Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Член на раководството напиша:
Касно се уклучив на овие дискусии.. сигурно го имаш решено проблемот но ме интересира :
Дали беше ламелата??

Јас ке ти одговорам:
Нема шанси да била ламелата, затоа што ако отишла ламелата, колата немала да има сила за да „влече” како што треба, а ке се движи. Ако била корпата (она на кое стои ламелата), тогаш нема воопшто да влегува во брзина, и нема да реагира на стискање куплунг (квачило). На 2000 км, ламела до толку да се изеде да не пружа ни минимум пренос, нема шанса.

Значи, дефектот или бил во врската од рачката до шалтерот, или како што рече Борг до полуосовината.
 
Член на раководството напиша:
Не прочитав предходни постови, пошто видов дата знаев дека не е актуелно повеќе, само ме интересираше

Е ако де, да си знаеш понешто. :)
 
ThA-BiTcH напиша:
Да.
Ништо не прави - како да е во лер колата. А се убацува во брзина
A da probas so vtora da trgnes?...so poveke gas i pobavno odpustanje na kuplungot.-Ako i vaka ne trgnuva, slepaj na servis odma
 
Хм...Ако земам Lada 1200 ќе ставам мотор од Lada Niva :)
 
Volkswagen напиша:
Хм...Ако земам Lada 1200 ќе ставам мотор од Lada Niva :)
Сеедно. Моторите се исти пасуваат на менувач, држачи и сл. Ама немој да мислиш дека ке оди повеќе којзнае колку (од нивата моторот е 1600 кубици 55 КW околу 70 коња). Треба а-тест да правиш, повеќе регистрација (пошо има појке кубици)... незнам колку ке ти биде исплатливо.
 
Garfield напиша:
А лада е срање кола.
Батка да не се вреѓаме. Сега можеби е срање, ама за тогашно време за Фичото, Москвичот, Запорожецот, Принцот (NSU), Трабантот... Лада и фиат 1300 беа како Мерцедес.
А за Струмикс мислам дека 2103 и 2105 имаат мотор 1300 кубици палењето му е со каиш, а 1600 ги ставаа само во Жигули 1600 (со 4 фара округли напред) и палењето им е со ланче.
 
BTW Мислев да најдам 1700 кубика мотор од Нива...80КС :) хехе
Добро и да е 70КС, деклата ќе ја спуштиме...компресија 11-12:1 ...ќе крени 90-тина коња, од стандардните 50-тина колку ги има...не се малце.
 
Volkswagen напиша:
BTW Мислев да најдам 1700 кубика мотор од Нива...80КС :) хехе
Добро и да е 70КС, деклата ќе ја спуштиме...компресија 11-12:1 ...ќе крени 90-тина коња, од стандардните 50-тина колку ги има...не се малце.
Тие што се 1.7 се инџекшн (има 1.7 со карбуратор ама нема разлика со 1.6). А за да ти работи инџекшнот фабрички има компјутер. Многу Ниви низ градот ги преправаат од инџекшн во карбуратор пошо тој компјутерот е скап (околу 200 евра а може и повеке, а ако малку влезе вода во него се расипува), а и плинскиот уред е поевтин за карбуратор. Абе луѓе за Лада се е евтино освен таа електрониката. Перките што ги има однапред на ладилникот Нивата (помеѓу маската и ладилникот стојат, 2 се и се многу тенки така да не пасува од ништо друго) за двете ми побараа 14.000 денари. Ви се верува?
 
Татко ми имаат на работа Lada Niva 1.7i и ако имаш видено низ градот со UNDP лепенки јас ја возам често :)) знам што срање се. Моторот СУПЕР им е...ама каросериски. Мада МАСТА и ја извадоа од возење и по терен и секаде ама...првата година веќе дебела корозија имаше (и има) на неа.
 
Еднаш на самиот почеток...
Онака...ставам во рикверц...отпуштам кумплунг...давам гас малце...нишо...како во лер...Ај мајката...гледам светат назад светлата...
Ја ставив во прва ...ни прва...ставив 4х4 и тргна...исклучив...си продолжи :) којзнае што беше...никогаш повеќе тоа не го направи.
Инаку редовна смена на се...2 години, 80000км...моторчето е камен како и подвозје...ама лимарија...леле мајко! Имат слушнато во Русија за пониклување на шасија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom