Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.845
- Поени од реакции
- 23.246
Бугарија ќе и помага на Македонија во усогласувањето на домашното со европското законодавство, ќе ги обучува македонските државни службеници кои се инволвирани во евроинтеграциите, а и ќе асистира во зајакнувањето на административните капацитети на земјава. Тоа е суштината на меморандумот за соработка во областа на европската и евроатлантската интеграција кој утре во Софија ќе го потпишат македонскиот и бугарскиот министер Попоски и Младенов. Текстот на документот беше одобрен на денешната седница на бугарската влада. Во суштина тоа значи дека Софија на Скопје ќе му ги пренесува сопствените искуства. Но, токму за некои од сегментите за кои Македонија ќе биде поучувана од Бугарија, Унијата смета дека нејзината најнова членка покажува незадоволителни резултати.
Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Бугарија во рамките на механизмот за соработка, објавен минатиот месец, меѓудругото се бара зајакнување на административните капацитети на државните органи. Значи, Софија ќе асиститира за нешто за што и самата е критикувана од Брисел.
Господ да чува и да брани. Потпишан е некаков документ денеска, со кој Бугарија ни станува ментор во унапредувањето на администрацијата.

Дојде денот кога нашиот високо развиен и напреден источен сосед ќе не учи како се влегува во европска унија. И се тоа со потпис на нашите државни функционери.