Навистина има секакви приказни и случки. Но се додека постои сфаќањето дека некој треба да командова и дека едната е побитна од другата ќе има проблеми. Особено ако се живее во заедница. Секоја треба да си го знае своето место и својата улога. Сопругата ако е нова во домот не значи дека треба да се третира како аутсајдер и дека треба да се прилагоди апсолутно на сите начини и правила во новиот дом, ниту пак значи дека сите треба неа да и се прилагодат затоа што е нова. Потребна е соработка од двете страни, промена на некои навики од двете страни и ПОЧИТ. Свекрвата не може и не треба да очекува послушност од снаата само затоа што таа е ем постара ем свекрва, снаата не е слугинка ни роб во новиот дом. Сепак најбитно е почитувањето на приватноста и НЕ МЕШАЊЕТО во бракот на младите затоа што тоа е фатално. Освен тоа и младите треба да постават граница до каде може да се влегува во нивната приватност затоа што ако снаата на секое оди кај мама или мажот за се ја прашува мама па прави се како шо ќе рече таа бракот нема иднина.
Штом живееш под ист кров, околностите сами доведуваат до мешање во манџите и во односите меѓу младите.