Мислев овој период да бидам на одмор во Охрид, па успат може и да наминев на Гета, али кога го видов Џајковски во Дојран одма ја променив локацијата. Затоа што секој што барем малку се разбира од музика, може да ти ја пушта истата музика што ја пушта и Гета, дури и сам дома може да си ја слушаш, али никој друг артист/диџеј како сакате наречете го, не може да го направи истото она што го направи Кирил. Немам збор со кој може да ја опишам неговата големина, неговата перфектност, најдоброто нешто што и се случило на Македонија во тој дел од музиката. Најдоброто го сочува за крај, Jungle Shadow и Raise Up Your Hands, како кулминација на неговиот настап, а може и на вечерта. А уште па и колку добро беа вклопени со mc-то од Англија, генијално. Само уште не знам што му беше финтата со тоа во раката што го носеше, и што истураше вода на три места од сцената, можда и кажа али не го разбрав.
Суперхикс ги почитувам, али не ги слушам многу многу, меѓутоа нема сомнение дека и тие си ја завршија својата работа како што треба. Вистински професионалци. Многу ми се допадна првиот диџеј што пушташе (Vladich, Infuse, прв пат слушнав за него на овој настан) можда затоа што го обожавам тој стил на музика, типот не смени стил, цело време си држеше една иста линија, иста музика, освен на крајот кога заврши, па му рекоа да продолжи и ги пушти Insomnia и Breathe (тоа само не ми се допадна од неговиот настап).
Никифор на крај ок беше, во негов стил, мада не го дослушав не ме држеа нозете.
Се на се, на ниво организиран настан, да се надеваме дека догодина ќе биде уште подобро...