50 евра за плукање на улица!

  • Креатор на темата Креатор на темата Robbie
  • Време на започнување Време на започнување
Боље ќе метем улици навечер. Шема ќе бидем :):):)
 
Абе не се така лоши законите треба и ние да се научиме на општа култура, ама неможеме преку ноќ, треба бар некоја опомена прво да ти дадат па ако пак не го почитуваш законот тогаш да те казнат, зошто 50 евра за фрлена киншка е апсурд, така ако гледаме луѓето во Комуналец треба по 500 евра плата да земаат што ги чистат улиците.
Треба да има казни за вакви прекршоци ама четвртина од просечната Македонска плата за плукање не ми е баш логично.
 
Сеа коа си идев од школо, видов една жена и полицаец се расправаа нешто...
овој и бараше податоци да ја запише затоа што ПЛУКАЛА НА ЈАВНО МЕСТО :vozbud:
 
Законот ќе биде успешен ако се применува..Се надевам Законов ќе допринесе за почиста еколошка средина која ни оди во прилог на сите граѓани..Епа сега казните се големи,за да не те казнат, нема да фрлаш ѓубре на улица...Оди некаде во Европските земји, плукни на улица и ќе видиш сите околни минувачи како ќе те погледнат со гнасење..
 
Работава е:

„Повеќе не пијам, не пушам и не пцујам“
„У пичку мајчину, ми падна цигарата в пиво“.

Сега демек јаки сме, ќе го спроведвиме, за месец дена по старо. Да им однесам јас в станица слика кај шо двајца цајкани поминвет улица на црвено, шо ја сликав јас, па да ги казнет? Бог да чува и Бранко да брани.
 
Само нека се стават многу повеќе корпи за отпадоци, и нека се поправат веќе постоечките кои воглавно се скршени, и ако треба и 200 евра нека ја направат, не 50.
 
Како бе луѓе кога сме во странство негде можеме да ги почитуваме,а?Е,ај неколку пати нека те казнат,или неколку пати да метеш улици,па ќе видиме тогаш дали ќе се фрла и плука по улица
 
Сељјациве се бунат на темата, срамота. Шо сакавте вие и да ве остават да мочате кај што ке стигнете???
 
samo kazna be, ne 50e tuku 500e za prostaci zs koga se nadvor od mkd se ponasaat kako sto treba a tuka kako ovcari,taka be alal da im e:kesa:
 
Вакви закони имало за време на Краљева Југославија...И тогаш не се ударало по џеб,туку по грб за вакви работи...И нормално луѓето имале поголема свест...Ама тоа ти е...Балкански менталитет,стока народ...Се сложувам со законот...А за ѓубрето надлежните органи ќе треба повеќе да се заангажираат и се ќе биде тип топ...Ама со ваков народ како што сме ние ќе треба малку време за да профункционира...А исто така во почетокот треба да се постапи построго...За да има ефект...:smir:
 
законов е супер. и очигледно оти додека профункционираат луѓето според него ќе се соберат доста пари. е сега тие пари одат во буџетот. ама треба одма да се користат пак за народот, да се стават повеќе корпи, па за рециклажа да бидат, па дрвца, ваму-таму ептен да се уреди македонијава и да заличи како што треба. а не од тие пари, пола да бидат за незнам таму што непотребно, а пола за в џеб.
 
Се додека не се среди тоа со ѓубриштата насекаде расфрлани, еден контејнер на 3 згради шо двапати месечно го празнат, околу него расфрлано па се насобрале циганине рошкаат внатре, овој закон со плукање го сметам за срање! Тоа со плукањето е повеќе до култура, и да плукнам да не ме виде никој не ќе остане трага голема, а да фрлам ѓубре и пак никој да не ме виде во моментот, тоа останува и го грди местото.
 
А дали знае некој за шлајм дали се доплаќа на тие 50 евра и дали има попуст на казната ако двапати плукнеш и еднаш исекнеш нос??? лол
 
Кажаа за еден ден, дека собрале 25 000 евра...ама мала дигресија од темава- а за просјаците што питачат, ќе имало казна од 2000 евра, тој 50ден. не може да собере за еден ден а не па да плати 120 000, ај жити се.
 
јас се согласувам со законот:pipi:конечно:pipi:едвај чекав ваков закон.Ми се смачи да гледам како сите надвор од Македонија се Европејци а во неа простаци.
Единстевно нешто што ни фали ни се повеке канти ама ке се среди и тоа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom