Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Го носи,а дали ке се разгори...или само така ке помине...само колку да поцрне нешто,без да го изгори:wink:
...
Дали сакаш да кажеш дека постои категорија „Драг/а мој/а, јас тебе уште те сакам... само *малку* имав секс со друг/а, заради __________________“ (внеси причина по избор) ?!?!?!!?!?!?
:lud:
Според мене, нема „поцрнување“, без „горење“. Или има секс или нема.
Се зависи колку е љубовта силна (помалку значајно е колку време партнерите се разделени).
Како можеш да го провериш тоа? Ако е твој/ твоја ќе се врати (љубовта ќе најде начин да ве поврзе) ако не - никогаш не бил твој/ твоја.
Крусер,
Мислам дека ти е познато дека ЉУБОВТА вклучува се ... и секс и почит и разбирање .... што е сексот и далечината ако нема љубов :smir:
Сексот е физичка љубов.
Ако имаш секс со некого, му *даваш* љубов, сакал/а-нејќел/а.
Ако од некого си одделен, а баш него/неа го/ја сакаш, ќе направиш сè за пак *само* со него/неа да имаш секс/физичка љубов. Со други зборови - ќе бараш пак да сте заедно. Физички.
А дури човек да дојде до тој степен да може да си дозволи да биде долго време одделен од својот партнер, *без* да посака друг партнер поради секс, треба *многу* љубов да има разменето со тој партнер (меѓу другото и физичка), за да знае дека само таа љубов му е потребна и доволна, и дека не би сакал ниту една друга.
Со други зборови:
„Те сакам но не спијам со тебе зашто нема потреба“ - не е љубов.
„Те сакам, иако не можам да спијам моментално со тебе, но тоа ќе се случи веднаш штом ќе бидеме пак заедно, бидејќи знаеш дека цело време тоа го правиме штом можеме и секогаш е прекрасно“ - е љубов.