Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој има информација за плаќање преку банка за лет?
Во случајов, резервирав лет во петок и платив преку Комерцијална Банка 30 минути подоцна, а еве понеделник сме и сеуште немам добиено потврда дека уплатата е примена.
Бројот кој е назначен како контакт за Македонија ( 059030440 ) ми дава можност за бирање на кој јазик да правам муабет, но нема македонски (има српски, англиски, бугарски, шпански, италјански, германски ...), па не знам ни дали би можел тој контакт центар да ми каже. Btw, бројот е достапен само од мобилен.

Почекај 7 дена бар, ќе биде. И јас долго чекав на крај се јавив, дечкото провери и после 30мин ја имаше уплатата. Нека не те фаќа паника
 
Дали некој има информација за плаќање преку банка за лет?
Во случајов, резервирав лет во петок и платив преку Комерцијална Банка 30 минути подоцна, а еве понеделник сме и сеуште немам добиено потврда дека уплатата е примена.
Бројот кој е назначен како контакт за Македонија ( 059030440 ) ми дава можност за бирање на кој јазик да правам муабет, но нема македонски (има српски, англиски, бугарски, шпански, италјански, германски ...), па не знам ни дали би можел тој контакт центар да ми каже. Btw, бројот е достапен само од мобилен.
Колку провизија ти земаа?
 
Ме интересираат неколку работи за кои се надевам дека ќе добијам соодветен одговор од Ваша страна.

1. На кој начин се уплаќа билетот? Дали тоа оди преку ПејПел или директно може преку картица?

1.2 Бидејќи картицата и ПејПел-от гласат на името на Брат ми - Дали имаат опција при купување да се наведе името за кого е наменет билетот? (Во овој случај јас)

2. Кога купуваш карта, како ќе имам доказ дека е купена и од каде ја подигам?
Работата не е да уплатам билет и да отидам на слепо на Аеродром па да ми се згазат од смеење тие на проверка на билетите. (Во стил: Ја уплатив преку Интернет, а карти нема. :) )

3. Како се превзема „бординг пас“?

Нешто ми беше објаснето но не разбрав како што треба.

Благорам на Вашата помош.
 
може преку кредитна картица,важно е да ги наведете личните податоци на лицето кое патува,на емаил адресата што ќе ја наведите ќе добиете потврда дека е уплатено,14 дена пред летот можете онлајн да направите бординг пас кој ќе морате да го испечатите и со него на ден летот одите на checkin аеродром.Иначе карта нема,бординг можеш и на аеродром но таму кошта оклолу 10 евра екстра.овде имаш подетално http://wizzair.com/mk-MK/Search#tab2
 
Stefus Corp. / Џиги Миги Ви благодарам на Вашето одвоено време и Вашата несебична помош!

Поздрав!
 
Здраво на сите
Сакам да ве прашам дали знаете каде имаат канцеларија Wizz air во Скопје. Имено во неделата мајка ми од Дортмунд сакаше да се врати во Скопје и летот беше прекасно откажан. Пишуваше дека наместо во 20.20 ќе тргне во 20.35 а веќе во 21.30 им кажаа на сите дека нема никаков авион, да си ги земат куферите и да го напуштат аеродромот.
Па отидовме до шалтерот на аеродромот на wizz и се оградуваа од секакви информации. Немаа поима за ништо.
Па дали освен телефонот што го има за wizz знаете каде има канцеларија да се иде лично да се жалиме?
Доколку има некој сличен проблем/искуство нека го сподели.
Ве поздравувам.
 
Еве овде пишува дека летот бил откажан и дека може повторно да букира друг лет за без пари или ако не сака повеќе да патува, ќе и ги вратат парите

http://wizzair.com/en-GB/Rebooking?path=useful_information/cancellation_information

треба да се пополни формулар за да ви се вратат парите.

Инаку не знам дали Виз имаат канцеларија во Скопје
 
Како може да откажат лет во последен момент? Катастрофа.
А пред неколку недели една другарка која леташе од Дортмунд за Скопје со ВизАир дознаа на аеродромот неколку часови прет полетување дека летот е пренасочен на друг аеродром (Падерборн) кој е оддалечен отприлика саат време од Дортмунд. И сите мораше да одат таму.
 
Слободно поднеси пријава против нив и можеш да добиеш оштета.Еве ти линк прочитај како се прави тоа и поднеси веднаш!
http://caa.gov.mk/42/Patnici.html
 
Немаат канцеларии на аеродромите. На секој аеродром постои локална ground handling компанија која не се замара премногу. Ако на шалтерот не знаат да помогнат, треба веднаш да се пријави на веб страницата и да го пребукира билетот бесплатно. Има и алтернативи како јавување во центарот за поддршка на корисници. Благодарам за полезниот пост.

Како може да откажат лет во последен момент? Катастрофа.
А пред неколку недели една другарка која леташе од Дортмунд за Скопје со ВизАир дознаа на аеродромот неколку часови прет полетување дека летот е пренасочен на друг аеродром (Падерборн) кој е оддалечен отприлика саат време од Дортмунд. И сите мораше да одат таму.

Повеќе би сакал да слетуваат и полетуваат во магла или на заледена писта, во услови кога ни германските автобуски компании не возат поради заледени коловози? Се надевам дека си среќен што некој друг сепак се грижи за безбедноста на патниците. Размисли малку пред да осудиш.

Биди благодарен што рерутирањето е организирано и што се мисли на патниците. Многу компании едноставно би го откажале летот назад.
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 09:24 ---
Слободно поднеси пријава против нив и можеш да добиеш оштета.Еве ти линк прочитај како се прави тоа и поднеси веднаш!
http://caa.gov.mk/42/Patnici.html

Не важи за ситуации кога има влијание од Виша сила, на пример невреме.

Линкот е добар за ситуации кога компаниите своеволно откажуваат или пребукираат летови и поради тоа се губи летот.
 
Фала многу на сите. Ќе пишам накусо какви ќе бидат исходите од работава.
Форумски поздрав
 
Најдобро прво земи поднеси complain на самата страна на Wizzair сепак тоа е првиот чекор. Сигурно ќе ти одговорат и ќе надоместат некако.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom