Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Бугарија ќе и помага на Македонија во усогласувањето на домашното со европското законодавство, ќе ги обучува македонските државни службеници кои се инволвирани во евроинтеграциите, а и ќе асистира во зајакнувањето на административните капацитети на земјава. Тоа е суштината на меморандумот за соработка во областа на европската и евроатлантската интеграција кој утре во Софија ќе го потпишат македонскиот и бугарскиот министер Попоски и Младенов. Текстот на документот беше одобрен на денешната седница на бугарската влада. Во суштина тоа значи дека Софија на Скопје ќе му ги пренесува сопствените искуства. Но, токму за некои од сегментите за кои Македонија ќе биде поучувана од Бугарија, Унијата смета дека нејзината најнова членка покажува незадоволителни резултати.
Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Бугарија во рамките на механизмот за соработка, објавен минатиот месец, меѓудругото се бара зајакнување на административните капацитети на државните органи. Значи, Софија ќе асиститира за нешто за што и самата е критикувана од Брисел.
Господ да чува и да брани. Потпишан е некаков документ денеска, со кој Бугарија ни станува ментор во унапредувањето на администрацијата.
Дојде денот кога нашиот високо развиен и напреден источен сосед ќе не учи како се влегува во европска унија. И се тоа со потпис на нашите државни функционери.
да... баш бугарите се тие да зборуваат за искуство..Насловот на темата е погрешен. Бугариjа не може да реформира Македониjа. Македониjа мора да се реформира сама. Тоа кое може да направи Бугариjа е да сподели своето искуство.
Замисли колку е митото и корупцијата навлезена во духот на бугарите, да застанеш човек на улица и да прашаш за пат ти вели да почастиш нешто. И они нас ментори - убиство.
да... баш бугарите се тие да зборуваат за искуство..
а Македонија прекрасно се реформира.. не знам дали можеме да потонеме уште повеќее.. веројатно можеме.. чим велат дека уште треба да се реформираме..
Е, едни отварат банкомати,други обират банки директно. Маjтапа настрана.Заборави да додадеш: ...и чим треба Бугар да не реформира. Та тие дојдоа тука за да ги отворат банкоматите, да не зборуваме за понатаму.
Жално и смешно е да споменуваат дури гробишта. Прашање на култура е да имаш почит кон мртвите херои без разлика дали се на друга земја и дали се окупатор или не.
Никоj не сака да се прават бисти и со пари на РМ, но да се отбележат и реставрират вакви,каквито са били когато са направени преди да бидат урнати,орани,взривjaвани и така натаму...ако добро те сфатив.. значи ли тоа дека треба да им правиме ние бисти на нивните херои тука во земјава??? дека треба да им ги средуваме гробиштата за они да идат и да оддаваат почит на оние кои палеа, силуваа, колеа, стрелаа,бесеа,крадеа и шо уште не... ???