Скутерчиња: Се за и околу нив

  • Креатор на темата Креатор на темата _FireFox_
  • Време на започнување Време на започнување
Си ме изнасмеал по сабајлечки :pos2:
Како бе неможе 200 да иде, ке го фрлам од водно надоле па да видиш ти неможе :pos2:
Значи викаш опција е да ги извадам пригушивачите а:lud:
зашто тоа и го барам малце поостар звук, ама да не заебам раабота а, нешто да не изгуби снага или така нешто?? Само да не го будам цело маало коа ке стигам :) Уствари многу ми е гајле :je: :motor: :je:
А ако више плеснам 200-300 евреи или колку и да е за ауспух да не биде само ради звук него да има и други позитивни страни, како 2 литра појше потрошња на 100 :D и барем малце снага
 
Па би рекол дека појке сила ке извадиш ако ставиш филтер за воздух racing отколку издув. А за придушивачите треба да почепкаш по форуми, да прашаш во продавницата од каде што си ја купил веспата (или ако си ја купил на старо тогаш ке најдеш кој продава нови па обрати се таму). Гарант некој ги има извадено пред тебе па може има некое мислење. Ако ги вадиш придушувачите сам на своја рака гледај се полека да извадиш па во случај да губи на снага ова она да можеш повторно да ги вратиш назад (уствари кај мене внатре во ауспухот имаше стаклена волна. Јас само го отворив лонецот ја извадив и пак го затворив. Звук лудило. Инаку имам ендуро 50 кубици :)). Не верувам дека ке биде дотолку бучна да го будиш цело маало на сабајле :). А ако планираш да даваш 200-300 евра за ауспух... Муабетот ми беше нема да има некоја којзнае каква разлика во одењето.
 
Dzish напиша:

МНОГУ МНОГУ погрешна претпоставка. Целата сила на секој мотор е во издувот. Затоа се полираат граните, а не се полираат „усисувачките“ грани (можи ама никаква промена речиси и да нема - додуше кај новите коли сите грани усисувачки се полирани). Мора да имаш салам балансиран издувен систем, џабе ти е и sport филтри...K&N филтри и што ти не...турбо полначи...абе што сакаш ставај...издувот е многу битен. Балансираноста на моторот е важен, без разлика дали е двотактен, четиритактен.

Е сега, каква улога ќе има ауспухот на моторче ...па макар и 125ccm3 тешко дека ќе добиеш многу ако го смениш ...1-2КС МАКС!

Ако е со ECU смени чип, ако е карбураторско...не знам...не ме бива многу за моторчињата ...за колите колку да сакаш можам да ти кажвам за овие не ...ама општо некои работи секаде важат...
 
За кола и мотор се исти. Муабетот ми беше издувот е важен затоа напишав погоре ако напрајш глупост може да изгуби на снага, а не да добие. А со филтер за воздух се добива додатен звук од моторот кој е баш она што ја ”рани” душата. А има ауспуси за брзински Yoshimura кои вадат 10 кс. Ама на 1000 кубици. Џабе ти е не канали да полираш и ауспуси какви сакаш да ставаш толку е сватете 125 кубици се во прашање. Клип буквално колку чаша за вода во обем. Моторите се сите со карбуратор систем така да чипот отпаѓа. А 1-2 кс може да биде 5км побрза на максимална. Е сега дали вредат тие 2 коња 200-300 евра...
 
еј пиплз, ај кажете ми нешто околу пежо спидфајт и џет форс, на ново. цена, вреди ли, брзина и сл.
дали да земам такво или некое поевтино до околу 1500 евреи, 50 кубика? што ќе препорачате до оваа цена? двотактно или четворотактно?
труп сум во ова поле, повелете, разглабајте.
 
kpbKENGUR напиша:

Имаш половни априлии СР50 за тие пари... многу добри.Може да ти понудам и Benelli со водено ладење од 98год за 1100.А за пежо не би ти препорачал пошто ко и колите... скапи му се сите делови.
 
сега го видов ова, Sym Jet Sport, што си го купил влатко. која му е цената, со што доаѓа(кацига, ракавици нешто...), издржливи ли се? ги фалат ли?
фала трте, ама 98 е престаро... сакам на ново да бапнам, или ако веќе зимам на старо да е макс 2-3 години, ама да е сепак некоја марка.
 
Спидфајт ти е 2400 евра.За тие пари подобро земи си Априлиа или Џилера!
А до 1500 евра земи Generic XOR, Keeway Matrix......
 
некако му ја мислам измеѓу keeway matrix, generic xor и peugeot v-clic... мислења?
мене некако матриксот ме влече...
 
kpbKENGUR напиша:
некако му ја мислам измеѓу keeway matrix, generic xor и peugeot v-clic... мислења?
мене некако матриксот ме влече...
Зборат дека Џенерикот е подобар од Кивеј. Ама како што гледам Кивејот добро се покажаа. Најубаво прашај си го Ацид за Џенерик да ти каже што како.......
 
kpbKENGUR напиша:
некако му ја мислам измеѓу keeway matrix, generic xor и peugeot v-clic... мислења?
мене некако матриксот ме влече...
Еве ти еден добар review за Generic-от. :wink:

Зимај или Матрикс, или Џенерик XOR. Пежото ич не ми прави мерак.
Пробај ги, седни на нив... види кој повеќе ти лежи и сам одлучи.

Јас го земав XOR-от затоа што далеку повеќе ми се свиѓаше на изглед, по „новски“ е и не е кинески :) Инаку, денес во задната гума ми влезе шилец од 5 сантима, па ја лепев. Мада, мислам дека некој намерно ми го збрцал дур бев во Топанско :pos: Taкво нешто не се нагазува случајно... :jaj:

Многу сум задоволен од скутерот иначе. Ја извадив блокадата и сега е далеку по моќен и по стартен. Максималната брзина на прво е околу 62-63 км/час. Со спортски ауспух ќе оди до 70. Повеќе од 60 за низ град не ни треба :wink:
 
Acid напиша:
Максималната брзина на прво е околу 62-63 км/час. Со спортски ауспух ќе оди до 70. Повеќе од 60 за низ град не ни треба :wink:
Ова мислеше на право?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom