Епа и да има услови (за себе прво говорам) за сместување кај моите,а има почитуваниот мој сопруг не сака да биде ДОМАЗЕТ и токму тој проблем доага од традицијата дека секогаш невестата мора да оди кај момчето. Па јас и не би се согласила со тоа. Зошто? Бидејки кога сте веке заедно и едните и другите се ваши родители секако по нивната смрт се што имаат останува на децата.. а дали тогаш би отишле? Ако нему му пречи да живее со моите и тоа на различен кат со различен влез кој што нема никакви додирни точки еден со друг зошто пак јас би живеела со неговите родители во нивните 5 соби? Јас сум 5 години со него во брак и ниту еднаш не сум се почувствувала отфрлена од мајка му мислам немам зборови стварно ме прифати со сите мои маани и доблести ама и јас така ги прифатив нив. Е овде се меша традицијата и ретко кој маж би отишол да живее кај родителите на сопругата. Не гледам јас ништо лошо во тоа ама ние македонците си имаме некој менталитет некои сваќања кои понегокаш ни сами не си ги разбираме. И на крај краева па што ми е гајле што ке кажат луѓето битно е со сопругот убаво да ми е. АМА родителите на сопругот секако ке најдат начин вака или онака да ти плеснат во очи дека ,,таму кај мајка ти ке можеш да командуваш,, ма какво командување какви ѓаволи ,,волкот го менува влакното но не и карактерот,, така е и со лугето каков си таков си не е ни толку важно каде си. Најважно од се е според мене во семејството да владее љубов, почитување и взаемно разбирање. Се она останато не е ни толку важно.