The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 114
Неколку теми ( далеку од очи-далеку од срце, современа врска, врска преку нет.. ) ми дадоа идеја за оваа тема. Значи имате ”врска” ( пак ќе речам тоа за мене не е врска но.. ) со некој/а кој е далеку од вас и со кого се гледате еднаш-два пати годишно или пак некој со кој живеете во иста држава а различни градови и со кој си ”чатате”. Е сега, мала е веројатноста ваквите врски да успеат, но ете се дешава и успеваат. Дали на еден од двајцата или пак и на двајцата нема да ги/ве мачи тоа што се случувало во меѓувреме? Дали биле со други? Што правале? Дали можеби имале уште една врска паралелна на оваа? Значи прашањето/целта ми е .. Врската успеала да остане, но ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО МЕЃУВРЕМЕ? И дали некој од двајцата кој ”забегувал” додека ”биле заедно” ќе ја имаа таа храброст да каже што правел во меѓувреме? Можеби има такви кои не прават ништо? Знам дека ве има такви на форумов па..?
:wink:
