Која галерија на ликови и која парада на актери ја имаме во Оз, (главни протагонисти на многу и од денешниве серии) и мислам им го олесни кастингот на многу продукции

Стварно Оз ја доживувате така ограничено и прва асоцијацијa ви е геј затворски насилен секс? Ок да (серијава не е детска градинка), али меѓу другото зарем никој не се обиде да ја гледа како алтернативна реалност која мошне дрско и жестоко го критикува целокупниот затворски систем, меѓучовечките односи, религиските шитови и вуду срања, општеството, и уште повеќе Оз може да се доживее и како карневал кој ги пеплоса сите (не)цивилизациски моменти и ги разби сите можни табуа, но и како натуралистички театар кој ги потенцира баналностите на секојдневието. Во таа малограѓанска средина во која имаме многу тестостерон и милиони етнички, религиски, секс поделби владее суровото “Да се убие (ако е потребно), за да се преживее ” . Па имаме муслимани, црнци, ариевци, моторџии,сицилијанци, латиноси, христијани, ирци - кланови кои понатаму се разгрануваат на насилници, тупаџии, џанкери, трансексуалци, коксакери, газолижачи, али тоа секако не е едноострано. Таа поделба пенетрира и кај оние шо се од другата страна на законот, ако уствари постои таква страна. Пред сите нив дури некогаш и системот знае да колабрира, но некад знае и добро да им го смести. Уствари сите си го добија порано или подоцна (на овој или оној начин). Она што исто ме фасцинираше во Оз е и шо имаме една повише од глума ситуација. Да се уништиш од впечатливоста на ликовите (Келер, Адебиси, Бичер, Саид, Аугустус Хил, двајцата браќа О’Рајли) и од тоа како се донесени. Ретко кој од ликовите живее во монотонота сегашност. Повеќето од нив негуваат идеал за минатото (ретко за иднината) и бегаат од реалноста (често и со наркотици) градејќи еден само нивни свет во затворот. Иако можеби романтичарски ,но Оз исто така наметнува една идеја за рехабилитација на затворениците. Но тој навидум чист, осветлен, строг и експериментален дел од затворот дури и вака филмски ги посочува можните проблеми при реализацијата на ваквата идеја во пракса. Тука уствари се соочуваш уше на старт со проблеми , затоа што најчесто и самите затвореници , но и корумпираната држава не сака тие да се рахабилитираат. Оз нуди потенцијално решениe со тоа што како водач на Оз го поставува Тim McManus. Дури и превише идеалистички настроен (практично реално невозможен), човек кој верува во своите затвореници и во правдата и моралот. Заедно со сестра
Peter Marie и отец Ray Mukada ја сочинуваат онаа тројка која верува во рехабилитацијата на затворениците.
Во Оз можеш да те фасцинира и филозофијата која ти ја продава Хил кога директно ти се обраќа. Не знам колку пати сум се нашол размислувајќи за неговите зборови. Ми се чини дека тој е разумот на серијата. Понатаму екстремно шизички е прикажана немилосрдната интелегенција и манипулативност со која располагаат Chris Keller и Ryan O'Reily, посветеноста на Vernon Schillinger(иако погрешна)и Said на својата идеологија/религија, наивноста до болка на Tobias Beecher ( но уште повеќе неговата трансформација), али јас секад останував запрепастен од ликот на Cyril O'Reily . Scott William Winters убива со својата глума. Дури и на Драга Кајгана и се обратив за него. Секоја чест.
Во Оз имаме иницирање и на еден куп прашања ( за кои ретко кој се осмелува да ги постави). Па така Оз знае да се чачка и со религиските и расиситичките предрасуди, со смртната казна, со корумпираноста на затворскиот ( па и пошироко на државно политичкиот) систем, со љубовта, со правата на затворениците,силувањето, консумирањето на дрога но (иако по малце изгледа илузорно за една таква средина ) знаат да се постават прашања и за хуманоста, моралот, етиката, човечноста...
Оз е легендарна серија, која нема да зажалите ( еве јас сносам одговорност) ако ја погледнете.