Бугарија ќе не реформира?!

Насловот на темата е погрешен. Бугариjа не може да реформира Македониjа. Македониjа мора да се реформира сама. Тоа кое може да направи Бугариjа е да сподели своето искуство.
 
Бугарија ќе и помага на Македонија во усогласувањето на домашното со европското законодавство, ќе ги обучува македонските државни службеници кои се инволвирани во евроинтеграциите, а и ќе асистира во зајакнувањето на административните капацитети на земјава. Тоа е суштината на меморандумот за соработка во областа на европската и евроатлантската интеграција кој утре во Софија ќе го потпишат македонскиот и бугарскиот министер Попоски и Младенов. Текстот на документот беше одобрен на денешната седница на бугарската влада. Во суштина тоа значи дека Софија на Скопје ќе му ги пренесува сопствените искуства. Но, токму за некои од сегментите за кои Македонија ќе биде поучувана од Бугарија, Унијата смета дека нејзината најнова членка покажува незадоволителни резултати.

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Бугарија во рамките на механизмот за соработка, објавен минатиот месец, меѓудругото се бара зајакнување на административните капацитети на државните органи. Значи, Софија ќе асиститира за нешто за што и самата е критикувана од Брисел.

Господ да чува и да брани. Потпишан е некаков документ денеска, со кој Бугарија ни станува ментор во унапредувањето на администрацијата. :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

Дојде денот кога нашиот високо развиен и напреден источен сосед ќе не учи како се влегува во европска унија. И се тоа со потпис на нашите државни функционери.

Не знам како да го коментирам ова...
Од кого е и многу е....
Зар Бугарите ли бре ќе не модернизирет???

абе тешко нас со ваква влада и иднина...ааааххх судбини...
 
Де, де и вие, па... Одма негативно сфаќате.
Ќе не научат некоја финта. Они се познати по тоа.
 
Замисли колку е митото и корупцијата навлезена во духот на бугарите, да застанеш човек на улица и да прашаш за пат ти вели да почастиш нешто. И они нас ментори - убиство.
 
ЕВЕ ГО ПРАВОТО ЛИЦЕ НА НОВИТЕ МЕНТОРИ!!!
Цар Самоил го засени европскиот Меморандум на Софија


Воените гробиштата и Цар Самоил го засенија Меморандумот кој Софија го подготви за помош на Македонија на патот кон ЕУ.
Бугарските медиуми ја обвинија Македонија дека лаже за бројот на Македонците во Бугарија. Побараа обновување на бугарските гробишта и офцијални покани за откривањето на споменикот на Цар Самоил.
Прашање: Точна ли е информацијата која наводно е базирана на податоци од МНР дека во Бугарија живеат 700.000 Македонци?
- Не би можел да ви одговорам без да ги имам согледувањата. Не можам да се впуштам во коментар на таков тип констатација, одговори македонскиот министер за надворешни Никола Попоски.
Прашање: Наскоро се очекува откривање на споменикот на Цар Самоил. Ќе поканите ли официјални бугарски претставници?
- Во принцип тоа се работи кои ги регулираат други авторитети надлежни за тоа. Јас не би можел да ви одговорам во тој аспект, но во суштина не гледам потешкотии на тој план.
По овие одговори, Бугарите пишуваат дека македонскиот министер јавно признал дека земјава води лажна пропаганда.
Наспроти пораки за добрососедство и поглед кон иднината, медиумите денеска се вратија 100 години наназад. Тврдењата дека по директива на Тито и Сталин Бугарите од пиринска Македонија биле терани да се пишуваат како Македонци, се само дел од тезите кои ги испровоцира посетата на македонскиот министер кој требаше да ги затопли односите меѓу двете земји.
Скептични кон добрите намери на Бугарија биле и Американците. Во депешата од 2009 та кој го објави Викиликс стои дека САД изразиле загриженост за Договорот за добрососедство и констатираат дека Владата на Борисов ја менува политиката кон Македонија,

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/car-samoil-go-zaseni-evropskiot-memorandum-na-sofija

САмо будала би поверувал во нивните добри намери.
Се надевам дека е некоја добра финта на Македонскиве политичари, а недај боже да се сериозни во верувањето дека се смениле Бугариве.:mad:
 
Николај Младенов ја поздрави македонскиот споменик на цар Самуил
01 септември 2011 | 18:13 | Агенција "Фокус"
Насловна / Македонија
Софија. Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов ја поздрави изградбата на 5-метарскиот споменик на цар Самуил во Скопје, пренесе Дарик радио. "За сите е исклучително важно да си дадеме сметка дека колку повеќе прослави, колку повеќе признанија и истакна постојат, толку подобро за нас", објави Младенов. Министерот потпиша меморандум за соработка за пристапувањето на Македонија кон Европската унија и НАТО со колегата си - министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Македонскиот министер за надворешни работи изјави дека не знае дали ќе бидат поканети бугарски претставници на официјалното отворање на споменикот на цар Самуил во Скопје. Монумент'т од бел мермер ќе се издигнува до споменикот на Александар Македонски. Изградбата е дел од завршувањето обликот на македонскиот главен град и е дел од планот "Скопје 2014".
И додека министерот Попоски изјави дека не е одговорен за организацијата на церемонијата, бугарскиот министер Николај Младенов не се воздржи да каже исто така неколку зборови: "На Балканот многу сакаме споменици. Многу сакаме да ги градиме, да ги рушим и да спориме за нив, понекогаш ги и боење. Мислам дека за сите нас е исклучително важно да си дадеме сметка дека колку повеќе прослави, признанија, одбележување на она што не поврзува, постојат толку подобро за сите нас. Во Вашингтон има споменик пред бугарската амбасада на Васил Левски, во Скопје има споменик на Васил Левски. Јас би се радувал во целиот свет да има споменици на сите луѓе, херои, цареви, владетели, револуционери, кои на крајот ја вклучил денес ние да бидеме тука на оваа земја, да бидеме независни, да работиме на европски начин, а не да спориме за тоа кој каде што е изградил ".
Никола Попоски посочи дека во македонското Министерство за надворешни работи немаат официјална информација за борам на Македонците кои живеат во Бугарија. Во август македонскиот весник "Дневник" повикувајќи се на податоци на Министерството, според кои во Бугарија живеат 750 илјади Македонци.
© 2011 Сите права се задржани. Повикувањето на новинската агенција "Фокус" е задолжително!

http://www.focus-news.net/?id=n1561298
 
И зошто да се обноват бугарските гробишта во Маледонија кога НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ се боревме против бугарските окупатори???

И сега трба да ги славиме чисто поради добрососедски односи без разлика колку МАКЕДОНЦИ имаат убиено истите тие???
 
Насловот на темата е погрешен. Бугариjа не може да реформира Македониjа. Македониjа мора да се реформира сама. Тоа кое може да направи Бугариjа е да сподели своето искуство.
да... баш бугарите се тие да зборуваат за искуство..
а Македонија прекрасно се реформира.. не знам дали можеме да потонеме уште повеќее.. веројатно можеме.. чим велат дека уште треба да се реформираме..
 
Замисли колку е митото и корупцијата навлезена во духот на бугарите, да застанеш човек на улица и да прашаш за пат ти вели да почастиш нешто. И они нас ментори - убиство.

Ова е глупост.
Вакво нешто ми се има случено само на автобуска, но не во Софија туку во Скопје.

да... баш бугарите се тие да зборуваат за искуство..
а Македонија прекрасно се реформира.. не знам дали можеме да потонеме уште повеќее.. веројатно можеме.. чим велат дека уште треба да се реформираме..

Заборави да додадеш: ...и чим треба Бугар да не реформира. Та тие дојдоа тука за да ги отворат банкоматите, да не зборуваме за понатаму.
 
Заборави да додадеш: ...и чим треба Бугар да не реформира. Та тие дојдоа тука за да ги отворат банкоматите, да не зборуваме за понатаму.
Е, едни отварат банкомати,други обират банки директно. Маjтапа настрана.
Прво претежок е зборот - Бугариja да ви реформира. Станува прашане за размена на изкувство.А зашто Бугариja решили -прво това е избор на вашата влада,после поради просто неколко логички причини - наjслични проблеми со административниот капацитет, почти едни и исти проблеми, изкуството на Бугариja при изградбата на ланците ком министерствата за работа со европските фондови, кои се уште вие немате како држава кандидат.
Вие и ние имате многу послични проблеми отколкото вие и една Холандиja или Франциja например.
 
Жално и смешно е да споменуваат дури гробишта. Прашање на култура е да имаш почит кон мртвите херои без разлика дали се на друга земја и дали се окупатор или не.
 
Чим не сакаат толку што на нивни спортски натпревар вадат едно интересно знаменце, сигурно се сериозни со намерата за модернизирање.
article-2033293-0DB1073600000578-458_634x286.jpg
 
Жално и смешно е да споменуваат дури гробишта. Прашање на култура е да имаш почит кон мртвите херои без разлика дали се на друга земја и дали се окупатор или не.

ако добро те сфатив.. значи ли тоа дека треба да им правиме ние бисти на нивните херои тука во земјава??? дека треба да им ги средуваме гробиштата за они да идат и да оддаваат почит на оние кои палеа, силуваа, колеа, стрелаа,бесеа,крадеа и шо уште не... ???
 
ако добро те сфатив.. значи ли тоа дека треба да им правиме ние бисти на нивните херои тука во земјава??? дека треба да им ги средуваме гробиштата за они да идат и да оддаваат почит на оние кои палеа, силуваа, колеа, стрелаа,бесеа,крадеа и шо уште не... ???
Никоj не сака да се прават бисти и со пари на РМ, но да се отбележат и реставрират вакви,каквито са били когато са направени преди да бидат урнати,орани,взривjaвани и така натаму...
Забораваш дека многу от тези луге са по потекло от днешна РМ.
 
Не, не, се лажеш. Многу добро памтам мојот прадедо како ми има кажувано колку пати иделе бугарите и тие предавниците со нив и колку пати бил истепан. Колку пати бил понижен. Колку пати се иживувале врз сите членови, не само врз него. Многу добро знам пријателче шо правеле тие покојните. Тие иако биле по потекло од Р.М. биле предавници и не заслужуваат ништо!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom