Може да се најде и подобар изговор од миење на газ за да се почитува свекрвата, многу ја омаловаживте вие. Па, миење газ на бебе е обврска на секоја мајка која кога ќе реши да има дете знае дека некому, покрај другото, и газ ќе му мие без притоа во иднина да бара посебни заслуги и право над синот во име на тоа. Пошто тогаш нема да имаме еднаква ситуација со мајката на снаата, која исто така миела нечиј газ, пошто ние жените сами не си го миеме до одредена возраст.
"Принцезата" не сака да биде се по нејзино, пошто секоја малку свесна знае дека тоа е неизводливо и нездраво. Ама сака да живее во семејство кое доправа го основа без примеси и дирекции од страна, пошто возраста за мажење/женење е сега поместена и снаата наместо дете не 18 години денес доаѓа во новото семејство како изграден човек, независен во секоја смисла, на свои 30 години.
Е на 30 малку утре ќе ми каже некој како да живеам.