Врската успеала но..

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Uspeva ako ste dovolno bliski da ne vi e gajle sto se slucuva vo meguvreme...da vi e dovolno toa sto go imate megu Vas... a ako se pojavi ljubomora togas toa ne e pravata vrska koja ke ve ispolni ni koga ke bidete zaedno
 
Ljubov preku messenger?

Ova tema ja imam postaveno i na drug forum, i bash me interesira sto lugeto od Kajgana mislat?
Dali moze da nastane ljubov preku MSN, ili e samo toa nekakva strast, opsesija kon nekogo, ili pak samo zabluda?
 
Jagotka напиша:
Ova tema ja imam postaveno i na drug forum, i bash me interesira sto lugeto od Kajgana mislat?
Dali moze da nastane ljubov preku MSN, ili e samo toa nekakva strast, opsesija kon nekogo, ili pak samo zabluda?

Се е тоа во ред, само на овој форум има мал милион слични теми ... ти ја споив со оваа, дека прва ми се најде ...
А на темава како што веќе имам кажано ... може да се роди некоја заблуда, а љубов може да се нарече откако ќе стане реална ...:pipi:
 
Би чекале ли?

Вашиот партнер од одредени, оправдани причини (образование, работа и сл.) треба да ја напушти земјата на подолг временски период. Оддалеченоста е голема, нема да бидете во можност да се гледате со што врската се сведува на минимална комуникација. Дали би останале со партнерот и зошто?

Каде е границата, колку долго би можеле да чекате?

Од што ќе зависи вашата одлука? Дали од времето кое сте го поминале заедно или од тоа колку долго ќе бидете разделени? Можеби, несигурноста во верноста на партнерот или потребата за секс ќе бидат пресудувачки фактори?

Што е со емоциите, ќе избледат ли тие со текот на времето или далечината само ќе ја зацврсти вашата врска?

Доколку решите да чекате, сметате дека вашиот однос ќе остане ист како и претходно или свесни дека работите ќе се изменат, па дури и во негативна насока, сепак ќе чекате?

Што во обратна ситуација, кога вие сте тие што треба да заминат? Би сакале партнерот да ве чека, би го барале тоа од него, или едноставно ќе ја прекинете врската?
 
Доколку станува збор за сериозноа врска, сметам дека не би ми било пречка. Иако далечината си го прави своето. Чувствата може само да се смират, но да се оладат не. Ако знам дека таа, за некое време ќе се врати повторно назад, со се’ поголем ентузијазам ќе го чекам нејзиното доаѓање.
Иако комуникацијата е еден од наглавните фактори за функионирањето на една врска, сметам дека ако и двајцата сакаме врската да опстане, таа ќе опстане и со минимално ниво на комуникација.
Сепак, и покрај тоа што верувам дека би можел да чекам, знам дека кога таа ќе се врати назад, некако и покрај целиот ентузијазам, ќе ми фали нешто. И покрај тоа што таа ќе биде тука, ќе чувствувам дека нешто не е како што треба.
Емоциите би можеле да се зацрвстат само на еден начин. Ако и двајцата сватиме дека не можеме еден без друг, тогаш мислам дека би се постигнало едно погорно ниво во врската.
За секс, па што знам. Не верувам дека ако има вистинска љубов, повремената апстиненција од секс би ме натерала да се откажам од врската.
Целта ги оправдува средствата.
Доколку јас сум оној кој заминува, ќе оставам на партнерката да одлучи дали таа може да чека или не. Ако она ги согледа работите на начин дека таква врска не може да опстане, јас колку и да сакам да не биде така, таа сепак ќе залади.
Се’ се работи од човек до човек. Не може ништо да се глобализира кога станува збор за чувства и емоции... Посебно затоа што љубовта е така комплицирана појава:smir:
 
па овака...како прво се зависи од тоа каква била врската..ако е некоја кратка мислам дека нема шо да се бара такви процедури...секој по својот пат и готоо...а доколку врската траела година две и ако постои вистинска љубов помеѓу тие двајца...тогаш ја би ја чекал секако со претходен разговор помеѓу двајцата....е сеа она ако не сака такво нешто и покрај долгата врска ондак раскинување и тоа е тоа....
 
па би требало да се чека АКО се сакаме...
како што се кажало во The Mexican
Ако двајца се сакаат, ама од некоја причина не им оди, кога ќе пукне филмот, кога ќе се стави крај? --- Никогаш, се додека се сакаат.
Па така сметам дека и далечината би можела да биде една од тие причини.
Но, секој човек си има потреби и нагони кои треба да ги задоволи, па најдобро е да се договорат за спиење со други итн... политика
комуникацијата е клуч!
 
Не би можел да чекам. Со самото заминување во друга земја престанува врската и си посакуваме се најдобро колку и да е тешко. Не можеш да останеш у врска. Далеку од очи далеку од срце. Комуникацијата ќе се сведе на виртуелност...и ќе си праќаме онакви смајлиња со бацки:back: за да си докажуваме дека се сакаме?...Тешко е да се има врска на далечина...да се биде верен па одозгора не. Нормално прво нешто ќе дојде...желбата за љубење, галење и секс. Со кого ќе го правиш ти тоа ако рецимо она е таму на година ипол...ќе чекаш да се врати?...Пфф нема шанси...премногу е бајка за да биде вистинито. Емоциите не мора да значи дека ќе избледат а далечината во никој случај нема да ја зацврсти мојата врска. Никогаш нема да чекам. Само ќе порачам се најубаво...дека ја сакам...и доколку се врати некогаш...и ако се сретнеме повторно, ако сме слободни и двајцата...и ја има пак онаа магија...ќе бидеме заеедно. Ако ја нема ондак...have a nice shmek i nice life...тоа е!...исто и во спротивност..доколку јас треба да заминам...ја прекинувам врската!
 
далеку од очи далеку и од срце (кратко и јасно) :)
 
далеку од очи далеку и од срце (кратко и јасно) :)
Не би се согласила баш со ова..
Мислам добро сега секој различно сака и доживува некои работи, меѓутоа и двајцата братучеди се Америка, а девојките тука им се па уште се заедно веќе 5 години.
И јас мислам дека би чекала, во зависност од тоа колкава е љубовта.. (зборувам за кога ќе пораснам.. на 15 години не е баш некоја јака љубов), сепак убаво ми било со него, сакам да ми биди.. ќе бидам со него.. ќе истрпам да не го гледам пола година..:toe:
 
Не знам дали 5 месеци се рачуна како подолг период, ама за мене беше пеколен.
Меѓутоа, помина и ете, уште сме заедно.

Морам да признам, имаше огромни моменти на слабост, кавги, љубомора, ама кога се сака се` се можи, поготово ако се работи за љубов, така што, да. Би чекала и повторно истото да се случи.
 
Ау лошо... :( Нека не даде Господ да мора да го поминувам тоа... Ќе живеам во спомени, бидејќи друго и ќе нема. Но сепак би чекала. Само затоа што не знам како ќе се одвиваат работите кога ќе се врати. Инаку, имам забележано, дека јас и мојот партнер не функционираме многу добро кога сме разделени на подолг период (повеќе од 2 дена):wink:. Е, бидејќи тоа ми е засега долг период, не сакам ни да замислувам што ќе се случи ако 2 години се во прашање. Не е проблемот и прашањето за некој друг дека ќе ми се всели во срцето, туку за тоа дека ќе имам барем минимален сомнеж што се случува таму каде што е тој. Од мој агол, од мојата врска, сигурно е дека ако одиме во странство-одиме заедно. Тоа е поразумна жртва која може да се направи за да се докаже љубовта, отколку тоа да сме разделени на различни краеви од светот. Не знаеш што те чека кога ќе се врати... Не знаеш дали ќе го гледаш истиот човек пред тебе. Во тоа сомневање, лежи и најголемиот дел од тежината.
 
Свашта:)
Јас сум во таква врска (јас сум таа што замина). И еве, уште сме заедно, секој ден сме со саати на телефон, во текот на оваа учебна година јас се вратив дома два пати, тој дојде овде еднаш, сега за некое време пак јас ќе одам.. Што знам, нема договарања, нема ветувања, нема ништо такво... Ние бевме во неформална врска прилично кратко време и не си ветивме ништо, рековме дека ќе пробаме за да видиме што ќе излезе од сето ова. За да одговорам на прашањето - не, не барав од него да останеме заедно, ниту пак тој ми побара нешто. Немаше потреба од муабет и сеуште нема, јасно ни беше дека тоа што го доживувавме е посебно и дека не смееме да го сјебеме. Си кажавме - ако се ппојави некоја друга личност, кај било кој од нас двајцата - ќе бидеме искрени еден со друг. Ми се имаат пуштено еден куп додека сум овде (грди им се жените, не дека сум јас убава, лол), а знам дека истото му се случува и нему... Ама во ниеден момент не ми има дојдено на ум да направам нешто со некој друг, немам никаква потреба да имам секс со некој друг, проблемот со љубомората и несигурноста го решавам/е со ептен отворен и ептен искрен муабет, дури и кога тоа знае да биде болно.
Не ставам граници зошто не знам. Во моментов не ја гледам и затоа би ти одговорила нешто во стил на „Додека е тоа потребно“ или „Додека не најдеме начин да сме заедно“, зошто стварно тоа го мислам.. Ама кој знае, нели...
Кажав, заедно бевме многу кратко време затоа одлуката дефинитивно не ми зависи од тоа. Не беше рационална одлука добиена со некаков си калкул, не правев листа со предности и недостатоци, не се трудев да замислувам како ќе ни изгледа комуникацијата... Едноставно само знаев дека не ми е доста од него и дека сакам да продолжиме и понатаму. А плус мотивација ми беше што чувствував дека и нему му е исто така...
Емоциите се поцврсти, или би можела да го употребам поправилниот збор - подефинирани. Сега ми е многу појасно што и како чувствувам од претходно, многу сме поотворени еден со друг, многу ни е појасно до кај сме способни да одиме за оваа врска ...

Толку беа прашањата?

Иначе, за далеку од очи - далеку од срце коментарите... Во принцип секогаш сум се согласувала со тоа, некогаш ми беше доволно една недела далечина за не само од срце да ми се оддалечи туку и од меморија да ми избледи... Ама се дешаваат и посебни средби и се наоѓаат и посебни луѓе:) Јас добро се сеќавам како се запознавме, дека очи не можевме да тргнеме еден од друг, и како почнавме да се гледаме, и како не можевме да прекинеме да се гледаме... А и тоа во принцип не беше нешто што ме карактеризира (а ни него..:)), ама... Се дешава.
 
Далечината е како искра. Ако е права љубов, ќе се разгори. Ама ако не е, ќе се претвори во пепел.

Целата ситуација е премногу хипотетичка. Мислам дека не треба да има притисок дека партнерите мора да останат верни, не треба воопшто да се натоваруваат партнерите со обврската. Уствари целата работа треба да се препушти на волјата на партнерите. Зошто лесно е да се рече :"Чекај ме, јас те сакам, те молам не ме варај." Ама оттука следува и: "Сигурен/на сум дека нема да те варам, дека ќе те чекам, whatever for our love." Тешко е да се прават такви ветувања. Човек во ништо не може да биде тотално сигурен зошто сите се менуваме и се` околу нас се менува.
 
па да ви кажам можно е мене да ми се случи тоа ама не е толку трагично....во Скопје ќе ми оди женската....ама болното е шо ќе си иде 1,2 месечно и имам правено со неа муабет...она нејќе да ја прекинеме врската...нејќам ни ја ама сепак фактот дека нема да се гледам,да бидам со неа е болен ама ќе се трпи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom