Лига на шампиони 2011/12

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ми се свиѓаше тоа што Червар не повика тајм-аут иако разликата од +8 падна на +3. Не ми се свиѓаше што го форсираше играчот со број 7 (знам дека на претходните мечеви беше најдобар) кога вчера играше ужасно. Станиќ бранеше феноменално, а и Диви имаше некои „диви“ одбрани. Ми се допадна како игравме во одбраната, а и во нападот имавме повеќе расположени играчи што досега ретко се случувало. За навивачите за ракометните тимови во Македонија, па ни Вардар во ЛШ немаше којзнае каква поддршка, само трибината позади голот. Што се однесува до Металург, Минчо требаше да си оформи нова ракометна екипа во Аеродром, да ги превземе МЗТ Скопје и ФК Скопје и ќе беше се подруго, сигурно на секој меч ќе имаше бар по 1.500 навивачи.
Почеток на полувремето беше па можеби затоа не зема тајм-аут. Сигурно Червар очекувал потешки моменти што за среќа не се случија.

За формирање нова екипа, во Аеродром на пример, е малку смешно да се коментира. Не се формира екипа тука така. Можеби ти немаш слушнато за РК Металург, ама тој клуб не е од вчера и во него има луѓе кои се во ракометот цел нивни живот. Тие го водат клубот. Ние ги гледаме Червар и ракометарите на телевизија, ама тие се само дел од клубот. За тие ѕвезди да имаат добри услови некој мора да знае да раководи со клубот. Такви луѓе не се купуваат со пари. Ако направиш нов клуб, такви луѓе тешко ќе најдеш.
Инаку, РК Металург секогаш бил финансиран од Железара (подоцна Мак Стил), ама во последниве неколку години имаат ептен поголем буџет отколку претходно.
 
Очекувам победа на Металург од 3-4 гола разлика.. Денес исто игра Атлетико Мадрид па очекувам и од Кире едно 7-8 гола..
 
Кој црн македонски менталитет, па тоа не е можно. :mad:
На 17-21, имаме три напади за реализирање и зголемување на пет разлика.. и не успеавме да ги реализираме, а со тоа и да издвојуваме победа, а после тоа и голем пад на играта..не реализирани пенали.. страшно.
Среќа на крајот нерешен резултат извадивме, а можевме да имаме лесна победа, штета..
 
Е добро де со бод одлична шанса за понатаму. Бидејќи најверојатно овие ќе испаднат (Ст. Петерсбург) нема да носиме бодови од нив такада ништо страшно. Вистинските дуели ќе бидат со Констанца и Висла.
 
Е да, на крајот е добро, ама ако го глеаше целиот натпревар ние заслуживме победа, мада со таа игра и тој пад на крај требаше и да загубиме за да му дојди памет за друг пат.

А со Констанца и со Висла на гостински терен нема што да бараме. ;)
 
Како бе нема што да бараме со Констанца и Висла на гостински истите посебно Висла е слаба екипа ги гледав со Констанца на домашен терен едвај победија еден разлика губеа цел меч а Констанца е просечна екипа.
 
Штета за Металург...
Имаа победа во џеп...
Голманот Богданов ги куртули Русите од сигурен пораз...
Колку само тешки топки скина,пенали,заицери.....:eek:
И секако БРЗОПЛЕТОСТА на некои играчи на Металург...
Посебно Стојчевски,две клучни топки на крај ги фрли во неповрат.....:tapp:
Се гледа дека нема сигурност во својата игра.и нема искуство за вакви тесни завршници,во кои не е дозволена никаква грешка....
Станиќ одличен на голот...Миркуловски,Мојсо ФЕНОМЕНАЛНИ....
Вистински лидери на тимот,посебно морам пак да го пофалам Миркуловски,дечкото е неверојатен во последно време.....
Марковиќ си го расипа впечатокот со промашените пенали.....
Другите играчи под нивото....
Одбраната затаи,еден куп голови од брз центар,бавно затвораа простор.....
Сепак и ремито е одличен резултат.....
 
Од денешните мечеви..
Очекувани победи на АГ Копенхаген(скандинавскиот дрим тим)-го растурија Пик Сегед...36-24...
Шамбери-Савехоф 33-30....
Тешка победа на Французите,тесна утакмица...
Фуше Берлин-Виве Киелце...30-27...
Како се насадија Пољаците:D
Речиси 55 минути водеа нон-стоп..и застанаа....
Како мали деца ги губеа топките...и Фуше ги растури од контри на крајот....
Јурашик-КАКВО ДРВО,леле,леле....:D
Митков е подобар од него....:pos:
 
Кил - Монпење играат сеа, има пренос на Сител 3.
 
Подобро кажано-Акамбре со 8 гола,голманот Штокл и ГРАНИТНАТА ОДБРАНА...го победија Кил на домашен терен...
Ракомет следам долго време,и не ми текнува кога последен пат Кил дал само 23 гола на еден меч,и тоа на домешен терен...:eek:
Одбраната на Монпеље беше СТРАШНА:cool:....
Плус на голот Штокл....

Монпеље ја успори играта во напад,си играше на долги напади и не згрешија...:)

Кил немаше игра,се мачеше...немаше одговор за ваков бавен ритам на игра.......
Ако не беше Омејер ќе изгубеа со поголема разлика....
 
И јас не памтам ваков резултат, се гледа каква одбрана се играше...од голманите дури и пенал не се даваше упм.Него мора да се напомене дека се играше премногу грубо посебно Французите.Инаку го гледа некој Атлетико и Кире??
--- надополнето: Oct 9, 2011 7:07 PM ---
21-16 моментално.
 
Одбраната затаи,еден куп голови од брз центар,бавно затвораа простор.....
Сепак и ремито е одличен резултат.....

Истото се случи неколку пати и против Копер. Тоа е слабата точка во одбраната, а и до сеа целат на тоа противнициве...

Инаку, Миркуловски :cuc: Многу напреднал последнава сезона...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom