OZ

  • Креатор на темата Креатор на темата PLACEBO
  • Време на започнување Време на започнување
aaAaaA Zakon serijaa
Letovo gi simnav i gi izgledav site epizodi.Inace site sezoni gi ima na torrent
zakon e so toa bandite forimirani u zatvorot,tepanjeto,namestajkite i dr.
ne mi se svigase samo so imase nekoi gej sceni ali sepaku glavno serijata e mnogu dobra. BTW Adebisi bese najbolje :):)
 
Дефинитивно не е за деца...убиства,силувања на мажи од мажи,расизам и сето тоа доста графички прикажано.Ваква изреметена работа само од америве може да излезе.Еднаш ја изгледав,тешко дека ке ја гледам и втор пат.
 
Серијата е убер устав, ко и се друго што излегло од HBO. Јес да има многу бруталност, педеризам и се друго, ама има доста психолошки пристап кон човечкиот ум позади решетки. Мене многу ми се свигаа монолозите на типот во количката што беше наратор.

пс За што е осуден Саид?
 
Серијата ја имам гледано оадмнаааа на ОБН и би сакал пак на раат.Ама ако има некој љубезен да ми даде најс торенти по пп.Фала!
 
Их, 3 сезони у еден здив ...... одамна беше кога ја беше гледал има 5 години и јаче ......... Како и да е пријатно дежа ву беа овие 3 сезони посебно монолозите на нигеро на почеток и крај од епизода .

Powered by mettalhammer
 
oz.jpg

Која галерија на ликови и која парада на актери ја имаме во Оз, (главни протагонисти на многу и од денешниве серии) и мислам им го олесни кастингот на многу продукции:) Стварно Оз ја доживувате така ограничено и прва асоцијацијa ви е геј затворски насилен секс? Ок да (серијава не е детска градинка), али меѓу другото зарем никој не се обиде да ја гледа како алтернативна реалност која мошне дрско и жестоко го критикува целокупниот затворски систем, меѓучовечките односи, религиските шитови и вуду срања, општеството, и уште повеќе Оз може да се доживее и како карневал кој ги пеплоса сите (не)цивилизациски моменти и ги разби сите можни табуа, но и како натуралистички театар кој ги потенцира баналностите на секојдневието. Во таа малограѓанска средина во која имаме многу тестостерон и милиони етнички, религиски, секс поделби владее суровото “Да се убие (ако е потребно), за да се преживее ” . Па имаме муслимани, црнци, ариевци, моторџии,сицилијанци, латиноси, христијани, ирци - кланови кои понатаму се разгрануваат на насилници, тупаџии, џанкери, трансексуалци, коксакери, газолижачи, али тоа секако не е едноострано. Таа поделба пенетрира и кај оние шо се од другата страна на законот, ако уствари постои таква страна. Пред сите нив дури некогаш и системот знае да колабрира, но некад знае и добро да им го смести. Уствари сите си го добија порано или подоцна (на овој или оној начин). Она што исто ме фасцинираше во Оз е и шо имаме една повише од глума ситуација. Да се уништиш од впечатливоста на ликовите (Келер, Адебиси, Бичер, Саид, Аугустус Хил, двајцата браќа О’Рајли) и од тоа како се донесени. Ретко кој од ликовите живее во монотонота сегашност. Повеќето од нив негуваат идеал за минатото (ретко за иднината) и бегаат од реалноста (често и со наркотици) градејќи еден само нивни свет во затворот. Иако можеби романтичарски ,но Оз исто така наметнува една идеја за рехабилитација на затворениците. Но тој навидум чист, осветлен, строг и експериментален дел од затворот дури и вака филмски ги посочува можните проблеми при реализацијата на ваквата идеја во пракса. Тука уствари се соочуваш уше на старт со проблеми , затоа што најчесто и самите затвореници , но и корумпираната држава не сака тие да се рахабилитираат. Оз нуди потенцијално решениe со тоа што како водач на Оз го поставува Тim McManus. Дури и превише идеалистички настроен (практично реално невозможен), човек кој верува во своите затвореници и во правдата и моралот. Заедно со сестра Peter Marie и отец Ray Mukada ја сочинуваат онаа тројка која верува во рехабилитацијата на затворениците.
Во Оз можеш да те фасцинира и филозофијата која ти ја продава Хил кога директно ти се обраќа. Не знам колку пати сум се нашол размислувајќи за неговите зборови. Ми се чини дека тој е разумот на серијата. Понатаму екстремно шизички е прикажана немилосрдната интелегенција и манипулативност со која располагаат Chris Keller и Ryan O'Reily, посветеноста на Vernon Schillinger(иако погрешна)и Said на својата идеологија/религија, наивноста до болка на Tobias Beecher ( но уште повеќе неговата трансформација), али јас секад останував запрепастен од ликот на Cyril O'Reily . Scott William Winters убива со својата глума. Дури и на Драга Кајгана и се обратив за него. Секоја чест.

Кајгич, се демолирав вечерва!

Алкохол да, али у комбинација со ова...

Плачев ко пизда. Се осетив како да губам некој свој.
Cyril O´Reilly´ :( Толку фасцинантна глума одамна немам видено. Уствари, зар некој си помисли дека глуми? Се потресов начисто. Ми остана уше последната епизода (од ОЗ). Ја оставив за утре. Се плашeв да ја изгледам вечерва.

Во Оз имаме иницирање и на еден куп прашања ( за кои ретко кој се осмелува да ги постави). Па така Оз знае да се чачка и со религиските и расиситичките предрасуди, со смртната казна, со корумпираноста на затворскиот ( па и пошироко на државно политичкиот) систем, со љубовта, со правата на затворениците,силувањето, консумирањето на дрога но (иако по малце изгледа илузорно за една таква средина ) знаат да се постават прашања и за хуманоста, моралот, етиката, човечноста...
Оз е легендарна серија, која нема да зажалите ( еве јас сносам одговорност) ако ја погледнете.

Баш барав тема за Серијава и не ми се верува дека е толку не популарна на Кајгана... Сеа јесте да е постара ама серијава е навистина одлична... Сум некаде прва сезона седма епизода и сакав да прочитам нешто повеќе коментари и слични работи и се изненадив што дури 12 страни требаше да одам на подфорумот серии за да ја најдам... Како и да е планирам да ја гледам се надевам дека нема да ме разочара.. :)
 
Одлична серија. Ја гледав уште како дете. Мислам дека на ХРТ 1 ја даваа. Ја пропорачувам на сите. Како што кажа Форест, нема да зажалите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom