Врската успеала но..

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Неколку теми ( далеку од очи-далеку од срце, современа врска, врска преку нет.. ) ми дадоа идеја за оваа тема. Значи имате ”врска” ( пак ќе речам тоа за мене не е врска но.. ) со некој/а кој е далеку од вас и со кого се гледате еднаш-два пати годишно или пак некој со кој живеете во иста држава а различни градови и со кој си ”чатате”. Е сега, мала е веројатноста ваквите врски да успеат, но ете се дешава и успеваат. Дали на еден од двајцата или пак и на двајцата нема да ги/ве мачи тоа што се случувало во меѓувреме? Дали биле со други? Што правале? Дали можеби имале уште една врска паралелна на оваа? Значи прашањето/целта ми е .. Врската успеала да остане, но ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО МЕЃУВРЕМЕ? И дали некој од двајцата кој ”забегувал” додека ”биле заедно” ќе ја имаа таа храброст да каже што правел во меѓувреме? Можеби има такви кои не прават ништо? Знам дека ве има такви на форумов па..?:icon_lol::wink:
 
Не мие е јасно. Како според тебе врската успеала ако они се лажеле за тоа време додека не се заедно?
 
Па се дешава.. едниот Скопје, другиот Охрид. Од кај можам јас да знам дечко ми во Скопје што прави секој петок на вечер? Може мене да ми вика тој дека учи, дека спие и триста други филмови а уствари да се плетка со која ќе стигне и јас појма да немам. Ова само како пример. И ај кажи дека не може? Или па ако седи на компјутер и чата со мене ( а кога ќе дојде времето за да излезе т.е кога ќе го викнат другарите мене ќе ми рече ”немам пари морам да си одам” ) значи дека мие верен и дека до бескрај ме сака!?!? Ма дај. Кажи дека вакви работи не се дешаваат? И секако едната од двете ”странки” во врската нема појма. Да не зборувам пак ако се прекуокеански.. ееее!:kez: А врската успеала, затоа што едниот мудро молчел цело време.
 
И зашто по секоја цена да се заедно ако во меѓувреме не се целосно посветени на одржување на она кое им значи дотолку та го оставаат да постои и на далечина???

А и... Ако имаш доверба ќе имаш и да е он у Америка и да е у Ѓорче...
 
Не мора да значи дека ако дечкото со кој си заедно 3 години го изневериш со некој .. автоматски престануваш да го сакаш.:wink:
 
Абе кој како си ја наредил работата. Ама мислам дека ако постои таков проблем во врската на далечина, обавезно ќе излезе тоа на виделина порано или подоцна. Неможе ни тој да ја тера така работата до бескрај, на крај и краева ќе му здосади.
 
За мене љубовта веќе е уништена кога свесно изневеруваш. Можда уште ќе патиш и ќе ти е жал, па и да ти прости - љубовта ја губи својата прва чистота.
А во врска со темата... Ма ако се сакаат двајца и ко порано, по десет години да не се гледаат ќе трае тоа уште. Ако не се сакаат ко што реков - и да се комшии исто им се фаќа...
 
Лелелеее темава не е могуче, колку ми е погодена.
Не знам, јас не би кажала. Мислам би сакала да му кажам на едниот кој е далеку, дека тука имам врска, ама нема да можам. Нема да знам како. Ќе се чуствувам крива што сум криела толку време дека веќе имам некој....
Најдобро е само што ќе започнеш друга врска, да го известиш тој далеку, бидејќи на две столчиња не можеш да седиш. Ако он знае дека таму веќе имаш некој, но дека ти и понатаму ќе го чекаш, океј е. Па на крај краева не сум му јас жена на него...а и кој денес е верен на далечина? Нема такви ...=)
 
ThA-BiTcH напиша:
...а и кој денес е верен на далечина? Нема такви ...=)

Јас сум верна до гроб. Немам срце да варам.
 
Сестра ми 5 години имаше слободно можам да кажам врска преку телефон со дечко и, само 2.5 месеци во годината се гледаа. Али ептен се сакаа ваљда. Првата година и кусур и двајцата си излегуваа едно друго, си беа ептен луди али и ептен мали беа, она 2ра година он 1ва факултет, си имаа ептен посебни животи (дури и во Македонија живееја во други градови). После ептен се осериозија и едноставно и двајцата не сакаа од дома да излегуваат затоа што не им беше интересно без другиот. Си љубомореја, се караа, не знам веќе што, и сите мислевме дека врската им е ненормална, али ете им успеа. Се земаа пред повеќе од една година, и сега и бебе ќе имаат.
Според мене ако не двајцата, барем едниот го има изневерно другиот додека беа помали. Ако со љубомората се искажува колку сакаш некој, тогаш двајцата се сакаа НЕВЕРОВАТНО многу. Али ете им успеа врската...неможеш да судиш за една врска според тоа кој каде е. Сеа факт е дека некои луѓе забегуваат али тоа е ваљда затоа што тоа што им треба физичкото им е побитно од емотивното. Мислам дека врската ако почне лонг дистанц што се вика, како што е преку форумов или телефон, или било како, неможе многу да опстане. Али ако има една добра основа на почетокот каде што можат и двајцата добро да се запознаат без да мислат дека утре треба да заминат некаде, тогаш има шанси да опстане. И ако вмешаните си добиваат поголема сатисфакција од емотивниот аспект на врската отколку физичкиот, тогаш има голема шанса да опстане. Нормално ќе има љубомора, али колку од таа љубомора е основана на нешто, тоа друго е.
 
Абе немојте така, тоа за мене е изживување со самиот себе,
Јас лично ако почнам таква врска , каде што ќе се гледам со типката само двапати во годината по еден месец, ондак одма би и отворил сериочен муабет, да не се лажеме у рок од 10 месеци додека не сум присутен (физички) сигурно ќе сака малку да има физичка љубов.
Од моја гледна точка јас го гледам како нормална работа и и како стекнување искуство повеќе кое може да биде од корист во врската,
единствено што би сакал да знам е тоа со кого , не за друго, за да не дојде до незгодна ситуација. Нормално ако постои јака душевна поврзаност меѓу партнерите ова нема да е проблем.
Е сега кога ќе стигне времето за земање а со тоа и автоматски губење на дистанцата се враќаш на нормала каде што не би требало да има такви „излети” со други особи.
Ако Партнерите знавистина имаат силна духовна врска и имаат потполно разбирање за меѓусебните потреби , сигурен сум дека ќе се договорат.
 
Колку само се нервирам кога не зборувате реално.
Добро да ве прашам (повозрасните only) што врска е таа, кога не си со него/неа цела година, па се гледаш после едно две - три недели, па пак не сте заедно уште една година? Нели врска меѓу двајца што се сакаат е да се заедно (и не се фрлајте одма, не мислам 24/7), да излегуваат заедно, да јадат заедно, да се смеат заедно, да се гушнат, да се бакнат, да водат љубов итн, итн, итн ...
Што има меѓу двајца кои не го прават тоа секој ден или секој втор - трет ден? Гласот или буквите и сликите на компјутер? Па ако е тоа врска за некого, незнам ...:nesvest:
И друго ... се фаќате за поимот љубов како да е нешто што победува све. Да, и јас го мислам тоа, но дефинитивно не ја победува далечината, каде што секој од партнерите секојдневно е опкружен со милион луѓе и каде што се големи шансите во момент на физичка слабост да ја поминат вечерта со некој друг. Немора да е тоа врска со другиот, доволно е само еднаш да е со него/неа, и да не е таа врска таква каква што јас мислам дека треба да е. И после ќе се правдаме со тоа "знаеш злато, јас имам свои потреби" и што е поглупаво, другиот да го голтне тоа? Не фала. Секој ја има таа потреба што порано или покасно ќе ја задоволи со некој/а, што ни од далеку не сте вие.
Да не почнам да зборувам за тоа што мислам за малиот милион примери на заљубени кои се во "врска", а не се ни познаваат лично:nesvest:
Таквите, па таквите ... што врска е па тоа?:ija:
Уствари, добро е тоа, што ... тоа значи дека јас можам од денес да сум во врска со Џорџ Клуни ... не мора да е со мене и да го познавам де ... мода е тоа, и успева ... зошто да не ми успее и мене? Мх, мх, мх!!!:je: :je: :je:

п.с. Во целиот муабет погоре, нека не се наоѓаат навредени тие што се исклучоци ... иако се ретки, не негирам дека ги има.
 
:)
А што е со оние кои успеале? Кои биле во врска на далечина, ја издржале далечината и сите искушенија на тоа да си далеку од љубовта? И не тука сеа одма - ама сигурно се изварале, зашто еве има и некои кои не изневериле и покрај се. Што со нив? Која е пречката за да се заедно кога ќе се сретнат пак? Не е тоа врска?
 
Добро, јасно читам дека напишав част и чест на исклучоци. Не се фаќај за влакно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom