Никогаш нема да знаиме колку имало Македонци во Античко време, али ако знаиме од историјата дека во 358 ПНЕ Вкупно Македонската војска броела околу 35.000 војници 30.000 пешаци како и 4.000 коњаници кои Филип ги кренал во војната против Бардил како и околу 31.000 (30.000 пешаци и 1.000 коњаници во 334. Во двата случаеви се работи за мобилизирана војска, за војна, Значи направени се максимални напори за собирање на војска.Ако претпоставиме дека е секој 4ти маж военоспособен земен, ќе дојдиме до бројка од некои максимални 150.000 мажи военоспособни. Ако додадиме на тоа уште толку воено неспособни (премлади или престари) имаме цифра од некои 300.000, ако додадеме ист број на жени, значи населението не преминувало бројка од 600.000 Македонци. Е сега еден век попосле сигурно околу 200 ПНЕ бројката била слична или дури и помала (со губитоците на военоспосбните мажи од во честите војни, ќе видме дека 150.000 продадени во робови и веројатно толку избегани од Римјаните (раселени) и незнаен број на убиени....... се повеќе од пола население. Историјата ги забележала следните племиња кои во одреден период дошле на овие простори. Некои од нив упаднале и заминале, некои останале, основале населби, се измешале со локалното население, некои останале самостојни.... Дарданци, Девиропи, Десарети, Пелагонци, Пеонци, Бисалти, Дантелаги, Бистони, Дерони, Едони, Кикони, Корпиоли, Крестони, Келти, Меди, Одонати, Орекси, Сапеи Сатри, Синти, Трибали, Теоси, Одриси, Скордисци, Мени, Визготи, Хуни, Березити, Вајунити, Велегезити, Драгувити, Езерци, Милензи, Рихини, Сагудати, Смољани, Струмјани, Бугари, Печенеги, Кумани, Власи, Саси, Татари, Черкези, Роми, Турци, речиси 50 племиња, народи, кои историјата ги забележа, плус некои кои јас или историјата не ги забележа. Инаку имаше забелешка со која учителките во основно ни кажуваа дека словените со сламки го преминаа Дунав... тоа е неозбилно да се зема дека на тој начин дошле нашите претци овде. Тоа беше само еден дел од нивната воена тактика како да преминат некоја река иако и јас не верувам многу во тоа, али ајт... инаку од 5-ти век па до 11сти траело населувањето на Словените, тие не дошле овде во некоја воена наезда па да упаднат или пљачкосуваат тие иделе, се населувале основале населби, сееле, орале, одгледувале добиток, се ширеле, надојдувале. 5 века траело населувањето, 500 години ехеееј, америка за 200 години се сторе 300 милиони и нема скоро трага на Индијанците, Австралија за 150 години се насели, така да нека не ве чуди бунат сличните настани и процеси на овие простори. Денес зборуваме словенски јазик, населбите, планините, реките... повеќето носат словенски називи, а тие кои ги задржале старите антички - нам не ни се блиски ниту значат нешто, традициите ни се словенски, митологиите се словенски..... Тоа е словенизирани микс на повеќе народи меѓу кои и антички македонци но во некои далечни траги. Ако има некој овде кој можи да си го докажи родословието уназат 2500 години , би сакал да го чујам.