"Убиството на Роџер Акројд" од Агата Кристи. Сум читала книги од Агата кои ми биле просечни (пример Убиство со огледала, Последниот случај на Поаро) ама оваа дефинитивно не е таква. Интересна е од самиот почеток сосема до крајот. Пишувана е во прво лице, од еден од сведоците на убиството, доктор. На моменти има хумор. Се работи за една вдовица која била уценувана поради тоа што го убила споругот. поради грижа на совест, таа врши самоубиство. Веднаш после тоа, се случува убиство и врз локалниот богаташ - Роџер Акројд, за кој сите претпоставувале дека ќе се омажи. Книгава нема шанси да ве разочара, има феноменален крај.