Летни блокбастери 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој летен блокбастер имате најголеми очекувања?

  • Вкупно гласачи
    213
X-Men изгледан. Не ја тупете многу, филмчето е одлично, за разлика од фијаското на Волверин, каде-каде подобро. Со пребирање може да се најдат мани ама зошто би мозгал на ваков филм. It was fun!

И не дискутирам за филмов со оние кои го гледале на кино снимка па се жалат :)
 
Од блокбастериве ги изгледав Transformers 3,Kung Fu panda 2,X-men FC.

Т3-стандарден Бејовски филм,малце подобар од двојката.
KFP2-кецот ми беше посмешен.
X-men FC-богами подобар од Волверин.

За Пиратите ќе чекам подобра снимка.

Инаку слушам дека Super 8 е многу лош,па се двоумам дали да го гледам тоа или времето за тој филм да го продолжам за едно 4-5 епизоди од Dragonball Z?
 
Super 8 колку што знам сеуште е на лоша снимка така да нормално е да е лош :)
 
Не мислев за снимката него дали го бива како филм или не?
Super 8, има солидна оценка од страна на корисниците на IMDb, како и од критичарите, не дека треба да се водиш по тоа, ама мислам дека ако пред гледање не очекуваш ремек - дело, би бил задоволен (иначе го немам гледано). Ќе си чекаме добра снимка па тогаш ќе можеме подетално да дискутираме.
 
Не мислев за снимката него дали го бива како филм или не?
Е па не знам, сакам да кажам, ако слушаш коментари од овие кои го изгледаа на TS не можеш да очекуваш добро мислење. Треба да се почека...
 
X-Men изгледан. Не ја тупете многу, филмчето е одлично, за разлика од фијаското на Волверин, каде-каде подобро. Со пребирање може да се најдат мани ама зошто би мозгал на ваков филм. It was fun!

И не дискутирам за филмов со оние кои го гледале на кино снимка па се жалат :)
Го гледав на огромен екран, а снимката не беше од кино, туку некое R5 поарно.

И да, приказната беше неинвентивна, премногу имагинација и бум елементи во филмот, ама толку се забележуваа сцените дека се во студио снимени, што нема до каде.

И не, не ми се коментира за филмови многу, секој си има свој вкус и секој филм го гледа од свој агол, затоа и не се впуштам толку во дискусии за филмови. ;)
 
Еми затоа го викаат блокбастер :)

Во право си за сцените, се чудев на некои од ефектите колку беа лошо сработени. Само не навлегувам во анализа на вакви филмови ќе ме боли главата :)
 
Па мислам дека дури и снимкaта што ти си ја гледал (R5) е далеку од доволна за доловување на правиот квалитет на филмот. Бидејќи нели да е драма, визуелниот приказ не е толку важен, но се работи за Sci-fi, во кој јшто има што да се види, а за да се види треба некој HD Rip, или барем 420p, јас ќе чекам 720p :)
 
R5 и DVD Rip исто е, само звукот не е оригинален во R5. Во секој случај, тоа веќе се гледа.
Ми треба неограничен интернет... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom