Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
So koja agencija bi mi preporacale ovaja godina ?
 
Сакам да одам во Ханиоти летово, периодот би бил од 9ти јули до 19ти, така нешто. Дали би можело таму да се најде смештај на лице место или нема шанси во тој период?
 
Јас барав по агнеции годинава и све е раскупено(проклети скопјаништа), и тоа за крајот на јуни сосема солени цени. Најевтино за Лептокарија што најдов беше 37 евра со се клима.

Па некако во приватна режија се снајдов
 
Дечки каде би можел да најдам сајт , каде се нуди сместување во Грција, од агенцииве сум разочаран, па решив сам да си барам.
:)
 
мене така ми се чини или во грција е пожешко за 5-10 степени и поспарно, кога да одам во јули и август се чуствувам како во фурна, цели вени ми излегват на нозете и рацете двојно пошироки од обично, одвај издржвам на жештината, кај нас цел ден на жешко не ми смета
 
Последно уредено:
Некој искуство у сред сезона да најде или да не најдете смештај, таму кај што сте отишле, ме интересира конкретно за Сарти на 23/4 сакам да одам... па се мислам сам да барам или да уплатам..

Sent from my MI 5 using Tapatalk
 
мене така ми се чини или во грција е пожешко за 5-10 степени и поспарно, кога да одам во јули и август се чуствувам како во фурна, цели вени ми излегват на нозете и рацете двојно пошироки од обично, одвај издржвам на жештината, кај нас цел ден на жешко не ми смета

Обично се смета дека влажниот воздух дава психолошки за 4 степени повисока температура него што е навистина. Затоа на море ни е пожешко, а всушност секогаш највисоките температури биле мерени во континенталните делови(многу често Будимпешта е најжежок град во Европа).
 
Морето шо собира топло и испушта потоа во вид на пареа,ти се создава услови типични за џунгла.Е сеа плус ветерче ако дувне :D
 
Да, затоа растенијата во вакви места добро растат иако нема врнежи или ги има слабо. Функционираат на принципот на прибирање на влагата од воздухот на листовите.

Едни пријатели од Саранда(староседелци да ги наречам) ми кажуваа дека Саранда е специфично место за дождови. Кажуваа дека кога има облаци тие ќе вртат околу планините а во самиот град нема да врни. Некако како да е опколен градот со планини во форма на полумесечина. Воздухот тешко се движи низ градот и делува доста поспарно од другите места.

Ксамил е спротивно на тоа-скоро од сите 4 страни е опколено со вода и изложено на отворено море. И затоа почесто има благ ветер, но тој ветер ги брка и комарците:aplauz:
 
Торони бил некој и околу него на плажите?
 
Торони бил некој и околу него на плажите?
Ако сакаш да се одмориш буквално од се, океј е Торони, иако мене лично не ми се свиѓаше.
Плажите се големи и песочни, ама дали дека е на крај па водата е многу поладна за капење и дуваше ветар. Ако ништо друго ефтино ќе поминиш пошо нема кај да ги потрошиш парите :D
 
ми треба дестинација во грција каде што е поладно и посвежо(негде каде нема да се гушиш), а плажата малку порелаксирана од гужви
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom