Избелување на заби

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Возраст
32
Кои природни методи сте ги слушнале за избелувањето на заби? (несакам да зборуваме за оние, клиничките) Јас сум слушнала за сок од јагоди,и сода бикарбона ..уште од мала ги мијам забите 2-3 пати дневно, но пак си ја имаат онаа природна боја на забот (жолтеникавата) ..Ја прашав сестрами (бидејки е студент на стоматологија) и она ми го потврди тоа,дека таква е бојата на сите заби,кај некои е посветла, кај некои потемна :)

Имено, за сокот од јагоди:
Се зема јагодата,и се цеди сокот од неа. Потоа со четката се топи,и се стругаат забите
а за содата, на четката, при ставањето на паста, после се топнува и во содата,и се стругаат - НО МОРА УБАВО ДА СЕ ИЗМИЈАТ СО МЛАКА ВОДА ЗАБИТЕ! бидејќи може да дојде до надразнување на непцето..

знае некој други начини?
 
Се прави паста од 3% хидроген и сода бикарбона, буквално паста. И со тоа се мијат забите, на крајот добро се плакне со вода. Само ова не е многу добро за забите, не чини да се практикува повеќе од еднаш неделно. Методов е испробан од мене.
 
Најлесно и наједноставно ти е полирањето на забите.
 
чекај чекај ..хидроген? о.О

Најлесно и наједноставно ти е полирањето на забите.

реков за традиционалните методи,не за клиничките :) инаку знам, ми ги белеа еднаш во ординација .. -.-
 
чекај чекај ..хидроген? о.О
Не ти кажала дадичка? Пастите за избелување на заби (extra whitening со чуда во нив) всушност содржат нешто малце повеќе од останатите -хидроген.

Ах пиротехничари, во све се разбираме, само хемија да содржи...
 
дадичка уште не е стасала толку далеку :P иначе, џабе е и од тие пасти :) да бе, колгејт вајтенинг за 1 недела, 1 побела варијанта на забите ..јеа, рајт ..
 
Ви препорачувам LACALUT паста.

Mене ми ја препорача заболекарат таа паста, вчера ја зедов па ќе видеме резултати. Ти колку време ја користеш, задоволен си ? Мене ми кажаа дека била ефикасна и за умирување на жлебината, доколку е воспалена.
 
Се излакомив и појдов во аптека да купам Лакалут паста и четка, дека и мене ми ја препорачаа и јас на вас, и стварно се добри и пастата и четката!
 
Јас имам слушнато за комбинација од сода бикарбона и лимон. Имено кога ќе се натопи четкичката во содата, врз неа се капнуваат две-три капки лимонов сок,и после тоа се тријат забите.
 
^премногу има киселина! и несмее да се практикува повеќе од 1 неделно!
 
Јас лично ја користам Лакулт скоро две години,мене и природни ми се бели (не премногу ама се),а лакалут ја користам бидејќи ми ја препорача стоматологот.
ПАТЕМ НЕ ВЕРУВАМ МНОГУ ВО ПАСТИТЕ КАКО ШТО СЕ ОД ГОЛГЕЈТ ДЕКА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЌЕ ДОБИЕШ БЕЛИ ЗАБИ ЕДНА НИЈАНСА ... тоа е лажно според мене
 
Не претерувајте и со содата, повеќе од еднаш неделно никако, без глеѓ ќе останете. И тоа е многу ама ајде. А за избелување на забар не ни помислувајте, ем без пари ем без заби ќе останете!
--- надополнето: Jul 12, 2011 9:44 AM ---
Јас лично ја користам Лакулт скоро две години,мене и природни ми се бели (не премногу ама се),а лакалут ја користам бидејќи ми ја препорача стоматологот.
ПАТЕМ НЕ ВЕРУВАМ МНОГУ ВО ПАСТИТЕ КАКО ШТО СЕ ОД ГОЛГЕЈТ ДЕКА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЌЕ ДОБИЕШ БЕЛИ ЗАБИ ЕДНА НИЈАНСА ... тоа е лажно според мене[/quote]
Па фала Богу дека е лажно, не можеш да ги обелиш забите и да ги направиш 20 нијанси побели, каква ќе ти е коската таква боја ќе ти се забите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom