Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
еве update
ценовник:авто сервис Тале
Постов не се препорачува на оние со слабо срце,и не одговарам за последици:nesvest: :nesvest:
Предно сувозачко крило-120
Шофершајбна предна-300
Челен лим-35
Преден браник-350
Хладњак за клима-150
Хладњак за мотор-350
Вентилатор за мотор-285
Волан-250
Хауба-340
Капак за филтер за воздух-150
2 предни фара-со магленки-440
без магленки-360

сума сумарум 2770 евричи:kajg: :kajg:
 
Дали може некој да ми ја најде шемата од електрониката на Renault 19 Chamade?
 
Па ми горат осигурачите...ваљда појак напон ида
 
Ако ти горат осигурачите, значи некаде има нешто проблем во некој уред и треба да се види тој уред, и не би требало да ти треба шема од инсталацијата, а кога менуваш осигурач, не ставај појак, туку само пропишаниот. кажи на што конкретно ти гори осигурач и да се обидеме да помогнеме.
 
Па...вака, предните стакла се електронски и на левиот секогаш ми гори кога го кревам, на таблата кај што е километражата од сијалицичињата за осветлување осигурачот гори, почнаа позади светлата да прегоруваат, од радиото осигурачот гори...толку знам за сега. И дали некој знае зошто нонстоп ми светат светлата за рикверс?
 
За рикверцот, сигурно некаде маса фаќа. Реното кое го споменуваш е најверојатно турски производ. Инаку, од електрика не се разбирам многу, најди добар електричар и нека ти ги провери критичните места. Значи, моторот на стаклото, поврзувањето на радиото (таму имаш стандарден конектор), можно е некоја соголена жичка на маса да се фаќа, па пиши што си направил. Почекај и Мандрак да каже што има, он е повеке по праксата, и далеку најискусен по форумот со такви работи. Јас сум чепкал, ама малку.
 
Реното е француско не е од турските. Абе супер си беше се, сега имат 2-3 дена почна вака да зезат
 
Вака...
колата си работи се нормално, се пали, се вртат тоа обртаи или како и да се вика, ама не сака да тргне.
Што е проблемот?
Ај ве молам побрзо за одговор.
 
ThA-BiTcH напиша:
Вака...
колата си работи се нормално, се пали, се вртат тоа обртаи или како и да се вика, ама не сака да тргне.
Што е проблемот?
Ај ве молам побрзо за одговор.

стави ја у прва или смени го возачот :pos:
 
neo-geo напиша:
стави ја у прва или смени го возачот :pos:

Делува како да е во лер, ама се убацува во брзина. Нејќе да тргне.
 
Mozi da e spojnicata megu rackata i menjachot . Ili ti se iskinati zglobovite /pproslajfovani na poluosovinite:)
Dali se slusa nekoj zvuh?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom