Снаа Vs Свекрва

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Може да се најде и подобар изговор од миење на газ за да се почитува свекрвата, многу ја омаловаживте вие. Па, миење газ на бебе е обврска на секоја мајка која кога ќе реши да има дете знае дека некому, покрај другото, и газ ќе му мие без притоа во иднина да бара посебни заслуги и право над синот во име на тоа. Пошто тогаш нема да имаме еднаква ситуација со мајката на снаата, која исто така миела нечиј газ, пошто ние жените сами не си го миеме до одредена возраст.
"Принцезата" не сака да биде се по нејзино, пошто секоја малку свесна знае дека тоа е неизводливо и нездраво. Ама сака да живее во семејство кое доправа го основа без примеси и дирекции од страна, пошто возраста за мажење/женење е сега поместена и снаата наместо дете не 18 години денес доаѓа во новото семејство како изграден човек, независен во секоја смисла, на свои 30 години.
Е на 30 малку утре ќе ми каже некој како да живеам. :)
Епа чумo како што на нејзe и било обврска да му го мие газот кога бил мал,и да му ги пере ѓаќите до 30 години така и тебе ке ти биде обврска да ја почитуваш таа жена, и преку тасета ако не сакаш да ти командуваат на 30 години ако отидеш ти во туѓа куќа ти ке ги прифатиш навиките таму а не тие да ги прифаќаат твојте.Осим ако не ти купат татко ти и мајка ти стан за мираз па да не мораш да слушаш никого во спротивно ти си таа што си дојдена не другите.
 
Мене ако ми купат мајка ми и татко ми и него треба. Аналогно на газомиењето...
А, јас почитувам луѓе со изградени карактери, нелицемерни и одговорни, се друго, без разлика на титула, оди по вода. Кога бараш почит, треба да ја имаш прво ти кон другиот, се останато е лажна слика на сакање и почитување на "новата мајка".
 
Епа чумo како што на нејзe и било обврска да му го мие газот кога бил мал,и да му ги пере ѓаќите до 30 години така и тебе ке ти биде обврска да ја почитуваш таа жена, и преку тасета ако не сакаш да ти командуваат на 30 години ако отидеш ти во туѓа куќа ти ке ги прифатиш навиките таму а не тие да ги прифаќаат твојте.Осим ако не ти купат татко ти и мајка ти стан за мираз па да не мораш да слушаш никого во спротивно ти си таа што си дојдена не другите.

Блазе си и` на таа мома, пардон "чума змијосана", што ќе си пазари ерген кому мама му ги перела гаќите до 30 години. За такво воспитание, богами треба не само да ја слави, туку и биста да и` подигне. :):):)
 
Па колешкати од погоре самата рече дека границата е поместена на 30 години и сигурно никој сам не си ги пере ѓакитеи. Да блазесии на таа 30 годишна мома шо ке најде 30 годишен ерген тоа ке и биде премија пошо обично ако момата е на 30 години ергенот е на 45.50
Незнам само дали не сваќате или не можете да сватите,жена-сопруга е минлива категорија да ти роди и 10 деца таа тебе не ти е ништо, не ти е крв не ти е род. Од жена можеш да се разведеш од мајка татко брат сестра не можеш да се разведеш.
Зар еден пример има каде што после години и години брак се разведуваат мажот и жената и со деца и без деца, и тоа немој некој да ми рече дека за тоа свекрвите се криви кога знам многу повече случаеви на разведени кој што живееле сами отколку оние што се развеле а живееле во заедница со свекор и свекрва ( во некоја мера и омразата кон свекрвата и свекорот поише ги држат заедно мажот и жената ) и има и премажени и преженети арно ама до сега немам слушнато некој да се разведе од мајка му или татко му па после да си најде други татко и мајка или брат и сестра.
 
Па колешкати од погоре самата рече дека границата е поместена на 30 години и сигурно никој сам не си ги пере ѓакитеи. Да блазесии на таа 30 годишна мома шо ке најде 30 годишен ерген тоа ке и биде премија пошо обично ако момата е на 30 години ергенот е на 45.50

`Ко што велиш, така е, нема тука збор.
Де кажи, вака `ко за 30 годишна мома, уф вашето село по колку одат 45 год. ергени и колку е екстра процент ако сам си ги пере гаќите? :)
 
`Ко што велиш, така е, нема тука збор.
Де кажи, вака `ко за 30 годишна мома, уф вашето село по колку одат 45 год. ергени и колку е екстра процент ако сам си ги пере гаќите? :)
ко за триесет годишна мома нема никој,пошто ги гледаат како потрошена стока со виснати гзови и цицки,како јалова крава која само трошок ти прави без никакви добивки извини нема ништо за тебе овде и со процент и без,али ај некој удовец ке најдеме да не бидеш без ич, а може ли до 55 60 ?
--- надополнето: Jul 18, 2011 1:55 PM ---
Таман, 45-50 години, ваљда до тогаш ќе научи сам да си ги пере гаќите.

ВОВ леле колку интелигентно кој одговор ту туттутутутутутутутуттутутуту кај ти текна жити се ?
с изабегувате од темата трескајки глупости пошто фактите и вистината не ви паше али ај нека ви биде:pos:
 
abe [o ve gledam vo kakva kriza e Makedonija kaj ce imaat vreme da se karaat svekrvite i snaite
 
ко за триесет годишна мома нема никој,пошто ги гледаат како потрошена стока со виснати гзови и цицки,како јалова крава која само трошок ти прави без никакви добивки извини нема ништо за тебе овде и со процент и без,али ај некој удовец ке најдеме да не бидеш без ич, а може ли до 55 60 ?

Абе што е сега битно цицки/мицки, нели се согласивме дека најважно е свеки да се сака најмногу на свет. Има секој ден со песна да и` почнува. Ај кажи си сега цена, да знаеме за колку да те кандисаме кога ќе имаш 60 години, не за друго, да ја одмениме малку свеки, да не ги крева легените секој ден. :)
 
Pearl, барај и спецификација за "мама", да не отидеш неспремна па треба да те враќаат. :vozbud:
 
Ми здосади да им бидам судија, да им ја бришам крвта од под нос, да ги двојам и да им судам казнени...додека тенџерето преврива, чорапите смрдат, гаќите закоравени од изминатиот ден, недела, две, децата со виснат мрсул на носот, комшиите навиваат...
Се зезам де, приказните за снаите и свекрвите се најдобро нешто измислено, кое егзистира сеуште на балканов...него, што биднува со прикаските "баба" вс зет?
 
Ако е зетот домазет, може да биде многу интересно, голем сеир и забава за околината. Во некои краишта на Македонија, домазетот бил должен да го носи презимето на фамилијата каде што живее, т.е. презимето на својата сакана жена, и уште повеќе обожувана баба. Тоа што секојдневно ќе го ребри дедото само дополнително ќе ја подгрева кашата. Има и македонска поговорка : Гавранот е црн оти бил домазет.
Инаку, мислам дека помалку искри има на вообичаената релација зет-баба. Ако не живеат заедно се` се сведува на епизодно мрчење и по некоја четка од двете страни. Поинтересно е да е знае, како си поминува зетот со дедото :)
 
Има и македонска поговорка : Гавранот е црн оти бил домазет.
Инаку, мислам дека помалку искри има на вообичаената релација зет-баба. Ако не живеат заедно се` се сведува на епизодно мрчење и по некоја четка од двете страни. Поинтересно е да е знае, како си поминува зетот со дедото :)
интересна е, ја немам чуено...ми се гледа реална

се надевам дека младите ќе успеат да створат дом на страна од оној на родителот затоа што тоа е најдобро решение, но доколку не...се надевам нема до толкава мера да се смениме за да ги потврдиме овие приказни.

Жално е што како граѓани сме во незавидна положба заради односот стан-приходи (среќниците кои има ксмет блазесиму) па најчесто затоа и се случуваат вакви "окршаи код ок корала"...неколку генерации, различни секојдневни навики во едното и другото семејство се едни од причините за тие вообичаени чекори на усогласување преку расправии, замерки или нелагодна атмосфера. Инаку од секојдневието, примерите за домазет се многу поретки. Дали е до традицијата сопругот да обезбеди живеалиште, дали кај некои и до гордоста како мажи...сепак се доста поретки.
 
Навистина има секакви приказни и случки. Но се додека постои сфаќањето дека некој треба да командова и дека едната е побитна од другата ќе има проблеми. Особено ако се живее во заедница. Секоја треба да си го знае своето место и својата улога. Сопругата ако е нова во домот не значи дека треба да се третира како аутсајдер и дека треба да се прилагоди апсолутно на сите начини и правила во новиот дом, ниту пак значи дека сите треба неа да и се прилагодат затоа што е нова. Потребна е соработка од двете страни, промена на некои навики од двете страни и ПОЧИТ. Свекрвата не може и не треба да очекува послушност од снаата само затоа што таа е ем постара ем свекрва, снаата не е слугинка ни роб во новиот дом. Сепак најбитно е почитувањето на приватноста и НЕ МЕШАЊЕТО во бракот на младите затоа што тоа е фатално. Освен тоа и младите треба да постават граница до каде може да се влегува во нивната приватност затоа што ако снаата на секое оди кај мама или мажот за се ја прашува мама па прави се како шо ќе рече таа бракот нема иднина.
 
Односот снаа-свекрва е многу сложен. По правило, ако се заебат работите уште на почетокот, никогаш нема да се оправат.Најчеста причина за кавга е недоразбирањето.
Снаата е во тешка положба, зашто одеднаш добива многу нови улоги: таа е жена, снаа, золва,јатрва, мајка, домаќинка, готвачка... сака се да има одеднаш, а често тоа не е можно. Наеднаш гледа дека ниту бракот ниту мајчинството не е тоа што си мислела дека се.
Свекрвите најчесто не си го реметат редот, ерго, ако готват со маст, продолжуваат да готват со маст, готват само на евтина струја, перат кога има доволно алишта, а не само две маици со кои снаат треба да излезе.
Свекрвите се сеќаваат како се градела куќата, а снаата, вчера дојдена, одма сака да руши ѕид и да реновира половина куќа...

Најважно за мажот и жената е да се сакаат. Ако се сакаат, се ќе пребродат. Ако мажот ја сака жената, а знае каква е мајка му, тогаш нема да ја става жената во ситуација која ќе предизвика конфликт. Ако жената го сака мажот, ќе се потруди да ја истрпи свекрвата на неделниот ручек.
Најважно за свекрвата е да сфати дека синот пораснал и дека сега не е само син, туку е и маж и зет и татко...

Снаите не треба да заборават дека свекрата му е мајка на мажот и дека ниту една мајка не сака некој да и го напаѓа детето. Ако има проблеми, треба да ги расчисти со мажот, а не на свекрвата д аи вика: Како можеше да го родиш таков?!
Свекрвата исто така треба да сфати дека советите како снаата да го врти мажот се излишни. Ако таа можела, требало да го воспита и да го научи подобро.

За крај, станува збор за луѓе. Има луѓе што се терсене. Има ли некоја снаа или свекрва што е во добри односи со сиот свет, а само со свекрвата т.е. со снаата не е?
Нема. Некој што е дефект, дефект е. И со никој не се има. Ни со комшии, ни со пријатели, ни со снаа, т.е свекрва.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom