Фантастика

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
Ја не знам за "Мартовски Хроники", али "Марсовските Хроники" се меѓу најпознатите дела на Реј Бредбери.
Тоа не е никаква есенска поема, ниту претставува омаж на По.
Станува збор за неколку приказни, во кои се обработува судирот на цивилизациите: Земјата е уништена за живот и Земјаните се населуваат на Марс каде што доаѓа до конфликтна состојба со домаќините (Марсовците, де).

Да, во право си. Овде е веројатно грешка во преводот на насловот на книгата. Јас не сум автор, ниту преведувач, само понудив текст кој неколку години го немам прочитано, а дремел во компјутер. Веројатно ќе има слични пропусти и понатаму, но мислам дека нема да бидат многу и дека се работи генерално за добро четиво.
 
Дали некој прочитал нешто од Tad Williams? Ми дојдоа до рака некои негови книги пред извесен период, па да прашам дали вреди да се прочитаат...

До сега ништо не сум прочитал од Тед Вилијамс, но имам слушнато дека Memory, Sorrow and Torn е одлично дело исто така и за Otherland имам слушнато доста пофалби. Негово најново дело е Shadowmarch кое исто така треба да е добро.

--- надополнето ---

Долниот текст е преземен од додаток во постаро, југословенско издание на стрип со Дилан Дог. Претставува своевиден водич во литературата на стравот и ужасот и делумно во херојската фантастика. Поради недостаток на време не можев да го преведам текстот, па за жал ќе го постирам во оригинал, на српско - хрватски. Хоророт е најблизок со фантастиката, па темава ми се виде најсоодветна.

Одлична листа, во иднина ќе се потрудам да прочитам дела од некој од овие автори. Во категоријата Готика би го додал Mervyn Peake чие дело Gormenghast(поточно првиод дел од трилогијата Titus Groan) неодамна го прочитав, навистина е одлично дело. Иако многумина овој автор го споредуваат со Толкин, според мене овие два автори немаат допирни точки.
 
Веќе се ближи крајот на 2010 година и би ги замолил љубителите на фантазија, научна фантастика, хорор, готика да кажат кои книги ги имаат прочитано оваа година без разлика дали се добри и лоши се разбира да и дадат соодветен коментар. Јас за кратко време ке направам своја листа, но сеуште треба да дочитам некои дела.
 
Мојот нај нај нај нај нај нај нај жанр,но во последно време слабо читам(work n stuff).

Досега имам прочитано дела од скоро сите познати автори,освен Филип Дик и Асимов.
 
Ми треба помош.

Од каде може да ја купам 2001: Вселенска Одисеја од Артур Кларк, по можност на англиски? И за пари шо како е? И да, ако ја има во Струмица, уште поарно.:) Фала.
 
Постирав веќе за книгата The Name of the Wind на Patrick Rothfuss во темата Книги кои би ги препорачале, но сметам дека и тука заслужува малку место.
Прв дел е од The Kingkiller Chronicle. За сега објавен е и вториот дел, The Wise Man's Fear. Авторот сèуште работи на третиот, The Doors of Stone.

Обично кога разгледувам книги, малку очекувам од оние од жанрот на фантастиката. Сега таквите во изобилство се објавуваат, па тешко е човек да наиде баш на нешто што ќе му се допадне. Книгава на прв поглед впечатливо ме заинтригира, а истата тоа чувство траеше и додека ја читав. Немав никакви очекувања пред да ја почнам, а и да имав, верувам дека воопшто немаше да ме разочара. Гласот на авторот (а и на главниот лик) уште од првите страници вешто го привлекува вниманието на читателот и го задржува и понатаму со раскажувањето на многуте случувања (кои во книгава ги има навистина многу). Најсилната страна на оваа книга е главниот лик - претставен како херој, но всушност неодоливо сложен човек со многу добра приказна. Начинот на кој авторот го гради својот замислен свет и неговиот хумор го одржуваат интересот кај читателот и се вистинско освежување.

Оние кои сакаат фантастика, а не знаат што следно да читаат, може да пробаат со оваа книга. Можеби и ним ќе им се допадне и убаво ќе ги изненади.

Еве еден цитат:
‘I have stolen princesses back from sleeping barrow kings. I burned down the town of Trebon. I have spent the night with Felurian and left with both my sanity and my life. I was expelled from the University at a younger age than most people are allowed in. I tread paths by moonlight that others fear to speak of during day. I have talked to Gods, loved women, and written songs that make the minstrels weep.
My name is Kvothe.You may have heard of me.'

16052012965.jpg
 
Мислам дека имаше тема Научна фантастика на форумов ама не можам да ја најдам. Ќе го објавам овде па ако треба преместете го.

Најдобрите раскази на Исак Асимов според ChatGPT

Најдобрите раскази на Исак Асимов опфаќаат голем број кратки приказни што ги прикажуваат неговите иновативни идеи, кои се истовремено интелектуално инспиративни и емоционално привлечни. Еве некои од најдобрите и најпознати негови раскази:

### 1. **"Nightfall" (Смрачување)**
Овој расказ се смета за еден од најдобрите научно-фантастични раскази на сите времиња. Асимов го истражува стравот и лудилото што може да настане кога еден свет, со неколку сонца, искусува мрак за првпат во илјадници години. Интересно е како го разработува човечкото искуство и реакцијата на мракот.

### 2. **"The Last Question" (Последното прашање)**
Ова е личен фаворит на Асимов. Приказната поставува прашање што се повторува низ вековите: дали може да се спречи термодинамичката смрт на универзумот? Одговорот е фасцинантен и покажува колку далеку Асимов ја замислува иднината на човештвото и на универзумот.

### 3. **"The Bicentennial Man" (Двовековен човек)**
Овој расказ ја истражува темата на човечноста преку животот на робот кој посакува да биде човек. Тој исто така поставува важни прашања за идентитетот и свесноста, кои се клучни теми во научната фантастика.

### 4. **"Runaround"**
Првиот расказ во кој Асимов го опишува познатиот "Три закони на роботиката". Оваа приказна покажува што се случува кога еден робот се наоѓа во ситуација каде што овие три закони се во конфликт, поставувајќи основа за понатамошни истражувања на етичките прашања поврзани со роботиката.

### 5. **"Reason"**
Во овој расказ, робот развива свои верувања и поставува прашања за своето потекло. Ова е значаен расказ затоа што го истражува конфликтот меѓу логиката и верата, а исто така ги прашува луѓето што значи "вистина" и како ја прифаќаме реалноста.

### 6. **"Liar!" (Лажливец!)**
Оваа приказна, од истата збирка со роботски раскази, ги истражува последиците кога робот може да чита мисли. Ова е уште една од многуте приказни на Асимов кои ги истражуваат етичките и моралните импликации на развојот на вештачката интелигенција.

### 7. **"The Dead Past" (Мртвото минато)**
Оваа приказна се занимава со откритието на машина која може да го гледа минатото, истражувајќи ги етичките и моралните аспекти на технологијата која влијае на приватноста и човековата природа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom