1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Не е страшно за резервоарот, таму е вградуван од 1941 до 1970 и некоја... Така да во почетокот (ВСВ) побитно било да спасиш глава како знаеш, и многу не му ја мислеле :D

Да биде горивото побезбедно, направив и капачка на грлото
DSCN0863.jpg


Го започнав и тапацирот во внатрешноста...
DSCN0862.jpg


Празнините околу прозорците ќе бидат пополнети и нема ништо да се приметува :)
 
Не се секирај најверојатно и на твојата кола е под седиште ама задно :)
Не е под задно туку зад задно. Измеѓу гепек и кабина е сместен резервоарот. Мојата кола е со 2 врати нема пристап од позади до кабина.
 
Некако темава......како да замре :( дај некои понови информации да видиме како се тоа изгледа :)
 
За жал немам време да работам со ист интензитет како што почнав, но сепак има мал напредок. Фати Гроздобер, па европсково во Литванија, и од оваа недела на факултет... Викендов ми е пребукиран, ама ќе најдам време да чепнам нешто и да апдејтувам :)
 
Во музејот на вмро, има убава реставрација на една војничка стара махиндра мислам дека е, вреди да се посети/види :)
 
Конечно после толку време еден апдејт. Оваа техника денес ја пробувам прв пат, а ми се мота во глава уште од кога го правев Вранглерот. Прво пробав со стиродур, но поради димензиите на парчето кое го имав (предебело) не можев да извадам добри делови од него. Треба да се сечи со вжештена жица, а не со скалпер... Затоа преминав на стирен, кој наместо да го фарбам црн, го обложив со скај од стар календар за на биро :D btw календарот е од 1995 година :)

Прво ги исеков делчињата од стирен
DSCN0913.jpg

Оригинално се потенки, но реално ако ги направам потенки од ова многу е тешко да се облепат фино и затоа и вака се ок.

потоа ги профилирав за шевовите да дојдат до израз. Разлика помеѓу профилирано и обично парче
DSCN0915.jpg


Вака изгледа материјалот кој го користев. Во живо текстурата не се приметува толку, на сликите е пренагласена поради светлината...
DSCN0914.jpg


Вака изгледа облепено парче
DSCN0916.jpg


А ова е готовиот дел за седење од совозачкото седиште...
DSCN0911.jpg

како и кај оригиналот, делчињата не се распоредени правилно :)

Вака некако изгледа монтирано на рамот:
DSCN0917.jpg


и заедно со возачкото седиште кое е подолго:
DSCN0918.jpg


DSCN0920.jpg


Оригиналот, за споредба
DSCN1457.jpg


Се стемни и не успеав да го завршам уште последното парче :(, тоа и горните делови ќе ги направам следниот викенд.
 
Напредувам полека но сигурно, нема откажување.

DSCN0924.jpg


Ја направив основата на шалт-таблата, во квадратниот отвор ќе бидат сместени инструментите и контролните сијалици а правоаголниот е остава. Направив и капак, ама поради димензиите не можев да го направам да се отвара. Ќе беше фино да се гледаат осигурачите, резервните сијалички и други ситници кои ги има во оригиналот :)

Проблемот со бавната работа е тоа што за овој модел немам план, прво мерам од оригиналот, цртам скица со димензии во размер, и после дури го правам делот. Направив грешка од почеток што не ги чувам нацртите за ниту еден дел за во иднина да направам повеќе модели.
 
Немој ни да помислиш да се откажеш :), ова е ремек дело. Многу ме интересира како ке изгледа моторот и пропратните делови. Нема да е лесно ама немој да го изоставиш. Keep up the good work :).
 
За моторот уште не можам да се решам... За да привлечам внимание кај Willys/Jeep ентузијастите мора да го ставам оригиналниот, а со тоа ја губам основната идеја, а тоа е макетата да биде 100% копија на оригиналот. Имам време да размислам подобро.
 
Алал да ти е како имаш живци за оваа работа многу добро изгледа.
 
Работата што ми преостанува само ќе станува поинтересна затоа што полека преминувам во правење на деталите. Еден од нив е и воланот кој е незамисливо да го направам онака рандом, па затоа пробав да го реплицирам најверно што можам.

Вака изгледа оригиналот:
DSCN0926.jpg


И еве го воланот за макетата без средишниот дел:
DSCN0927.jpg


Ова е најдобриот детал :D, штета што не се гледа многу кога е монтиран
DSCN0929.jpg


DSCN0930.jpg


Презадоволен сум од тоа како излезе на крајот.
Инаку, воланот заедно со цевката не се фиксирани заради фарбањето.

П.С За тие што не знаат, воланот е од Голф 1 GTI :)
 
Работата што ми преостанува само ќе станува поинтересна затоа што полека преминувам во правење на деталите. Еден од нив е и воланот кој е незамисливо да го направам онака рандом, па затоа пробав да го реплицирам најверно што можам.

Вака изгледа оригиналот:

И еве го воланот за макетата без средишниот дел:

Ова е најдобриот детал :D, штета што не се гледа многу кога е монтиран

Презадоволен сум од тоа како излезе на крајот.
Инаку, воланот заедно со цевката не се фиксирани заради фарбањето.

П.С За тие што не знаат, воланот е од Голф 1 GTI :)
Да не планираш да ги правиш да се вртат тркалата? Нешто како кај die-cast моделиве...?
 
Па планирав да го направам воланот некако да врти, да не биде фиксен. Затоа што ќе ги правам сите делови од управувањето (спони, носач, цевки) можно е да ги направам да вртат тркалата. Проблемот е во тоа што се ќе биде некако лабаво, а и главчините ќе бидат проблематични. Ова го знам затоа што претходно се обидував нешто и не излезе според очекувањата.

Инаку, ако издржи времето договорено е да одам во Прилеп за олдтајмер собирот на 11 Октомври (вторник) така што ќе ја носам Махиндрата, а и останатите макети кои ги имам направено (Вранглер, Willys CJ 3B и MB).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom