5 причини зашто да купите Караван кола! И најубави модели до 4000 евра

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Супер тема, браво за креаторот. Убава дискусија. Јас бев во план баш да купам, но ми испаднаа планови околу станот и прекинав. Ама да се средам малце и за 2-3 месеци ќе земам.

Kaраван и те како е убава работа. Особено поштувам ако е во димензии како и кај седан верзијата. Како што е тоа кај бмв 3 пример.
На големите каравани не сум љубител.

Чичко ми има веќе 10 години Oпел Астра караван. Нешто подоцна Исто и син му( братучедот ми) зема караван бмв 3 е46. Од братучедот ми дојде и мене идејата да земам едно бмв 3 и да го средам убаво со фелни. За мали пари под 4000 евра ќе возам кола.

Чичко ми и братучедот не работат со нив, туку си ги возат фамилијарно, но кога им треба да пренесат нешто не се замара и сеќира со простор. Имаат викендица во Маврово и кога ќе оди натаму си става се во гепек, и завршено.

Минатиот месец отидоа на скијање. Си ставија скиите, сноуборд даската стапови опрема, велосипед , ранци торби, поликолор за кречење, сакал да кречи четка итн.
Дека наоѓаат примена и кај обичните луѓе се сложувам. На секој некогаш ќе му затреба плус простор, Мене пример во аудито ми фали доста често, па и јас помислувам следната кола да ми биде бмв 3 е46 од редизајн моделите после 2002 или Џип Шевролет Каптива.
Но Џипот е скап, па немам толку буџет во мене и сепак на крај ќе одам со бмв 3 редизајн моделот.

Би се сложил со авторот дека Бмв е46 убаво изгледа. Мене на братучедот бмв караванот повеќе ми се допаѓа од седан, незнам дали дека овие седан ги има многу па веќе ми се досадни. Караванчето на Бмв е стварно убаво стокмено и ми изгледа поубаво. Пробав да го возам и не ни приметив дека возам караван. Влече убаво, убаво изгледа. Братучедов кај Роби во Тетово какви јаки фелни најде за 250 евра сосе гуми. Го направи бомбона. За Бмв дечково од Тетово има и од пиле млеко, и уопште не е скап.

Инаку каравани се возат доста низ скопјево. Погрешно кажа некој дека нема.
Еве баш сум приметил кога сум се возел по градов, дека Опел Астри ги има многу, a и пред некое време кога ми остана во дефект колата се возев во два такси рено меган каравани во исти ден. И Киа Цеед исто сум приметувал многу, Ауди а4, пасати, бмв 3 и сигурно уште некој имам заборавено.

Дека сум сериозен во намерата и бев одлучен да купам ги погледнав овие две бмв 3 пред 2 недели,

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3171487
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3166056
И двете димеа на шипка. Отпосле прочитав дека 320 D има проблем со хладњакот и губи вода и уље па и од таму димењето, и да се земе 318 D, 330D или некој бензинец.
Затоа гледам има врска и цената. 318 и 330 одат многу поскапо, а 320 се поевтини за 700-800 евра па и више.

Овој со 330 ми изгледа евтино, но пишал 2003, а има од старите фарови, пред редизајнот. Изгледа ја згрешил годината :)
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3201354
Јас имам 320д е46 седан и не дими не троши уље и вода ... менувано е дихтунг на капаче горе и казанче за антифриз тоа пука од старост

Неможеш да кажеш генерално дека 320д имаат проблем ... ако е за тоа 318д е истиот 2000 кубика мотор со помалку коњи
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Мој совет,земи си француски караван,поточно Рено Лагуна 2 после 2005(редизајнот),моторот да биде 1.9 DCi 120-ка или 130-ката,најпогодени се
Простор,комфорни седишта со лумбална подршка,огромен багажник,солидни возни својства,само држи ги чисти сензорите и користи квалитетно уље и ќе немаш проблем,јас сум задоволен од колава,посебно мала потрошувачка има на отворен пат а грбот не те боли и после повеќечасовно возење
 
Attachments

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Мене и стари коцкести каравани како Волво ми се доста симпатични. Не би рекол дека малце се возат каравани кај нас, попрво би рекол дека повеќе се користат за работа и на луѓе што поминуваат долги релации.

Друго зависи од модел, но често караван изведба не е поголема од седан изведба, или пак тоа е незначително. Многу попрактично за луѓе на кои им треба простор.

Моментално не би земал караван затоа што хечбек ми поприкладен по потребите. За во иднина којзнае...
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Супер тема, браво за креаторот. Убава дискусија. Јас бев во план баш да купам, но ми испаднаа планови околу станот и прекинав. Ама да се средам малце и за 2-3 месеци ќе земам.

Kaраван и те како е убава работа. Особено поштувам ако е во димензии како и кај седан верзијата. Како што е тоа кај бмв 3 пример.
На големите каравани не сум љубител.

Чичко ми има веќе 10 години Oпел Астра караван. Нешто подоцна Исто и син му( братучедот ми) зема караван бмв 3 е46. Од братучедот ми дојде и мене идејата да земам едно бмв 3 и да го средам убаво со фелни. За мали пари под 4000 евра ќе возам кола.

Чичко ми и братучедот не работат со нив, туку си ги возат фамилијарно, но кога им треба да пренесат нешто не се замара и сеќира со простор. Имаат викендица во Маврово и кога ќе оди натаму си става се во гепек, и завршено.

Минатиот месец отидоа на скијање. Си ставија скиите, сноуборд даската стапови опрема, велосипед , ранци торби, поликолор за кречење, сакал да кречи четка итн.
Дека наоѓаат примена и кај обичните луѓе се сложувам. На секој некогаш ќе му затреба плус простор, Мене пример во аудито ми фали доста често, па и јас помислувам следната кола да ми биде бмв 3 е46 од редизајн моделите после 2002 или Џип Шевролет Каптива.
Но Џипот е скап, па немам толку буџет во мене и сепак на крај ќе одам со бмв 3 редизајн моделот.

Би се сложил со авторот дека Бмв е46 убаво изгледа. Мене на братучедот бмв караванот повеќе ми се допаѓа од седан, незнам дали дека овие седан ги има многу па веќе ми се досадни. Караванчето на Бмв е стварно убаво стокмено и ми изгледа поубаво. Пробав да го возам и не ни приметив дека возам караван. Влече убаво, убаво изгледа. Братучедов кај Роби во Тетово какви јаки фелни најде за 250 евра сосе гуми. Го направи бомбона. За Бмв дечково од Тетово има и од пиле млеко, и уопште не е скап.

Инаку каравани се возат доста низ скопјево. Погрешно кажа некој дека нема.
Еве баш сум приметил кога сум се возел по градов, дека Опел Астри ги има многу, a и пред некое време кога ми остана во дефект колата се возев во два такси рено меган каравани во исти ден. И Киа Цеед исто сум приметувал многу, Ауди а4, пасати, бмв 3 и сигурно уште некој имам заборавено.

Дека сум сериозен во намерата и бев одлучен да купам ги погледнав овие две бмв 3 пред 2 недели,

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3171487
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3166056
И двете димеа на шипка. Отпосле прочитав дека 320 D има проблем со хладњакот и губи вода и уље па и од таму димењето, и да се земе 318 D, 330D или некој бензинец.
Затоа гледам има врска и цената. 318 и 330 одат многу поскапо, а 320 се поевтини за 700-800 евра па и више.

Овој со 330 ми изгледа евтино, но пишал 2003, а има од старите фарови, пред редизајнот. Изгледа ја згрешил годината :)
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3201354
Види го ова
http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3205395
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Каква добра понуда.
Се сложувам, ако моторот е дoбар ценава е лотарија за 318д. Facelift модел. Мотор кој издржува многу.
Па макар имала и ситници околу неа. Џабе цена.

Се наоѓаат повремено вакви добри огласи. На мобиле.де оваа цена одат
А каде е зелен картон, регистрација, сервис. Џабе цена стварно.

Парите од картон и сервис неможе да си ги поврати, ама битно е оној што ќе купи нема да дава пари по тие работи, и ќе истера барем еден одмор до Грција кога веќе го има зелениот.

На колава и фалат само бандажи 17-18 и има да изгледа авион.
Овие се веројатно 15 или 16 и ги ставаат за зимска сезона.
Треба да се праша човеков дали има и друг пар бандажи.

Да проба да му се спушти уште некое евро мада и ова е живо џабе.
И некој ќе земе убав автомобил.
Делови има на секој ќош, дизајн има, мотор погоден, потрошувачка добра,
Што повеќе треба..
@Torte Mobile Кастро ти должи кафана за предлогов
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.663
Поени од реакции
38.846
330ките се многу поубави, нема што нема од опрема, само штета што толку скапа е регистрацијата
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
update конечно по неколку sвонења се договорив со човекот и бев да го видам бмв-то.
по предлог на @Torte Mobile И како што стално ми се случува. Кога имам пари кола убава неможам да најдам, кога немам пари наидувам на убаво ауто за добра цена.

Бмв-то не се споредува со оние претходно 2 што ги гледав. Отпад беа тие. Ова е стварно чувано и со еден куп документи за сервис.
Не оставил ништо на случајот човеков. Се сакал да му биде цакум-пакум.
Вели го возел надвор и не му се ризикувало

Има крило кое треба да се среди бидејќи фатило малку рѓа, но човекот не секал да го фарба па купил цело друго,
Моторот, менувач и каросерија се во идеална состојба. Не се слуша како работи.

Не очекував искрено дека ќе наидам на вака сочуван примерок, после оние кои ги видов предтоа. Ќе гледам да се снајдам за пари и да го земам. Па ќе пишам тука да се пофалам.
 
Браво упорноста се исплати. Јас го барав 2 пати вчера, но не го добив. Mу sвонат изгледа многу или нешто друго е проблем. Но ценава е сомнително ниска ако е во таква состојба како што велиш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Мене ми е сомнително поради цената, a имa уште еден оглас кој му е промовиран. :cautious:

Ако е ептен зачувана, уредно сервисирана и одржувана како што пишува и без оглас ќе си најде купувач и ќе ја продаде за 3800-4000 евра, а не под 3000 евра.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Не му е сомнителна цената за караван тоа е
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Не му е сомнителна цената за караван тоа е
За 318d facelift супер е цената. 320ките се добри пред редизајн. После не ги сакаат ич. Немора да значи дека секоја нечини туку дека не е баш погоден модел.

Инаку човеков не била негова колата. Дал Багер некој во размена, и му го дале бмв и пари, а сервисите ги правел претходниот сопственик. Ова вака по телефон како што ми кажа.
Ете поради што е евтина цената. Јас прво се посомневав поради тоа што никој не се јавуваше, но испадна дека е во ред работата. Типот бил постојатно надвор од Скопје и беше доста коректен.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ајде па сега не е негова, а во огласот што му беше промовиран и денес избришан пишуваше најубавото и најзачуваното BMW во МКД
Не знам мене ми е сомнителна и сите што нагласуваат дека се е во ред, значи нешто не е. Најубавото и најзачуваното BMW дадено во размена за багер.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
K

kicodarker

Гостин

Сега сфаќаш како успеаа сите канти да ги довлечкаат во МКД и да ги продадат? Наивен и глуп е едно исто Македончето и двете.
Истава ситуација пред неколку месеци малку примакедонски пријател запнал имало Ауди а4 во Куманово абе цена багатела човекот домаќински го чувал сервис комплет и типично "ќе одел странство и ме се враќал" па го продавал ефтино. Аудито си седи вгаража со дефектен мотор.[DOUBLEPOST=1552915047][/DOUBLEPOST]И да ја надополните 6тата причина која уствари е прва да земиш караван - таксист си.
За мене најубави коли се француските во однос на дизајнот и комфорот а .dci и .blue hdi моторите од страна на дизелите и pure tech на Пежо воопшто не се за потценување.
Рено Меган - караван има одличен дизајн. Пежо 308ката исто така.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сега сфаќаш како успеаа сите канти да ги довлечкаат во МКД и да ги продадат? Наивен и глуп е едно исто Македончето и двете.
Истава ситуација пред неколку месеци малку примакедонски пријател запнал имало Ауди а4 во Куманово абе цена багатела човекот домаќински го чувал сервис комплет и типично "ќе одел странство и ме се враќал" па го продавал ефтино. Аудито си седи вгаража со дефектен мотор.
Или кога ќе пишат за некоја кола стара 10 години и увезена од Германија со поминати 200.000км мислиш тој претходниот сопственик само во гаража ја има чувано. Тој во Германија со таа кола секој ден има идено на работа и ја има возено во просек дневно по 100км.
Кола само од некој прв сопственик кој знаеш како ја вози и одржува и никако лажење по такви огласи во кои се и свашта нагласуваат, а тоа што го пишуваат не е вистина. Не е ударана, значи добро маскирана.

Домаќински чувана ретко кој ја става на оглас и прво ја нуди на роднини, пријатели, познаници итн.

Оваа 16 години стара 190.000км абе ај. :)

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom