќе бидат за 500 метри зголемена површина, длабочина од 16 метри, капацитет за 1,2 милиони контејнери, бидејќи во моментов има капацитет за само 300 илјади контејнери. Пристаништето има изработено инвестициски план за наредните пет години, кој вклучува и развој на зоната каде што ќе се врши поправка на бродовите, а ќе се развие и автомобилскиот терминал.
СОЛУН НАЈМНОГУ СЕ КОРИСТИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЧЕЛИК И ФЕРОНИКЕЛ
Со бродски транспорт најмногу патува македонскиот челик, фероникел и контејнери со разна стока, а со бродски транспорт во Македонија најмногу пристигнува стока од Кина, Бразил, Индија, Јапонија и од други далечни земји. Макстил, Миталстил, Фени и цементарница Усје се компаниите кои најмногу увезуваат и извезуваат преку Солунското пристаниште. Шпедиторски компании пак, кои оперираат како контејнерски превозници се Фершед, Медитерејниан шипинг компани, Контраст, Дени интернационал, Форшпед логистика, Фортранс, Блу вел, Транслог...
ТРАНЗИТ НА МАКЕДОНСКА СТОКА
Низ пристаништето во Солун во 2010 година транзитирале 18.584 контејнери со македонска стока, која или се извезувала или била увезена од прекуморските земји. Според податоците на транспортерите и шпедитерските компании, повеќе од 90% од македонските стоки кои се извезуваат или увезуваат преку бродски транспорт одат преку пристаништето во Солун.
Извор