Врската успеала но..

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека се слични темите,споено.
 
За да успее една врска, треба да има психичка и емоционална исполнетост на двата партнери. За да има емоционална психичка и сексуална исполнетост на двата партнери, тие треба да се` гледаат. За да се гледаат треба да се физички блиску. Ако едниот шврљал на страна, тогаш тој во себе длабоко е свесен за неговиот пропуст(или добар потег, зависно од тоа какво ,,парче" паднало во кревет) и со текот на времето, ќе почне да постапува сомнително и сам ќе се издаде. Ништо не останало скриено. Од ојле дојле, кога-тогаш, ќе се дознае. И тогаш е дефинитивен крај. Ако едниот си курташачи на страна, тогаш е кукавица, неодговорен и нема храброст да се погледне во душата и да си рече: ,,Чекај бе, заслужувам да сум среќен и чист пред себеси и другите". Жалосно, би рекла...
 
Би се зачудила...:)
Премногу генерално зборуваш...

Јас би рекла, премногу теоретски.
 
Вашиот партнер од одредени, оправдани причини (образование, работа и сл.) треба да ја напушти земјата на подолг временски период. Оддалеченоста е голема, нема да бидете во можност да се гледате со што врската се сведува на минимална комуникација. Дали би останале со партнерот и зошто?

Каде е границата, колку долго би можеле да чекате?

Од што ќе зависи вашата одлука? Дали од времето кое сте го поминале заедно или од тоа колку долго ќе бидете разделени? Можеби, несигурноста во верноста на партнерот или потребата за секс ќе бидат пресудувачки фактори?

Што е со емоциите, ќе избледат ли тие со текот на времето или далечината само ќе ја зацврсти вашата врска?

Доколку решите да чекате, сметате дека вашиот однос ќе остане ист како и претходно или свесни дека работите ќе се изменат, па дури и во негативна насока, сепак ќе чекате?

Што во обратна ситуација, кога вие сте тие што треба да заминат? Би сакале партнерот да ве чека, би го барале тоа од него, или едноставно ќе ја прекинете врската?

Нормално дека би останал, барем во најмала рака би настојувал на тоа и би превземал секаков вид на иницијатива за врската и покрај горенаведената појава, да остане конституирана.
Причината околу тоа ''зошто '' е едноставна и веќе добро општопозната.
Личности со која си изградил посебен облик на комуникација и взаемна поврзаност и приврзаност воедно, неизмерна љубов, потреба, начин на живот кој комплетно те исполнува и ти ги пополнува критериумите (барем од тој аспект или област на љубовно поле) комплетно, има разбирање за тебе и твојот став, те прифаќа како индивидуа без разлика на одредените драстични разлики и силните контрастри во ставовите, интересите и сите форми и начини на живот.
И без разлика колку некој да настојува да констатира дека е сеедно заминувањето на партнерот кој го сакаш, и дека секогаш се наоѓа друга која ќе го пополни тоа место, барем од моја гледна точка, не е валиден концепт (иако е индивидуално), пошто не ми е сеедно со кого сум, а поготово не, кога веќе сум изградил нешто или некој однос ( од исклучителна важност) со некоја.

Каде е границата, колку долго би можеле да чекате?
И тука се работи за индивидуализам и за субјективно изградена концепција и пристап кон овоа проблематично прашање.
Не сум размислувал посериозно, не би можел прецизирано да одредам, ама тврдам дека би чекал и би бил трпелив прилично подолг период.
Не ја поседувам таа незадржлива и нагонска потреба да пикнам јазик во било која уста или кур во нечија женска анатомна одлика.

Од што ќе зависи вашата одлука? Дали од времето кое сте го поминале заедно или од тоа колку долго ќе бидете разделени? Можеби, несигурноста во верноста на партнерот или потребата за секс ќе бидат пресудувачки фактори?
Одлуката пред се е во зависност од, како шо веќе напоменав, односот на взаемност и поврзанот и таа форма на заеднички начин на живот кој се изградил помеѓу двете дотични индивидуи, сите пропратни елементи, ствари и интими кои ја содржуваат таа целина или систем на карактеристики кои сте го изградиле и кој е конкретно и строго само помеѓу вас.
А, тоа колку време ќе трае таа разделба е фактор од позадина (доколку се работи за релативно пократко време).
Веќе напоменав за таа сексуална потреба, ама ќе потенцирам пак.
За кој кур ми е тоа пикање во нечија женска дупка, кога освен тоа нема ништо?
Или бутање јазик во нечија уста?
Страстите и потребите имаат импакт и своја улога, ама ги ставам зад разумот и свесната одлука, а пред се како најважно желбата да се одржи врската и взаемната поврзаност.
Пресудувачки услови не ми се во никој случај.

Што е со емоциите, ќе избледат ли тие со текот на времето или далечината само ќе ја зацврсти вашата врска?
Една од причините и можностите валидно да се конституира, утврди и покаже колку таа врска некому му значи.
Барем ја така гледам на работите.
Иако е индивидуално и има мал милион концепции и пристапи кон оваа проблематика.
Таа оддалеченост и неможност да сте заедно, само ќе потврди, колку партнерот ви значи и од какво само значење е неговото присуство и неговата взаемна интеракција со вас.

Доколку решите да чекате, сметате дека вашиот однос ќе остане ист како и претходно или свесни дека работите ќе се изменат, па дури и во негативна насока, сепак ќе чекате?
До промена секако иде, тоа е иманентно, а сега дали во позитивна или негативна насока е дискутабилно и во зависност од повеќе фактори (ставот и концептот кон таа проблематиката на партнерите поединечно, претходната форма на врската, желбата да се остане и да се биде заедно како и желбата и тенденциите константно да продолжи и функционира врската итн.)
Пошто, како шо напоменав, во никој случај не е сеедно, барем на оние шо им значи врската.

Лично ја, да, би чекал.

Што во обратна ситуација, кога вие сте тие што треба да заминат? Би сакале партнерот да ве чека, би го барале тоа од него, или едноставно ќе ја прекинете врската?
Нормално дека би барал чекање и трпеливост, сериозен разговор пред тоа заминување, разгледување и анализа на сите аспекти и можни последици пред се, без било какво претходно интервенирање и реагирање.
Анализирај, па реагирај, многу едноставен систем.
 
Ух, колку само ми се испомешаа емоцииве дури ве читав. Во еден момент бев исполнет со доверба и среќа,а веднаш потоа со несигурност и гнев. Мене баш ова ме очекува.И да бидам искрен многу ме плаши.Не заради тоа што не верувам во незината љубов,туку заради сите неубави слики на кои што сум бил сведок. :( И многу често се нервирам бидејќи знам како одат некој работи,за кои што во моментов искрено сакам појма да немам...

И на крај решавам да не мислам се до моментот кога ќе се случи нештото..а после тоа....сами нека течат работите.
 
Јас би рекла, премногу теоретски.
Теоретски? Посочи ми го делот кој ти изгледа таков, да напишам и користена литература.:wink: Ти и Анастазија сте имале такво искуство, да бидете без партнерот долго време, односно ,,да бидете" ама да не се гледате... Затоа претпоставувам дека ,,теоретското ми" излагање, се` однесува на делот каде велам дека мора да се гледаат за да биде тоа здрава врска. Секоја чест за вас, но јас тоа не би можела да го изведам, затоа ставот ми е таков каков што ми е. Мојата пракса покажува, дека совршено функционирам само кога сум во непосредна близина на партнерот. Врската со партнер кој е физички присутен, е неспоредливо посигурна и поисполнета, затоа што ги чувствуваш неговите шеги, лутења, каприци, емоции, испади, романтичности, МЕНУВАЊА, а во странство каде што ве поврзуваат жици и спомени, тоа не можеш да го направиш. Со останатото претпоставувам дека се согласуваш, дека не можеш да знаеш дали партнерот ти е верен. Можеби ќе речеш, дека и додека ти е пред нос партнерот не можеш да знаеш дали те изневерува, но тоа веќе ќе биде ,,теорија" во град како Скопје каде секој со секој се знае. Да не правам муабет за помалите градови. :back:
 
Со останатото претпоставувам дека се согласуваш, дека не можеш да знаеш дали партнерот ти е верен. Можеби ќе речеш, дека и додека ти е пред нос партнерот не можеш да знаеш дали те изневерува, но тоа веќе ќе биде ,,теорија" во град како Скопје каде секој со секој се знае. Да не правам муабет за помалите градови. :back:

Ама ти запна со тоа дека мора да е до тебе за да е на кратко ланец, и дека не можеш да знаеш дали ќе е верен или не, а во Скопје се се дознава. Мене па смешни ми се овие верност муабети кои се форсираат на темава, зошто, како што кажав, верноста е најмалиот проблем, бар кај мене. Немам потреба да го пратам во чекор, немам потреба да сум до него за да сум мирна, многу сум посигурна од тоа. И не би ни била во врска за чие функционирање треба да сме 24/7 заедно, зашто, „совршено функционираме само кога сме во непосредна близина“. Има еден куп поголеми и побитни нешта што можат да држат двајца заедно - љубовта пред се, а потоа и заеднички цели, амбиции, желбата да се повторат убавите моменти и да се создадат нови, поубави од нив...
Да биде јасно, не пробувам да те разубедам ниту да ти речам дека врската ви е нестабилна или незрела или што-и-да-е. Ама сакам да посочам на тоа дека некогаш МОРА да се прават жртви. Рече дека ти би одела секаде со него, а што ако во дадениот момент не си во можност? Финансиски, поради обврски, поради лични причини? Што ако ти мораш да одиш а тој има некаква причина поради која не може да те прати во чекор, бар во дадениот момент? Ќе ставиш крај на врската или ќе тте јаде љубомората зошто не знаеш дали е верен? Те убедувам дека не би го направила тоа, ако навистина си заљубена и блиска со него како што пишуваш. Понекогаш мораш да истраеш, кога чувствуваш дека тоа ќе е за подобро.
Да, тешко е да се поднесе далечината и да, се трудиме да најдеме начин во најбрзо можно време да сме заедно, ама засега - невозможно е. Никогаш поради тоа не би го жртвувала она кое го имаме.

И многу често се нервирам бидејќи знам како одат некој работи,за кои што во моментов искрено сакам појма да немам...

И на крај решавам да не мислам се до моментот кога ќе се случи нештото..а после тоа....сами нека течат работите.

А јас како, од прво лилце совет:) Да не се нервираш, да не мислиш на лошите примери, да не и зборуваш неа за нив. Сите тие „лоши примери“ се на трули однатре врски кои и така и така би пукнале. Колку што има и лоши има и добри, а вие сте сосема своја приказна, со свои моменти и сосема поразлични од сите останати.. Со среќа;)
 
Vrskite na dalecina uspevaat samo ako dvajcata se sakaat i se spremni da se zrtvuvaat.Bez razlika kolkavi se.Pomalite obicno obozavaat da se fraerat i se muvaat so sekoi, a na pogolemite im e potreben seks i sl.Nie sme edni od tie koi uspeale.A bese tesko stvarno.Ama moras da pomines niz mnogu trnja za da uzivas.I nie se gledavme po ednas vo mesecot i toa so teski maki ama izdrzavme i sega zaedno ziveeme.E posto sega sum "zavisna" od nego mislam deka sega da treba ne bi izdrzala. Ne deka ke mislam deka me vara tuku ednostavno potreben mi e do mene. Sto se odnesuva do varanjeto i dvajcata se izvaravme na pocetokot i toa koga bevme zaedno(vo istiot grad).Znaci dalecinata ne e pricina za varanje i glupiranje.
 
Не знам дали би успеала, кај некои секако дека би. Кај повеќето веројатно не би.

Можам за себе да кажам, врска која се сведува на 2-3 физички контакти годишно за мене не е врска.
Батали ти љубов и емоции и уанс ин а лајфтајм прилики, шо врска е тоа ако не ми е тука кога ми се гушка, кога ми се мази, кога ми се секса? Вебкам и контакт во живо не е ни приближно исто доживување.
Нејќам љубов со тастатурата и телефонот, сакам човечки допир.
Башка со месеци треба да живеам со копнеж по денот кога конечно ќе го видам и слични филмски драма ствари, па тоа е патња човече.

А шо знам, може и вака зборам дур не се испозаљубам така опасно ко пијан Шкот, мада познавајќи се себеси, не верувам дека во било какви околности би можела да се задоволам со топлина во градите и спомен во главата, врска е за мене кога ќе се изматеријализира копнежот, желбата, страста.

Не би го чекала, не би очекувала ни он да ме чека ако треба јас да заминам. Ветувања за верност и такви глупости секако ќе траат до првата подобра прилика. А ако стварно е толку голема љубовта, без никакви ветувања не би имале желба да бидеме со други.
 
Ne vikaj 2pati. I jas mislev deka se zaebavame i se zaebavav mnogu normalno.Ne ni pomisliv deka posle tie nekolku dena ke go vidam pak a kamoli da se zatreskam vo nego i da zamisluvam deka ke ideme. Ama ete se sluci.Ni jas neznam kako:)
 
Кога ќе треба да заминам во некоја држава, ако сум во врска во тој период ќе ја прекинам врската. Исто очекувам и од другата страна, ако треба да замине во странство.
Врска не се одржува со скајп,мсн, фејсбук и веб-камери. Нема еротика у тоа. Блискост не се искажува со саатите поминати на мсн,нити со љубовните смајлиња,нити со незнам шо.
Поентата не е во тоа шо као оу ќе отидам тамо ќе испо**ам, ќе ја варам или шо знам шо. Поентата е во смислата на врската. Врската на далечина е бесмислена и го арчи времето на двајцата,поготово ако едниот се покаже малце посесивен ,па ќе почне со муабети од типот стај се на мсн коа ќе си доеш од кафана за да знам дека си дома и слично.
Сепак, ако станува збор за некое патување каде што она едноставно ради школо или работа треба да отиде, а е на пример до месец дена највише, би било во ред.
Или пак ако треба да седи негде година, две-раскинуваме па коа ќе се врати ако сме сингл и има хемија нишо нема да не спречи пак да си бидеме заедно. Ама ова никако не треба да биде договор(има и такви ш осе договараат за овие работи да да) пошо ќе му дое ко голема обврска и едната страна стопосто ќе биде повредена на крајот.
 
Сум била сведок на две такви врски, каде едната успеала, другата не.
Врската што успеала, успеа мислам дека само поради привременото отсуство на партнерот. Другата врска, партнерите беа од различни градови...имаше постојани кавги, љубоморни сцени, непотребни замерувања и прашање на време беше кога човек ќе речи е ДОСТА Е сега...

Јас сум повеќе „старомоден тип“ и сакам контакт очи в очи, сакам да ги гледам покретите на партнерот, изразот на лицето, говорот на телото...
Не би можела никогаш да прифатам врска на жици. Имало врски што успеале (свака им част), не велам не, но јас едноставно не сум од тие луѓе.
Сакам гушкање, бацвање, милување, да знам дека ако не го видам денес ќе го видам утре.
Ако сето ова го немам, едноставно не можам да подлегнам на такво психичко малтретирање. Сакам да знам кај е партнерот и со кој е. Иако не сум љубоморен тип, овие информаци ми се потребни за да бидам мирна кога тој е излезен без мене.
Можам да замислам колку би биле кавгите поголеми кога тој не би бил во ист град. Договорено време за на мсн, ограничени телефонски разговори и цела врска некако ми изгледа на форсирана работа. Па зошто не беше на мсн кога се договоривме, па интернетот е слаб... некои работи подобро изгледат кажани отколку напишани. Да заборавиме една насмевка да ставиме додека контактираме со некој по мсн, одма работите изгледат поинаку.. Па после објаснување, правдање.. едноставно премногу е..
Јас кога се карам со некој, сакам да го гледам в очи. Досега ниту еднаш се немам скарано со партнерот по телефон. Секогаш инсистирам да е в лице.
На телефон и на мсн сме многу похрабри, можеме да бидеме се што сакаме.

Не би прифатила таква врска. Кога носев одлука дали ќе студирам во друг град, му реков на партнерот дека ако одам во друг град ќе ја прекиниме врската.
Ќе повторам, не можам да бидам во врска со помислата дека не знам кај е тој, што прави, со кого е, да се прашувам дали ми е верен, да не можам да го видам и да го гушнам и бацам.. не можам да бидам себична, да знам дека ќе се гледаме ретко а да му држам предавања дека не треба да ме изневери. Не сум таков тип...
 
Ако искрено го сакам,би му верувала,но ако ја злоупотреби мојата доверба...клоците и чао...ако не ме сака,нема си каже...културно ке си завшиме..нема потреба од изневерување...:nenene:

:helou:
 
Свашта:)
Јас сум во таква врска (јас сум таа што замина). И еве, уште сме заедно, секој ден сме со саати на телефон, во текот на оваа учебна година јас се вратив дома два пати, тој дојде овде еднаш, сега за некое време пак јас ќе одам..

Толку беа прашањата?

Си ме разнежнила додека те читав...

Само уште едно :) иако излитено, пошто сметам дека однапред го знам одговорот. Според твоето изјаснување вие сепак сте се гледале, иако тоа било еднаш на ајде да речам 2-3 месеци. Мислиш ли дека ќе успеевте да ја одржите врската да не беа тие средби на пократок период? Пошто, едно е да знаеш дека нема да го видиш цела година, а сосем друго кога имате можност да се гледате секој 2-ри или 3-ри месец.

Нормално дека би барал чекање и трпеливост, сериозен разговор пред тоа заминување, разгледување и анализа на сите аспекти и можни последици пред се, без било какво претходно интервенирање и реагирање.
Анализирај, па реагирај, многу едноставен систем.

Би барал, најсериозно? Сметаш дека имаш право да бараш такво нешто од некој, да бараш да те чека на неодредено време или барем на многу долг период додека ти одиш некаде да го живееш животот или да исполнуваш животни соништа? Тоа е пеколен период, буквално измачување. Јас би и ја препуштила одлуката на другата страна, не би се осудила да барам ништо.

Или мислеше на тоа дека се надеваш дека типката трпеливо ќе чека...?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom