- Член од
- 19 април 2010
- Мислења
- 100
- Поени од реакции
- 20
Има некоја интернет книжарница која продава ф и нф книги?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Воа е за некој што ја има прочитано Нарнија на англиски. Одамна ја прочитав Нарнија првиот дел на македонски и некако воопшто не ми се допадна. Многу детска, мислам многу детско раскажувањето, а не приказната. На англиски ја немам прочитано бидејќи не ми се чита на пц книги, очи да вадам. Е дали и другите книги Нарнија се детски или првиот дел е таква или пак само поради преводот ми остави таков впечаток ?
Иначе фан сум на фантастични книги. А Автостоперски водич низ галаксијата ми е најглупавата книга до сега што сум ја прочитала. Приказната ми се допаѓа али оние делови што треба да се смешни ми се безврска. А пак филмот, тотален промашок (нели има и филм).
Има некоја интернет книжарница која продава ф и нф книги?
па да македонска од каде можеш да порачуваш книги(онлајн)
Може некој да ми препорача книга во која се обработува тема околу крајот на светот и после тоа? по можност да крајот на светот да е предизвикан поради војна однапред благодарам :smir:
Се согласувам со тебе дека овој жанр е потценет кај нас, но не само кај нас туку и во западните земји иако во помала мера.
Најчесто на луѓето кога ќе им се спомне фантазија тие помислуваат на детска литература. Проблемот кај нас што се преведуваат незначителен број на вакви дела, а и малиот број што е преведен не поседува некаков квалитет(со одредени исклучоци). Кај нас прво треба да биде напревен филм од некоја позната книга па потоа се преведува делото без разлика дали поседува квалитет или не.
Љубителите на нф и ф се приморани да читаат книги на англиски и српски. Има луѓе кои на криво гледаат на фантастичниот жанр мислејќи дека луѓето кои читаат таква литература се или забегани или имаат некаков ментален недостаток.
Имам читано низ разни форуми и интервјуа со познати автори кои тврдат дека кога се во друштво со други писатели се игнорирани.
Можеби низ листиве си го сретнал името на авторот Волф Џин, кој се смета за еден од најдобрите автори на фантазија и научна фантастика, но неговите книги не се бест селери(има разни дискусии на таа тема).
Мислам дека нема да ми замерат модераторите на форумов, но како и да е еве ти линкови на форуми во кој има интересни дискусии на овие теми: http://www.bestfantasybooks.com/forums/, http://www.sffworld.com/forums/.
Пред крај, можеби си прочитал за дебитниот роман на Милош Димковски "Мистергонија".
Случајно некој да не знае кај можам да најдам Star Wars книги, на пример во Солун или Белград или на друго место во соседниве земји?
Имам слушнато и за него, но никој не знае каде можам да ја најдам книгата. Да не ја има во Икона? Некој знае?
Би требало да има во Белград и во Солун, ако одиш таму прошетај малце изгледа ќе најдеш нешто, но мислам дека има и кај нас во книжариве Star Wars книги, како што имам гледано. Пробај таму може ќе најдеш нешто. Побарај на интернет нешто за Белград и Солун.
Книгата ја има во книжарница ТРИ.
Волф Џин и јас го немам читано бидејќи не можам да го најдам кај нас, имам слушнато дека неговите дела но се баш лесни за читање и се тешко сватливи. Јас за себе мислам дека не сум доволно спремен да го читам овој автор, но кај и да е за некое време ќе прочитам некоја негова книга. Мислам дека најпознат му е серијалот "Ново Сонце"(мислам дека го има на српски).
Слободно препорачај некои нф и ф книги што ги имаш читано и што мислиш дека се добри, иако сега немам многу време за читање може ќе добијам идеја за читање на некоја добра книга за во иднина. Јас пред некое време ја завршив Американски Богови од Нил Гејман ми беше препорачана од еден член на форумов (Сабазиј) , и не зажалив што ја прочитав, екстра книга.
Па имам скоро се од Артур Кларк, и ми се допаѓа секоја приказна.
Dan Simmons има многу добри книги според мене. Сега за сега имам само една книга од него - Илијада, но планирам да набавам и други, бидејќи многу луѓе го фалат.
Ако некој сака sci-fi со примеси на трилер и хорор, го препорачувам Stephen King, гениј е.
Сега го читам David Brin и неговата серија Uplift новели. Ако некој сака можам и да му ги пратам во електронска форма. Навистина фантастина серија книги.
Ако ми текне нешто плус, ќе постирам на темава![]()