Избелување на заби

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување
Хидроген 3% дури и заболекар ми има препорачано за дезинфекција и чистење на расипан заб пред да почне да се поправа. Рецептот му беше секој ден на 2-3 саати една супена лажица во уста и откога ке се направи пена да ја исплукам (околу 1 минута). Така цела недела.
Затоа немајте страв од хидрогенот но под услов да е 3%!!!
 
ја имам пробано само еднаш,или двапати во животот со сода ..

а за пастата, треба доктор да ми ја препорача,или можам и на своја рака да ја купам :?
 
^премногу има киселина! и несмее да се практикува повеќе од 1 неделно!

Цимерот ми беше дипломиран забар и викаше дека избелувањето со сода треба да го правиш еднаш на најмалку 5-6 месеци.
 
Па фала Богу дека е лажно, не можеш да ги обелиш забите и да ги направиш 20 нијанси побели, каква ќе ти е коската таква боја ќе ти се забите.
1 нијанса побели.
Скептик сум за вакви ствари у ПМ, ама Colgate Max White бајаги фино си ја врши работата.
Скапа е сеа, ама за некое чудо работи. Можда само ептен термално ги чисти површински па чинат побели, ама вака така тоа е ефектот шо се добива. Иначе да, некој со природно жолтеникава боја на коската неможе да очекува порцеланско бели заби. :)
 
ја имам пробано само еднаш,или двапати во животот со сода ..

а за пастата, треба доктор да ми ја препорача,или можам и на своја рака да ја купам :?
Лакалут пастата? можеш сама, во скоро секоја аптека. Ако имаш проблем со непцата, џебови, парадентози...има неколку врсти лакалут паста за различни намени.
 
1 нијанса побели.
Скептик сум за вакви ствари у ПМ, ама Colgate Max White бајаги фино си ја врши работата.
Скапа е сеа, ама за некое чудо работи. Можда само ептен термално ги чисти површински па чинат побели, ама вака така тоа е ефектот шо се добива. Иначе да, некој со природно жолтеникава боја на коската неможе да очекува порцеланско бели заби. :)

не дека ми се жолти, али по толку миење, сакам побели да ми се :)

Лакалут пастата? можеш сама, во скоро секоја аптека. Ако имаш проблем со непцата, џебови, парадентози...има неколку врсти лакалут паста за различни намени.

каква да барам? whitening или што?
и колку пари е заедно со четката ..
 
не дека ми се жолти, али по толку миење, сакам побели да ми се :)
Ја имаш пробано пастата? :)
Ако ја немаш пробај - 3 пати дневно по 2 минутно миење. Мене бар ми се побели од претходно, бајаги.
 
каква да барам? whitening или што?
и колку пари е заедно со четката ..
не се сеќавам во детали, пред пола година земав и лакалут и од друга фирма. Едната ми беше за ублажување на парадентопатија, за непцата -lacalut activ. Ама ако немаш такви проблеми, земи лакалут whitening. Актив е колку се сеќавам над 150 денари ама морално беше. Во секој случај пробај едно пакување да видиш како ќе реагираш на третманот.
Добро е со или без лакалут да комбинираш со забен конец.
 
не дека ми се жолти, али по толку миење, сакам побели да ми се :)

каква да барам? whitening или што?
и колку пари е заедно со четката ..

Пастата Лакалут Вајт (бела) ти е негде 180 денари + четката за заби Лакалут 210 денари. Во секоја аптека би требало да ја има.
 
Најдобро и најефикасно е со корен од брезд.
Да се надополнам, коренот од брездот(високо листопадно дрво) значи коренот
треба да се изгори и да се направи јаглен, но не скрос да изгори и пепел да се направи значи
како ѓумур, потоа откако ќе изгори но не целосно, ќе ги соберете јагленчињата и ставете ги во
во нешто мала тегла или сл, прво забите се мијат со паста а потоа со јагленчето,
значи со четката ќе земиш од него и исто се мие како со паста, сите флеки ги
вади и премногу ги бели забите, а после миењето со јагленчето повторно треба со паста да се измијат, во јагленчето има некаква хемикалија и малку
може да ги раскрвари непцата но тоа е нормално, прилично е силно и затоа ги белее забите.
Може и со корен од друго дрво но нема таква ефикасност.
 
а треба некое време да одстои, па да почне да се користи ливчето? :)
 
Порано пред да најдам паста без флуор експериментирав со разни смеси за чистење заби и една која беше прилично добра е со еднакви делови на сода бикарбона, зелена глина и прашак од печен модар патлиџан.

Модриот патлиџан се пече во рерна да стане ќумур, па се вади и се меле во мелничка за кафе на најситно (треба неколку пати). На тој прашак се додава третина зелена глина и третина сода бикарбона.

Бев прилично задоволен од ефектот и ако на тоа се капне капка етерично масло од ментол на пример баш беше како вистинска паста во домашно производство :).
 
брендирај ја :p
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom