Странец ќе ја купи А2?

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
А2 ќе биде моќна информативна телевизија?





a2.gif
Ќе добијат ли македонците слободоумен медиум? Откако се јави огромна празнина на медиумскиот простор, со што се остави целата информативна програма да ја водат партиските медиуми на владеачката партија финансирани со тешки буџетски пари, граѓаните немаа што да гледаат на своите тв екрани.
А2 телевизија ќе започне со емитување на програма од 15 септември, со комплетно нов стајлинг.
Воглавно ќе се емитува информативна програма, а најголем дел од екс-вработените во А1 ќе се вработат во А2. Телевизијата постојат шанси да ги емитува и закупените серии од А1 телевизија, како Долина на Волците и Лисјата, иако такви најави има на други медиуми.

http://sky.mk/makedonija/2374-А2-ќе-биде-моќна-информативна-телевизија.html
 
ако биде вака ќе не отрујат со вести:eek:
 
предмалку на 24 вести кажаа дека кипарската фирма се откажала од купување на А2 и дека го повлекла барањето за промена на сопственичката структура до Советот за Радиодифузија
 
едни интернет портали пишуваат дека ќе се продаде на странец ,а некои пак пишуваат дека ќе продолжи од каде што застана А1 и ај после на кого да му веруваш која е точната информација:confused:
 
Што ќе гледаме на А2?

Речиси целата програма што досега ја гледавме на А1, ќе ја гледаме на А2, што всушност ќе биде продолжение на веќе згаснатата А1 телевизија, која беше најпопуларна телевизија во земјава.
Нова програмска шема, комплетно освежени вести и нови серии ќе бидат главна карактеристика на А2.
Добар дел од верните новинари, кои до крај останаа со А1, ќе си останат на работа во А2.
Од познатите емисии најверојатно ќе продолжиме да ги гледаме Јофе на рапорт, а цензурираната емисија на Васко Ефтов неофицијално дознаваме дека од Канал 5 (последно емитувана пред изборите), ќе се префрли на А2.

Креативниот тим на А1, ќе не изненади со многу нови содржини, па и другите веројатно ќе има што да копираат од веќе новиот столб на демократијата А2.
 
А2 остана без газда

A2-logo%20golema.jpg

Офшор компанијата од Кипар, која беше заинтересирана за купување на телевизијата А2, се предомислила и го повлекла барањето, пренесе денеска порталот „Нетпрес“. Кои се причините поради кои компанијата се предомислила се уште не е познато, но според Законот за радиодифузија не е дозволено офшор компанија да стане сопственик на медиум во Македонија.

Во петокот попладне била платена годишната дозвола за работа на телевизијата до Советот, која изнесуваше околу 39.000 евра, па од СРД информираа дека подмирени се сите долгови и нема причина за одземање на лиценцата на телевизијата.

Телевизија А2 минатата недела го плати долгот кон УЈП во износ од околу 100.000 евра, а иако немаше официјална потврда, сепак најверојатно парите ги дал братот на пратеникот Фијат Цаноски, Томор. Тој наводно ги дал парите на телевизијата, на име на управителот Тони Николовски, во форма на краткорочна позајмица.

Инаку, се подготвува почетокот на информативна редакција во телевизијата, која според најавите треба да почне на 15 септември годинава.

http://www.plusinfo.mk/vest/13578/A2-ostana-bez-gazda

 
некако и предчуствував дека нема да ја купат Кипарците ,ајде сега да видиме што ќе напраат на 15ти
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom