Скутерчиња: Се за и околу нив

  • Креатор на темата Креатор на темата _FireFox_
  • Време на започнување Време на започнување
Sase91 напиша:
Априлиа РС125 нова бела.Е тоа е и проблемов со осмициве ми е .Во Велес се полага со чопер(кинески( имаат едни и за осмици мн тешки се а и тоа за линијата ко што слушнав не е така.Ги тераат да возат со 1 рака и за растојание од околу 30 метри да стасаат до 3 брзината.А тоа за у град мн заебано е кја нас многу горништа има и малце наназад да ти отиде ко што слушнав куткале одма(сеа колку е точно).Највише и за тоа ми е што се полага со чопер и тоа нема обука никаква само пола саат пред полагањето ти го даваат да имаш осет колку на брзини,кумплунг воа ноа друго нема ништо
Па сеа незнам таму како е... А со една рака??? А како ке мењаш брзини? Тоа е практично неизводливо... А тие таму полагаат или циркус си прават? Ако им е за циркус онда добро... А осмиците не се тешки... Само не треба нога да пуштиш. Се е до осетот на моторот. А не даваат да полагаш со твој мотор маме му е*ам.

Едит : Да не ја преоптеретуваме темава...
Па мојата обука беше еден ден пред полагање едно 1 час возење и да му го подземиш редот и да знаеш што да правиш. Вториот ден... Полагање и чао.
А ти треба да си побараш да повозиш пред полагање. Пр. ако си почетник и прв пат се качуваш на мотор??? Треба некој да те научи како се вози, како се менуваат брзини и сл. Значи мора да имаш барем еден час обука (колку да имаш осет на моторот со кој ке полагаш).
 
Додека е у брзина моторот само рака да кренеш и лева и десна на право.Не да мењаш брзини.А за тоа и ти зборувам за осетот со моторот.Да ми дадат на приемр неколку часа 3 доволни ќе бидат осет да стекнам колку а не овака дента на полагањето на мотор седнам.Па сега и црвен крст кој ќе седи таму па 2 дена по 3 саата ќе цркнам.Грда работа воа полагањево било
 
Коа сме више кај скутери и дефинитивно најбоље 50ка е italjet dragster. не за друго него зашо го имав пред едно 7-8 години, и беше монструмче :) http://www.scooterzone.co.uk/images/Italjet/Dragster yellow rearside.jpg
ама затоа ке си иам лузна на раката од 15цм цел живот :)
а што се однесува до кинеските скутери што ги има кај плоштад, земаа мои другари и не се нешто лоши, ама колку платиш -толку имаш :)
гаранција има САМО на моторот т.е. клип, цилиндар итн, се друго кочници, електроника итн е твој трошок
 
Итал џетот е друго. Се знае Италјански мотори. Но сепак би рекол дека не плаќаш квалитет туку само марката. Гаранцијата не ти брка работа... Важното е да вози, да не се расипува. Џабе ти е гаранцијата ако пола од времето наместо да возиш моторчето ти е по сервиси (без разлика дали е тоа бесплатно или не).
 
Некој ако се разбира, нека каже која е подобра марка? Kymco или Sym? (за мотори од 50 кубика)
 
vlatko напиша:
Некој ако се разбира, нека каже која е подобра марка? Kymco или Sym? (за мотори од 50 кубика)

Kymco :smir:
 
Според мене за ефтини пари да речам...1500 евра ако не се лажам најубаво е SACHS и XOR, посебно SACHS бидејки тоа е познат бренд на германски моторцикли...
 
XOR има некако по спотрски изглед (според мене)... Инаку тука се со SACHS. А кинезиве (не велам дека немаат квалитет ама) далеку се од квалитетот на Европјаните.
 
Дали ако ставам спид филтер ќе му го намалам векот на моторот(за кинеска веспа се работи) кажете според вас каков филтер да купам(марка, цена)
 
Мислиш Racing (метален како конусен е. Ако е тој...)? Не бе каков век... Од тоа се добива маалку на снага, подобар звук и толку. Предноста е тоа што 80% е метал така да можеш да си го периш= еднаш го купуваш и филтер после само перење.
 
Dzish напиша:
Мислиш Racing (метален како конусен е. Ако е тој...)? Не бе каков век... Од тоа се добива маалку на снага, подобар звук и толку. Предноста е тоа што 80% е метал така да можеш да си го периш= еднаш го купуваш и филтер после само перење.
Тој де печурката а марка да барам нешто K&N малоси полини или не е многу битно
 
Па ти објаснив... Марката нема некоја битна улога за скутер. За поголемиве мотори филтерот може да крене 3-4 коњски сили. А цената би требало да е некои 500-1000 денари. А тебе што те удрило во таков филтер?
 
3-4 КС на веспа е МНОГУ само со K&N да добиеш...претерано многу! 1 едвај ако можи...па и нека е 125ccm3...
 
Ај да си се пофалам :vozbud:
Вчера си купив т.е ми купија веспа:zlo:. Sym Jet Sport, се мислевме помеѓу Keeway Matrix, Generic XOR, али овој малце е поскап ама не се у иста класа со горенаведените:helou:
Вчера се развозев супер иде моторчето, ево слики да видите за кој модел зборам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom